Author: saso

Левиот бек на РК Партизан, Стефан Петриќ, е на чекор до преселба во редовите на двократниот европски шампион Вардар, пишуваат српските медиуми. Контактите меѓу скопскиот гигант и играчот на белградските „црно-бели“ биле воспоставени пред неколку недели и по се изгледа, Петриќ ќе се пресели во Скопје на стартот на новата сезона. Договорот на Петриќ со Партизан истекува во јуни, а за неговите услуги интерес има и од португалски Порто. Стефан Петриќ е син на екс репрезентативецот на Југославија и поранешен ракометар на Вардар, Владимир Петриќ, кој го носеше дресот на нашиот тим четири години.

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи објави дека ќе стави крај на својата кариера на крајот од следната сезона. 36-годишниот фудбалер зборуваше на каналот на „Бјанконерите“ по повод 500-от настап во тимот на „Старата дама“ и токму тогаш ја објави веста.  „Кога ќе се повлечам од фудбалот на крајот на следната сезона, ќе дојде крајот на ерата на одбранбен стил на игра. Прашање на гордост е да се биде меѓу најголемите. Се надевам дека многу идни дефанзивци ќе не гледаат како луѓе кои ќе бидат нивните идоли“, рече Бонучи. 

Read More

Силниот и пороен дожд во Италија предизвикаа проблеми за одржување на претстојната трка во Формула 1 која е закажана викендов на патеката Имола. Според информациите, обилните дождови предизвикале излевање на реката и големи поплави во тој регион. Екипите се подготвуваат за следниот викенд во Емилија Ромања, но поради лошото време евакуирани се сите лица од објектот на патеката и самото одржување на трката може да се доведе во прашање. Засега нема официјални информации од организаторите.

Read More
NBA

Кошаркарите на Денвер поведоа со 1:0 во финалето на Западната конференција на НБА лигата, откако синоќа ги совладаа ЛА Лејкерс со 132:126. Никола Јокиќ во победата на Денвер го забележа шестиот трипл-дабл во овосезонскиот плеј-оф со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции, а забележа и две блокади. Џамал ​​Мареј иако беше болен, настапи и постигна 31 поен за домашниот тим, со пет скока и асистенции. Ентони Дејвис беше најефикасен во тимот на ЛА Лејкерс со 40 поени и 10 скока, а Леброн Џејмс беше на една асистенција до трипл-дабл со 26 поени, 12 скока и девет асистенции. И вториот…

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, проговори за испаѓање од Лигата на шампионите. „Ги пропуштивме првите 15 минути од првиот натпревар, но погрешно е да се зборува за Разочаран сум, тоа е неизбежно, бидејќи нашиот пат да стигнеме до финалето ќе беше нешто неверојатно. Неуспехот е големо разочарување, оваа сезона е потешка отколку што мислевме, но не научи многу. Ако сме објективни, тешко е да се зборува за неуспех. Испаѓањето во полуфиналето во дербито е разочарување, но можеме да започнеме од почеток со поголема самодоверба бидејќи темелите се силни“, рече Пиоли.

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по вчерашната победа над Милан и пласманот во финалето на Лигата на шампионите изјави дека се уште не се свесни што направија. „Во следните неколку дена сите ќе сфатиме. За нас првично ова беше сон, но секогаш верувавме во него. Дојдовме на неверојатен пат. Победа во полуфиналето, победа на дербито и тоа во еден голем стил, што сите не прави среќни. Ми се допадна се и вечерва. Како трчавме, како игравме со агресија, концентрација. Имавме четири дербија од јануари до вечерва и ги добивме сите четири. Тие се шампиони на Италија, имаат многу квалитетен тим,…

Read More

Во саботата во Скопје се одржа вториот Меѓународен турнир во Џудо “Скопје Опен” – 2023. На овој турнир учество зедоа околу 250 џудисти од 25 клубови од 8 држави: Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија, Грција и Молдавија. Џудо клубот Сеишин-Прилеп настапи со 25 џудисти, а успеа да освои дури 19 медали (4 златни, 7 сребрени и 8 бронзени). Резултати поединечно: Помлади Пионери-ки: 1. Софија Ѓорѓиоска 1 во место 2. Јана Ангелевски 1 во место 3. Матеја Николоска 2 ро место 4. Илиоски Димитар 2 ро место 5. Марио Конески 2 ро место 6. Владан Стрезовски 3 то место…

Read More

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, доби пригоден подарок од својот клуб Динамо (З) за верноста и одиграните 100 меча во дресот на загрепскиот тим. Вчера пред почетокот на натпревар од последното коло во хрватскиот фудбалски шампионат против Шибеник, нашиот фудбалски репрезенативец доби посебен врамен дрес со бројот 100, како потврда за влезот во „Клубот 100“ на „Максимир“.

Read More

Маурисио Покетино во текот на оваа недела ќе го потпише договорот со Челзи и официјално ќе почне да го подготвува тимот за следната сезона. Според информација на „TalkSport“, договорот за кој веќе двете страни си подале рака е во времетраење од три години. Иако официјално нема да ја преземе менаџерската функција до крајот на сезоната, Покетино веднаш ќе почне да работи на неговата реконструкција.

Read More

Фрустрираниот менаџер на Арсенал, Микел Артета им се извини на навивачите по поразот од 3-0 на домашен терен од Брајтон и им стави крај на надежите за титулата во Премиер лигата. Сити би можел да биде шампион во сабота навечер ако Арсенал загуби од Нотингем Форест. „Навистина различно чувство од чувството што сите го имавме минатата недела. Денес е сосема спротивното. Мораме да им се извиниме на нашите навивачи. Втората позиција е сигурна. Тоа нема да се промени. Во моментов сум фрустриран. Чувството дека го подаривме натпреварот во второто полувреме е лошо“, вели Артета.

Read More