Author: saso

Фудбалската репрезентација на САД ја освои Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната, откако утринава славеше над Канада во финалето со 2-0. Во 11 минута, Американците поведоа со голот на Крис Ричардс. Водството беше удвоено во 33 минута кога новиот американски репрезентативец Фоларин Балогун го постигна својот прв гол за националниот тим. За Американците оваа е втор трофеј во КОНКАКАФ Лигана на нации, со оглед на тоа што го освоија и оној првиот пред три години, кога во финалето беа подобри од Мексико.

Read More

Макс Верстапен синоќа триумфално ја заврши и трката за ГН на Канада со што успеа да испише уште едне нов рекорд зад своето име. Двократниот шампион во Формула 1 ја запиша шестата победа оваа сезона и дури 41-ва во кариерата. Со оваа 41. победа, Верстапен успеа да се израмни по бројот на остварени победи на Гран При трките во Ф1 шампионатот со трикратниот светски шампион, легендарниот Аиртон Сена. Верстапен и Сена сега се израмнети на петтото место на вечната листа, додека се уште пред нив се Луис Хамилтон (103 победи), Михаел Шумахер (91), Себастијан Фетел (53) и Ален Прост (51).

Read More

Шпанската фудбалска репрезентација за првпат ја освои Лигата на нации, откако синоќа во финалето против Хрватска, славеше по подобро изведување на пенали со 5:4. Шпанија успеа да го освои трофејот веќе во четвртиот натпревар под водство на Луис де ла Фуенте, кој беше назначен за селектор во декември 2022 година. Последниот турнир што го освоија Шпанците беше Евро 2012 година. Голманот Унаи Симон стана рекордер во шпанската репрезентација по бројот на одбрани при изведувањето на пенали. Голманот на Атлетик ги одбрани ударите на хрватските фудбалери Ловро Мајер и Бруно Петковиќ во финалето на Лигата на нации со што дојде до…

Read More

Полски Киелце е вториот финалист во Лигата на шампионите, откако славеше со 25:24 во драматичен натпревар против француски ПСЖ во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Келн. Мечот го одбележа жестока пресметка во сите 60 минути. Полјаците земинаа на пауза со плус 2 (16:14), а и во добар дел од второто полувреме имаа предност. ПСЖ на десет минути до крајот успеа да дојде до прво водство од 21-20, но драмата во финишот им припадна на Полјаците, кои успеаја да го одбранат последниот напад на Французите и со 25:24 да обезбедат место во големото финале.

Read More

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го заврши настапот во Европската Сребрена лига со нов пораз. Денеска одбојкарките беа поразени на гостувањето кај Австрија со 3:0 (25-15, 25-17, 25-7). Со тоа нашето дебитантското учество заврши со шест максимални порази, без освоен сет. Одбојкарките по подолга пауза им се вратија на европските настапи, а во шесте меча во групата не успеаја да освојат ниту еден сет. Бевме блиску до прва радост на мечевите во Скопје, но данокот на нескуството си го направи своето.

Read More

Магдебург и Барселона одиграа феноменален натпревар во првото полуфинале од Лигата на шампионите во ракомет на завршниот турнир во Келн. Тимот од Германија направи сензација, откако најпрво се избори за продолженија, каде повторно немаше победник, а потоа на пенали стигна до триумф од 40:39. Барселона секако беше апсолутен фаворит против Магдебург, но тимот од Германија не се предаде, па на крајот направи огромно изненадување. Во регуларниот дел средбата заврши нерешено 31:31, за во првите пет минути од продолжението Магдебург да обезбеди водство од 36:34, а потоа Барселона да се избори и за пенали. На крајот победникот и првиот финалист го…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје (20.45 часот) ја пречекува селекцијата на Украина, во натпревар од 3. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство в година во Германија. „Украина е извонредно квалитетна селекција и екипно и индивидуално. Овој меч ќе биде поразличен од тој со Германија, мислам пред сѐ во пристапот на Украина, но тоа не значи дека не сме подготвени. Ги анализиравме, имаат нов селектор, ги анализиравме и од мечот на Европското првенство и други натпревари, но и мечот со Германија. Заклучокот е дека се извонредно силна селекција“, истакна пред мечот селекторот на нашата…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе игра за Франција на престојните Летни Олимписките игри во Париз 2024 година. Според весникот „Л’Екип“, во францускиот олимписки тим ќе има најмалку тројца играчи од првиот тим, а меѓу нив дефинитивно ќе биде и Мбапе. Забележано е дека францускиот напаѓач сонува за победа и злато од Олимпијадата. За Франција можат да играат и голманот на Тотенхем, Уго Лорис и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан.

Read More

Рами Абас Иса, агентот на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, реагираше на гласините дека фудбалерот разговарал со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи за наводен трансфер во редовите на францускиот првак. „Не е точно. Немаше никаква средба со Ал-Келаифи“, изјавил Иса. Претходно беше објавено дека 31-годишниот Салах разговарал со претседателот на ПСЖ во Катар за преселба во клубот.

Read More

Познати се деталите од договорот што лондонски Арсенал му го понуди на играчот од средниот ред на Челзи, Каи Хаверц. Според познатиот инсајдер Николо Шира, „топчиите“ му понудиле на Хаверц договор до 2028 година. Германецот минатава сезона забележа 47 настапи за Челзи во сите натпреварувања, во кои постигна девет гола и една асистенција. Договорот на играчот со лондонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2025 година, а проценетата цена на фудбалерот во моментов е околу 60 милиони евра.

Read More