Author: saso

Најголемата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, е прогласен за „Играч на сезоната“ во германското првенство. 19-годишниот плејмејкер и Борусија ја испуштија титулата во последното коло, но играчот од средниот ред со одличната сезона покажа дека ја заслужува наградата. Тој постигна вкупно 14 гола и имаше 7 асистенции во тековната сезона во германската елита. Англискиот интернационалец, кој е младински играч на Бирмингем, веќе го одигра последниот натпревар за Борусија и на лето ќе се пресели во Реал Мадрид.

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди дека тренерот на Наполи, Лучијано Спалети на крајот од сезоната ќе го напушти новиот шампион во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми. Спалети го презеде Наполи во 2021 година и оваа сезона со клубот од Неапол ја освои титулата во Серија А. “Спалети е слободен човек. Кога некој ќе ви каже дека дал се од себе и дека сака да земе една година одмор, правилно е да го пуштиме. Имаше уште една година од договорот, но сакаше да замине. Што би можел да направам? Толку многу ни даде, му благодарам“, изјави Де Лаурентис.

Read More

Капитенот на француската фудбалска репрезентација и играч на ПСЖ, Килијан Мбапе по четвртипат по ред е прогласен за најдобар играч на сезоната во француската фудбалска лига, во избор на Француската унија на професионални играчи (УНФП). Француската ѕвезда оваа сезона постигна 28 гола во францускиот шампионат и е на добар пат да биде најдобар стрелец петта сезона по ред. Напаѓачот на Лион, Александре Лаказет има само еден гол помалку на оваа ранг листа.

Read More

Украинската атлетичарка Јарослава Махучих со скок од 201 сантиметар победи на натпреварот во скок во височина на митингот од престижната Дијамантската лига во Рабат синоќа. Таа постави нов рекорд во ова натпреварување, а воедно и најдобар резултат сезонава во оваа дисциплина. Најдобриот резултат досега во Рабат го имаше познатата хрватска рекордерка Бланка Влашиќ, која победи во 2011 година со скок од 197 см. Најдобриот резултат на митингот во Рабат го постигна актуелниот светски шампион, олимписки победник и минатогодишен освојувач на Дијамантската лига на 3000 метри стиплчез, Мароканецот Суфиане Ел Бакали, кој делницата ја истрча за 7:56,68 минути. Со ова тој…

Read More

Битола викендов го прослави враќањето на шампионската титула во домашното ракометно првенство. Екипата на Еурофарм Пелистер е нов шампион на Македонија, а по големото славје во саботата вечерта, синоќа раководството на клубот организираше церемонија на која меѓу другото беше обелоденето кои ракометари нема да го носат дресот на тимот во следната сезона. Така, од редовите на Еурофарм Пелистер си заминуваат Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски. На сите ракометари им истече договорот со „зелено-белите“ и летово како слободни агенти ќе бараат нова средина.

Read More

Манчестер Сити ќе добие рекордна парична награда за освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата. „Граѓаните“ оваа сезона ќе ја завршат со премија од 165,7 милиони фунти. Во сумата се вклучени пари од договорите за тв-преноси во Англија и странство, паричната награда за титулата, дел од профитот и настапи на британската телевизија во живо. Вкупниот награден фонд за сезоната за 20 клубови беше 2,6 милијарди фунти. Минатата сезона Сити за титулата заработи 153 милиони фунти.

Read More

И покрај сите перипетии, Даичи Камада ќе ја продолжи кариерата во Милан. 26-годишниот играч за врска на јапонската репрезентација ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“ и тоа како слободен играч, откако неговиот договор со Ајнтрахт истекува на 30 јуни. Според германски извори, Милан го победил Атлетико (М) во борбата за Камада, а играчот од средниот ред одбил и профитабилна понуда од Борусија Дортмунд. На 32 натпревари во Бундеслигата минатата сезона, Камада постигна 9 гола и имаше 6 асистенции.

Read More

Шпанскиот фудбалски стратег Луис Енрике побарал сума од 8 милиони евра годишно за да седне на клупата на Наполи. Ова се барањата кои екс-шпанскиот селектор му ги поставил на првиот човек на италијанскиот првак, земајќи го предвид и системот за плаќање на даноци. Претседателот на наполитанците Аурелио Де Лаурентис е подготвен да направи сериозни трошоци и да направи исклучок за Енрике, но одлуката ќе ја донесе по консултациите со своите најблиски соработници. Исто така, шефот на Наполи ги разгледува кандидатурите на Винченцо Италијано (Фиорентина), Серхио Консеисао (Порто) и Тиаго Мота (Болоња), за кои исто така се зборува дека се блиску…

Read More

Хокеарите на Канада го освоија златото на Светското првенство кое заврши вчера. Во финалето во Тампере Канада ја совладаа Германија со 5:2. За Канада ова е 28. титула на светските првенства, со што ја мина Русија со која претходно го делеа првото место со по 27 трофеи. За Германија ова беше шанса за првпат да се освои златен медал, а воедно и прв медал по 70 години чекање. Интресно е што Германците двапати водеа, но Канаѓаните на крајот направија пресврт и стигнаа до убедлив триумф. Американците останаа без медал откако во мечот за бронзениот медал загубија од Летонија со 4:3…

Read More

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз од Австрија од 0:3 (15:25, 20:25, 15:25) го имаше својот прв настап на евро-сцената по пауза од петнаесетина години. Во првиот меч од групата, нашите одбојкарки покажаа дека имаат потенцијал, кој со добра работа може да доведе и до многу подобри резултати во иднина. Во среда во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, нашите одбојкарки во 2. коло ќе бидат домаќини и на средбата со Летонија која денеска загуби од Естонија со 3:1.

Read More