Селекторот на нашата одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски и следната сезона ќе биде тренер на грчки ПАОК. Македонскиот одбојкарски стратег реши да остане во грчкиот клуб и да продолжи со работа во екипата со која што го освои Купот и играше финалето на првенството. “Имав неколку понуди, размислив и одлучив да продолжам со Паок. Навивачите одлично ме прифатија, имам одлична соработка со сите во клубот, блиску сум до дома, а тоа се фактори коишто беа доволни за да го продолжам ангажманот во Грција”, вели предводникот на македонската репрезентација којшто денеска ќе стави потпис на новиот едногодишен договор со ПАОК.
Author: saso
Македонската одбојкарска репрезентација ги привршува подготовките во Скопје пред заминувањето за Шарлоа, каде в сабота во рамките на 4. коло од Златната Лига не пречекува селекцијата на Белгија. Пред заминувањето, гостин во нашата програма беше капитенот Никола Ѓорѓиев кој ги истакна очекувањата од второто гостување во групата. „Имаме шанси, но сакам да видам како ќе реагираме на овој втор меч кој го играме на гостински терен. Ако дома го положивме испитот, сега да видиме како ќе играме и на гости. Украинците се најдобри во оваа група и сигурно ќе се борат за златото. Белгија иако е млада селекција, имаат одлични…
Штипска Брегалница изминатава сезона со освоеното 5. место во ПМФЛ го запиша најдобриот резултат во последните 25 години лигашки настапи на клубот. „Сините“ уште само во сезоната 2011/12 во последните 25 години успеале да дојдат до петтата позиција на табелата. Сето тоа, секако носи нескриен позитивен впечаток за тимот на Горан Здравков кој, освртувајќи се на периодот откако го презеде тимот на почетокот од оваа година, не го крие задоволството од впечатоците од пролетниот дел од сезоната. „Може слободно да кажеме, кога се ќе се сумира, дека имавме успешна сезона како клуб. Зборувам тука за целокупната сезона, а не само…
Џан Пјеро Гасперини ќе остане на кормилото на Аталанта и следната сезона. Ова го потврди клубот од Бергамо, кој на крајот на состанокот кој го одржале со тренерот вчера, објавија соопштение на својата официјална веб-страница, со слоганот: „Приказната продолжува“. „Аталанта во лицето на главниот извршен директор Лука Перкаси, со задоволство ја објавува новата соработка со тренерот Џан Пјеро Гасперини на клупата на „нероаѕурите“. Да го продолжиме заедно патувањето кое започна пред седум години, облагородено со одлични резултати. Семејството Перкаси, семејството Паљиука и целиот клуб му посакуваат добра работа на г. Гасперини!“, се вели во клупското соопштение.
Состојбата на резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико се уште е сериозна. Рико е во болница откако на 28 мај доживеа коњичка несреќа, која заврши со тешки повреди на главата на голманот. Лекарите постепено ги отстрануваат седативите за да ја видат неговата реакција, но 29-годишниот шпански голман ќе има нов преглед на главата денеска. „Има охрабрувачки знаци, но мораме да бидеме многу внимателни“, изјави извор од болницата во Севиља. Веднаш по несреќата, Рико со хеликоптер бил пренесен во болница, каде што бил ставен на апарати за одржување во живот.
На денешен ден, пред точно 30 години, некогашната легенда на југословенската и хрватската кошарка, Дражен Петровиќ, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопат кај германскиот град Инголштад. Дражен беше кошаркар и човечки пример, спортски Моцарт, но за жал, почина на 29-годишна возраст, во врвот на својата играчка кариера. Роден е на 22 октомври 1964 година во Шибеник, а на шеснаесет години стана првотимец на Шибенка. Цибона и Реал Мадрид беа недостижни за сите европски клубови во годините кога Дражен играше за нив. Откако постигна сè во Европа, замина во најсилната светска лига – НБА. Својот феноменален талент го…
Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид, Лукас Васкез. Според инсајдерот Џанлука Ди Марцио, мадриѓани го процениле 31-годишниот Шпанец на 6 до 8 милиони евра. Јувентус е подготвен да преговара до крај, затоа што го сметаат Васкез за кандидат број еден за позицијата десното крило. Страните веќе биле во контакт, но нема информација дали има договор. Оваа сезона дефанзивецот одигра 23 натпревари и постигна 4 гола.
Пјер-Емерик Обамејанг е уште еден фудбалер кој е на пат да се пресели во некој од клубовте во Саудиска Арабија. Според информација на инсајдерот Фабрицио Романо, Ал Ахли и Ал Шабаб веќе разговарале со напаѓачот на Челзи за можен трансфер и наскоро се очекува неговата одлука. 33-годишниот Габонец летово ќе ги напушти „сините“, но приоритет му е да остане во Европа. Во февруари, Обамејанг ја одби понудата од МЛС лигашот Лос Анџелес.
Карим Бензема и официјално се пресели во Ал Итихад. Саудијците вечерва го објавија трансферот на напаѓачот кој си замина од Реал по 14 години минати во клубот. Договорот на 35-годишниот Французин е до 2026 година. Претходно стана јасно дека Бензема ќе заработува по 100 милиони евра од сезона. Покрај тоа ќе биде и амбасадор на С. Арабија за организација на СП 2030 година, за што ќе добие бонус од 20 милиони евра. Ал-Итихад го освои шампионатот на Саудиска Арабија оваа сезона пред Ал-Наср на Кристијано Роналдо.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос го совлада Карен Хачанов со 3-1 (4:6, 7:6, 6:2, 6:4) во сетови и обезбеди место веѓу четирите најдобри на вториот годинешен Грен Слем. Ѓоковиќ повторно ќе игра во полуфиналето на парискиот Грен слем турнир каде го чека подобриот од дуелот меѓу Алкараз и Циципас. Во четвртфиналето Србинот го победи Хачанов во меч кој траеше нешто повеќе од три и пол часа и каде Русинот поведе во првиот сет, но потоа видовме пресвртот на српскиот ас.
