Суперѕвездата на НБА лигата, Леброн Џејмс ќе размисли дали да и стави крај на својата играчка кариера по синоќешната елиминација од Денвер во финалето на плеј-офот на Западот со максимални 4:0. Според извори на доброупатените „Bleacher Report“ и “TNT“, 38-годишниот кошаркар ќе има „многу да размислува“ пред да ја донесе конечната одлука. Леброн има уште две години од 97-милионскиот договор со ЛА Лејкерс, со опција за последна сезона. Тој влезе во својата 20-та сезона во НБА лигата и прашање е дали ќе ја почне и 21-вата на есен. „Имам многу за размислување… Кога станува збор за мене лично и за…
Author: saso
Одземањето на 10 бода од контото на Јувентус практично доведоа до пласман на Лацио во Лигата на шампионите. Откако Јувентус остана со 59 бода, паднаа на 7. место на табелата, а како резултат на оваа одлука, Лацио на Маурицио Сари стана втор со 68 бода. Само два тима имаат можност да ги престигнат на табелата: Интер (66 бодови) и Милан (64). Тоа практично нема да смени ништо за Лацио, кој влегува во ТОП 4 и уште од сега ќе може да размислува за настапот во најсилното европско клупско натпреварување.
Кошаркарите на Денвер се првиот учесник во големото финале на НБА лигата, откако на гостински терен ноќеска го победија ЛА Лејкерс со 113:111 во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција. Со оваа победа Денвер го „збриша“ тимот од Калифорнија со експресни 4:0 и си завери место во битката за титулата. Во победата на Денвер, Јокиќ го постигна својот осми трипл-дабл во плеј-офот оваа сезона, соборувајќи го рекордот поставен од Вилт Чембрлен во 1967 година. Српскиот играч забележа 30 поени, 14 скока, 13 асистенции, три блокади и една украдена топка. По натпреварот му беше доделен трофејот „Меџик Џонсон“ за најкорисен…
Англиски Њукасл за првпат по 20 години ќе игра во Лигата на шампионите. Тренерот на тимот Еди Хау синоќа ремизираше со Лестер (0:0) во 37. коло од шампионатот во Англија и успеа и математички да обезбеди место кое води во ЛШ. Њукасл се квалификуваше за главниот турнир во Лигата на шампионите за првпат по сезоната 2002/03. Тогаш тимот го заврши својот настап во март 2003 година на тогашната втора групна фаза. Во сезоната 2003/04, Њукасл играше во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, но не се пласираше во групната фаза. Таа сезона клубот стигна до полуфиналето на Купот на…
Во изјава за Спортското радио 90.3 фм, спортскиот директор на Вардар, Александар Бајевски, вели дека, конечно, е исполнета зацртаната цел која „црвено-црните“ ја имаа уште на почетокот на сезоната. Вардар денеска славеше со 3:0 на баражот со Скопје и обезбеди промоција во елитата. „Капа долу за играчите, за навивачите, за сите кои веруваа во Вардар. Немам зборови да го искажам задоволството од она што нашите навивачи го направија за клубот. Само можам да им симнам капа. Среќни сме. Ја исполнивме целта, иако по потешкиот пат. Вардар првпат игра бараж и тоа ќе биде последен пат. Се враќаме во елитата, каде…
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб и вистински македонски спортски бренд Вардар, се враќа во прволигашкото друштво. Денеска во бараж мечот за влез во елитата одигран во Кавадарци, „црвено-црните“ со огромна поддршка од трибините славеа со високи 3:0 над екипата на Скопје и успеаја да го потврдат своето место меѓу прволигашите следната сезона. Походот на елитата, Вардар го почна многу рано. Уште по 4 минути со првиот гол на Размоски, „црвено-црните“ поведоа со 1:0. По неколку пропуштени шанси, овој резултат се покажа и како конечен во првиот дел во кој Скопје остана со играч помалку, откако Тодоров доби директен црвен картон од…
Со денешните 12 меча од првото квалификациско коло стартува Челинџер 75 турнирот Macedonian Open2023 што од денеска до сабота (27.мај) ќе се игра на терените на ТК Југ во Градскиот парк во Скопје. На главниот турнир од македонските тенисери ќе игра и нашиот најдобро рангиран играч Калин Ивановски, кој со „вајлд карта“ ќе биде дел од турнирот, каде во првото коло ќе игра против Хрватот Дино Призмиќ (17год., 330 место АТП). Во квалификациите стартуваа четири македонски тенисери. Обрад Марковски со победа ги почна квалификациите, откако во мечот од првото коло го совлада Евгениј Карловски од Русија со 2-0 во сетови…
Фудбалскиот клуб Пелистер денеска соопшти дека нема да ја продолжи соработката со искусниот стратег, Бобан Бабунски. „Патиштата на клубот и на Бабунски се разидуваат. Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му пожелува многу успех во натамошната кариера“, стои во соопштението на Пелистер.
Ниту тоа што ја освои титулата и ги врати насмевките во неапол, можеби нема да бидат доволни за Лучијано Спалети да остане на кормилото на Наполи. Во клубот се уште не одлучиле дали договорот ќе му биде продолжен бидејќи има многу отворени прашања меѓу него и претседателството, па првиот човек на клубот Де Лаурентис не сака да избрзува. Спалети поставил некои суштински услови за да се остане во клубот и следната сезона, а еден од нив е прашањето за продажбата на фудбалерите бидејќи не сака да загуби важен дел од актуелната група иако понудите се можеби неодоливи.
Супер-сезоната во Лигата на шампионите и пласманот во финалето ќе го збогати Интер со над 100 милиони евра. „Нероаѕурите“ оваа сезона направија вистинска сензација со пласманот во големото финале и со тоа успеаја значително да ја наполнат касата со бонуси од УЕФА. Според „газета дело Спорт“, пласманот во финалето на Лигата на шампионите ја донесоа вкупната заработка на Интер од ова натпреварување во висина од 101,1 милиони евра. На таа бројка би се додале уште 4,5 милиони евра доколку го победат Манчестер Сити во финалето.
