Author: saso

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, откако синоќа со Интер по вторпат го освои Купот на Италија, се искачи при врвот на листата на најуспешни менаџери во ова натпреварување. „Нероаѕурите“ освоија два последователни трофеи во Купот на Италија под водство на Инзаги и технички имаат 100 процентен учинок во ова натпреварување под водство на поранешниот шеф на Лацио, кој исто така и со Лацио еднаш го освои Купот. Трите победи на Инзаги во финалните мечеви од Купот на Италија сега го ставија на второто место во историјата на натпреварувањето со најголем број освоени титули. Тој е втор зад Свен Горан Ериксон,…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски, синоќа на социјалните мрежи потврди дека се здоби со потешка повреда по еден крвнички старт врз него на дуелот со Ст. Мирен од шкотската Премиер лига. Гостинскиот фудбалер Смол во 31. минута жестоко стартуваше на левиот скочен зглоб на Миовски, по што нашиот интернационалец мораше да го напушти мечот на носилки. Напаѓачот по средбата се огласи со информација дека добрата вест е што нема скршеница, но за него сезоната е завршена. Денеска тој треба да оди на дополнителни прегледи кои ќе ја дадат вистинската слика за повредата на зглобот и периодот на пауза кој ќе…

Read More

Милан тргнува по ангажман на нов напаѓач. Според инталијански извори, „росонерите“ се заинтересирани за напаѓачот на Ленс, Лои Опенда. Според информацијата на „Газета дело Спорт“, екс-шампионот на Италија го гледаат 23-годишниот Белгиец како можно засилување за следната сезона и сериозно освежување на напаѓачкиот ред, кој оваа сезона беше можеби и најслабиот дел од тимот. Трансферот на Опенда е проценет на 25 милиони евра. Фудбалерот оваа сезона за Ленс одигра 36 натпревари и постигна 19 гола со 3 асистенции.

Read More

Здружението на германската фудбалска лига и во иднина нема да дозволи приватен инвеститор да стане носител на мнозинските права на натпреварувањето. На генералниот состанок, мнозинството клубови од германската Бундеслига гласаа против желбата на Лигата да продаде некои од нивните медиумски права на можен инвеститор. Клубовите кои гласале против предлогот, велат дека влезот на приватен инвеститор би бил против вредностите на германскиот фудбал.

Read More

Уште една од големите ѕвезди на новиот шпански шампион Барселона најави заминување ова лето. Станува збор за Жорди Алба кој ќе заврши со престојот на „Камп Ноу“ оваа сезона, откако двете страни се договориле за предвремено раскинување на договорот. Алба имаше договор со Барселона до летото 2024 година, но тоа сега е променето. Според тоа, на Алба му преостануваат само уште два натпревари во дресот на Каталонците. 34-годишниот фудбалер беше дел од Барселона од 2012 година, кога дојде од Валенсија.

Read More

Во пресрет на прбиот меч на нашите одбојкари во новото издание на Златната лига 2023, еден од нашите интернационалци, Алаксандар Љафтов, вели дека мечот со Украина ќе биде тежок, но и голем предизвик за нашиот искусен тим. „Викендов не очекува дуелот со Украина, натпревари за кои се подготвуваме веќе трета недела. Мислам дека сме подготвени, полни со желба и ентузијазам. Украина е силен противник, но ние сме искусна селекција, со нов селектор. Работиме можеби во досега најдобри услови, со многу желба на тренинг, дисциплина, и навистина верувам дека ќе направиме добри резултати“, вели Љафтов. Дуелот со Украинците го играме во…

Read More

Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски-Иџе успешно ги совладува предизвиците на Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC). Тој и неговиот Hyundai i30 TCR и минатиот викенд доминираа во рамките на FIA European Hillclimb Championship во Португалија. Иџе во својата категорија на патеката Rampa Da Falperra за време на Falperra International Hill Climb во Брага го освои првото место, поставувајќи време од 2:12.780, што е и нов рекорд во неговата класа. Ова е втора последователна победа на Иџе на овој шампионат. „Горд сум што се движиме кон зацртаната цел, три победи од 4 трки. Благодарен сум на поддршката на…

Read More

Романската тенисерка Симона Халеп излезе со протест поради тоа што анти-допинг институциите го спречуваат разрешувањето на нејзиниот случај со допинг и и понатаму и ја блокираат карирата. Минатата недела стана јасно дека Халеп е обвинета за уште едно прекршување на антидопинг правилата, но сослушувањето за случајот никако да се одржи. Првично рочиштето требаше да се одржи на 28 февруари, но потоа беше одложено за 23 март, а подоцна за 28 мај. Нов датум за сослушување се уште не е објавен. „Уште сум крајно шокирана и разочарана од начинот на кој ITIA се однесува кон мене. Додека пред три дена ITIA, преку…

Read More

Масимилијано Алегри изрази огорченост поради тоа што на Јувентус повторно му беа одземени бодови и тоа на крајот на сезоната во Серија А. Јувентус од синоќа и официјално е без 10 бода и без место во ЛШ. „Не можеме да бараме изговори, ние сме Јувентус, навикнати сме да победуваме или барем да се бориме за победа. Нормално, чудно е што пресудата е донесена на 10 минути пред почетокот на натпреварот. Но, ова не го оправдува нашиот психолошки колапс. Сега можеме само да молчиме и да го прифатиме поразот. Би било кукавички од моја страна да го напуштам Јувентус во овој…

Read More

Шпанската полиција утрово објави дека уапсила четворица навивачите на Атлетико кои обесија куклата со ликот на Винисиус Јуниор на еден од мостовите во Мадрид. На 26 јануари оваа година на еден од мостовите во Мадрид пред натпреварот меѓу Реал Мадрид и Атлетико (М) се појави транспарент со текст „Мадрид го мрази Реал Мадрид “ , а до него беше обесена кукла во дресот на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид со бројот 20. Шпанската полиција најави апсење на четворица осомничени за организирање на оваа акција.

Read More