Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ синоќа и официјално замина во фудбалска пензија. Швеѓанецот објави крај на кариерата, по одлуката да не го продолжи договорот со Милан. Својата одлука ја соопшти со солзи на лицето, а навивачите на „росонерите“ му приредија спектакуларно збогување на мечот од последното коло во Серија А со Верона. Својата одлука ја соопшти со солзи на лицето, а навивачите на „росонерите“ му приредија спектакуларно збогување на мечот од последното коло во Серија А со Верона. Ибра кариерата ја започна во 1999 година во Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и…
Author: saso
Кошаркарите на Мајами израмнија на 1:1 во финалето на НБА лигата, откако синоќа го совладаа Денвер со 111:108 на гостински терен. Победникот во своите редови го имаше одлично расположениот Гејб Винсент со 23 поени, а одлично издание имаа и Џими Батлер и Бам Адебајо со по 21 поен. Во редовите на Денвер повторно најдобар беше српскиот центар Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со 41 поен, 11 скока и четири асистенции, но остатокот од тимот не го следеше. Џамал Мареј постигна само 18 поени со десет скока, а а Арон Гордон додаде 12. Ова беше прв пораз за Денвер на…
Македонскиот сребрен олимпиец, таеквондистот Дејан Георгиевски, брзо го заврши настапот на Светското првенство во Баку. Денеска во натпревар од 2. коло во категоријата над 87 килограми, нашиот олимпиец беше убедливо поразен од Авганистанецот Амири со 2:0. Георгиевски беше слободен во првото коло и чекаше противник од квалификациите, но иако во мечот влезе како фаворит, на крајот не успеа да слави и да обезбеди пласман во третата рунда. И тој и нашата репрезентативка Мила Рељиќ ова Светско првенство го завршуваат по само еден настап.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и официјално раскина со Валенсија. Шпанскиот клуб денеска потврди дека меѓусебно е прекината соработката која требаше да продолжи и во следните две години. Димитријевиќ потпиша за Валенсија во летото 2021 година од Хувентут Бадалона и во сезоната 2021/22 одигра 33 натпревари со дресот на Валенсија со просек од 8,4 поени, 1,5 скок и 3,9 асистенции. Минатава сезона тој беше позајмен во руски Уникс Казан каде успеа да дојде до титулата.
Реал (М) денеска на својата официјална веб-страница го потврди она за што медиумите шпекулираа со денови. Карим Бензема го напушта „кралскиот клуб“ и по се изгледа се сели во Саудиска Арабија. По долги години минати на „Бернабеу“ со статусот на голема легенда на клубот, Французинот ќе ја прифати понудата на Ал Итихад. Во официјалното соопштение од Реал (М) се вели: „Реал Мадрид и нашиот капитен Карим Бензема се договорија да го прекинат неговиот брилијантен и незаборавен период како играч на нашиот клуб. Реал Мадрид сака да ја покаже својата благодарност и сета своја наклонетост кон човекот кој е веќе една…
Марко Асенсио одлучил да не потпише нов договор со Реал Мадрид и покрај намерата на Карло Анчелоти да ги користи услугите на шпанскиот крилен напаѓач. Фудбалерот размислувал каде да замине по оваа епизода во Реал и по се изгледа одлуката ќе падне на ПСЖ. ПСЖ е многу блиску до потписот на Марко Асенсио. Договорот меѓу играчот и клубот е веќе факт, а договорот ќе биде со важност до 2027 година. За финализирање на трансферот се погрижил лично Луис Кампос. Се очекува Асенсио да ги потпише сите документи следната недела, по неговото збогување со навивачите на Реал Мадрид.
ПСЖ е во преговори за ангажирање на дефанзивецот на Баерн (М) и француски репрезентативец, Лукас Ернандез. Според инсајдерот Фабрицио Романо, поранешниот одбор на директори на Баерн со Салихамиџиќ и Кан сакал да го задржи 27-годишниот фудбалер, но, откако тие заминаа, работите се променија. Забележано е дека преговорите меѓу Ернандез и ПСЖ се во ќорсокак, а фудбалерит има желба да си замине. Французинот за Баерн игра од 2017 година. Оваа сезона има 11 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 1 гол и 1 асистенција.
Хокеарите на Вегас Голден Најтс синоќа на домашен терен ја победија Флорида со 5-2 во првиот натпревар од финалето на НХЛ Стенли купот и поведоа со 1-0 во серијата од четири натпревари. Натпреварот беше изедначен до 2-2, но влегувајќи во третиот период Вегас успеа да дојде до значајна предност за победа. Вториот меч од серијата се игра во понеделник навечер во Лас Вегас.
Според информациите во Франција, Челзи е подготвен да понуди Едуард Менди плус пари за голманот на Интер, Андре Онана, кој исто така е трансфер цел на Манчестер Јунајтед. Онана беше донесен како слободен играч минатото лето кога му истече договорот со Ајакс. Камерунецот беше одличен сезонава, помагајќи им на „нероаѕурите“ да го освојат Купот на Италија, Суперкупот на Италија и да стигнат до финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Понудата на „сините“ од Лондон до италијанскиот тим ќе биде Менди плус одредена сума на пари за Онана.
Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски го доби признанието фудбалер на сезоната во Дебрецин откако сезонава постигна 13 гола и подели четири асистенции на 30 натпревари. Дебрецин сезоната ја заврши на третото место во домашното првенство и така обезбеди настап во европските купови наредната сезона. Бабунски заврши и на третата позиција меѓу стрелците во унгарското првенство.
