Марко Безеки од Италија е победник на денешната трка во Мото ГП која се возеше на патеката Ле ман за ГН на Франција. По многу излетувања и незгоди, на крајот само 13 мотоциклисти успеаја да ја минат целната рамнина.
Второто место на подиумот беше резервирано за уште двајца возачи на Дукати – Хорхе Мартин кој заврши со заостанување од +4,256, а трет на „домашната патека“ беше Жоан Зарко со заостанување од +4,795.
Ова беше јубилејна 1000-та трка во историјата на Мото ГП шампионатот, а воедно беше најгледаното Гран при во историјата.