Кошаркарите на Денвер поведоа со 1:0 во финалето на Западната конференција на НБА лигата, откако синоќа ги совладаа ЛА Лејкерс со 132:126.
Никола Јокиќ во победата на Денвер го забележа шестиот трипл-дабл во овосезонскиот плеј-оф со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции, а забележа и две блокади. Џамал Мареј иако беше болен, настапи и постигна 31 поен за домашниот тим, со пет скока и асистенции.
Ентони Дејвис беше најефикасен во тимот на ЛА Лејкерс со 40 поени и 10 скока, а Леброн Џејмс беше на една асистенција до трипл-дабл со 26 поени, 12 скока и девет асистенции.
И вториот натпревар се игра во Денвер ноќта меѓу четврток и петок.