Author: saso

Олимписки шампион на 1500 метри, Норвежанецот Јакоб Ингебригцен го собори европскиот рекорд на оваа делница, откако синоќа на митингот во Осло од Дијамантската лига истрча време од 3:27,95 минути. Нескротливиот Ингебригтсен (22) се одлепи на крајот на трката со овации од стадионот „Бислет“ за да го подобри својот претходен рекорд (3:28.32) поставен во финалето на Олимписките игри во 2021 година во Токио. Во Осло синоќа уште еден норвешки олимписки победник Карстен Ворхолм го постигна четвртото најдобро време во историјата на 400 метри со пречки за победа на трката со време 46,52 секунди.

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше 1:1 против Ерменија во пријателскиот меч кој се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Дуелот со Ерменија, беше еден од дуелите кои селекторот Канатларовски ќе ги искористи како последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП 2025. Македонија поведе со голот на Луан Абази во 30-тата минута, а Ерменците беа поконкретни и успеаја во 53-тата минута да израмнат преку Калукјан. Во финишот, во 85-тата минута, Македонија имаше одлична шанса, но Крстевски не успеа да ја затресе мрежата. Вториот пријателски натпревар со Малта го играме во вторник на 20…

Read More

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија во второто коло од Б групата од Третата Европска зона од Дејвис купот е поразена од Молдавија со 3:0. По денешниот пораз нашата репрезентација утре во директен дуел со Кипар ќе решава за второто место во групата и со тоа шанса следната година да играме ранг повисоко, доколку загубиме ќе играме меч со третопласираната селекција од групата за опстанок во Третата зона. По денешниот триумф Молдавија го обезбеди првото место во групата Б и со тоа следната сезона да игра во Втората Светска зона. Последниот поен Молдавија го освои во игра на двојки. Амар Хусеиновиќ…

Read More

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија забуги на гостувањето во Рига од Летонија со 3:0 (25-19, 25-17, 31-29) во мечот од 5. коло на Европската Сребрена Лига. Нашите девојки одиграа одличен трет сет, но немаа среќа да дојдат до продолжение на неизвесноста на мечот. Избраничките на Стефан Пауновиќ слабо го отворија мечот и во првите два сета немаа многу шанси против домашниот тим. Кај нас недостасуваше сигурност во играта на прием, која им ја олесни задачата на домашните одбојкарки кои прилично лесно дојдоа до водство од 2:0 во сетови. Во третиот сет видовме најдобра одбојка, водевме до крајот на сетот, но…

Read More

Фудбалската репрезентација до 21 година денеска ќе го одработи последниот тренинг пред утрешниот прв контролен натпревар против соодветната селекција на Ерменија. Контролниот дуел против Ерменија ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје со почеток од 17 часот. Левиот бек на Шкупи и еден од најперспективните млади играчи во Македонија, Марио Ричков, даде свој коментар и анализа за претстојните обврски и предизвици на младата репрезентацијата до 21 година. „Очекувам да се прикажеме во добро светло на последните два контролни натпревари против Ерменија и Малта и да оствариме позитивен резултат. Оваа селекција покажа голем квалитет и желба за победа…

Read More

Англискиот репрезентативец Џуд Белингем и официјално стана нов играч на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ го потврди трансферот на 19-годишниот играч за врска од Борусија Дортмунд, вреден 103 милиони евра, на кој ќе бидат додадени и бонуси. Во договорот, Белингем се обврза на шестгодишна верност кон Реал Мадрид и ќе остане на Бернабеу до летото 2029 година, додека неговата нето плата ќе биде околу 11 милиони евра годишно. Англичанецот важи за еден од најталентираните фудбалери во светот, а беше избран за најдобар играч во изминатата сезона од германската Бундеслига.

Read More

Федерацијата на училишен спорт на Македонија вечерва го имаше и официјалното свеченоотворање на Европското пренство за средношколци (У18) кое веќе два дена се одржува во Скопје. Со учество на екипи од Србија, Фрцнија, Црна Гора, Чешка, Р. Српска и Македонија, во машка и во женска конкуренција, првенството се одржува во две сали во главниот град каде веќе течат и првите мечеви по групи. На свеченото отворање пред присутните зборуваше првиот човек на Федерацијата на училишен спорт, Александар Туфекџиевски. „Се ова што го организираме, го правиме со душа и со срце, за сите да дадеме сериозен придонес во спортот. Им благодарам…

Read More

Новак Ѓоковиќ испиша историја. Српскиот тенисер по третпат во својата кариера го освои Ролан Гарос и дојде до неверојатната 23-та титула од Грен Слем турнирите, нешто што досега не го направил никој во историјата на светскиот тенис. Во финалето во Париз, Србинот во три сета го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 7/6 (1), 6/3 и 7/5 и покажа дека и на 36 години, е светски тениски рекет број еден. По оваа победа, Новак ќе се врати и на првото место на АТП листата, откако успеа да го симне од врвот младиот Шпанец Карлос Алкараз, кого го победи во полуфиналето. Меѓу…

Read More

Во гостувањето во програмата на Спортското радио 90.3 фм, тренерот на кошаркарскиот шампион на Македонија, Васко Атанасов, зборуваше за 10-тата титула на МЗТ Скопје А., за себе како најмлад тренер кој го кренал победничкиот пехар на домашната сцена, за предизвикот по назначувањето на тренерската позиција. „За нас плеј-офот беше крај на сезона, а МЗТ Скопје А. покажа дека игра најдобро на крајот. Сите бевме фокусирани на сите минути од тие финални дуели. Мислам дека резултатите од трите дуели со Пелистер не ја прикажуваат вистинската сила на битолчани, но ние ја прифативме улогата на фаворит и комплетно ја оправдавме. Полуфиналната серија…

Read More

Македонскиот тенисер Калин Ивановски е полуфиналист на фјучрсот во Скопје. Тој за влез во завршницата се пласираше откако неговиот денешен ривал Мирза Башиќ го предаде мечот поради повреда, истегнување на задња ложа. Инаку, Башиќ вчера го предаде и мечот во двојки со Зекиќ, поради повредата, а во претпладнето беше и на медицински третман, но повредата не му дозволи настап. Ивановски утре во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Миљан Зекиќ и Ерги Киркин.

Read More