Author: saso

Фудбалерите на Брегалница (Ш) подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе ги стартуваат на 26 јуни, кога ќе бидат реализирани лекарските прегледи и почетокот на летниот тренажен процес. Согласно програмата на стручниот штаб, првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Штип и во Пехчево, по што ќе се оди на финалните техничко-тактички подготовки комбинирани и со пријателски натпревари. „Во Пехчево ќе ја реализираме почетната фаза од подготовките, а потоа во зависност од договорените пријателски натпревари тактично-техничките подготовки ќе бидат во Банско или во Охрид. Но, одлуката околу тоа ќе зависи од договорените тестови. Планираме одигрување седум…

Read More

Лацио е на чекор до постигнување договор за купување на крилниот напаѓач на Сасуоло, Доменико Берарди. Вчера беше објавено дека Лацио напредува во преговорите за Берарди и се чини дека оптимизмот денес е зголемен со последната средба која ја имале „лацијалите“ и преставникот на фудбалерот. „Ил Месаџеро“ јавува дека Берарди ги прифатил условите за личниот договор со римјаните. Начено е постигнат е договор и со Сасуоло, кој веројатно ќе добие 20 милиони евра плус Матео Канчелиери. Се очекува Берарди да потпише четиригодишен договор со Лацио вреден 2,5 милиони евра по сезона.

Read More

Откако вчера и официјално го објави потписот со Алексис Мек Алистер, Ливерпул е блиску до трансфер и на втор играч од средниот ред. Според некои извори, „црвените“ имаат устен договор со Кефрен Туран, играчот од средниот ред на фрнцуска Ница. Францускиот интернационалец од јануари е „таргет“ на Јирген Клоп, но во последните недели преговорите напредуваа и двете страни практично постигнаа договор. Сега останува Ливерпул да се договори со Ница за трансферната цена на Турам. Се вели дека францускиот клуб бара околу 55 милиони фунти за него, но би прифатил и помала понуда.

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација замина за Белгија каде утре во Шарлоа ќе го одигра и четвртиот меч од Златната лига. По стартниот пораз кај Украина и двете домашни победи над Белгија и Хрватска, пред момците на селекторот Миленкоски, сега нов гостински предизвик. „Против Белгија немаме некој резултатски притисок и затоа очекувам да играме добро. Пласманот на Ф4 е веќе извесен, Украина е пресилна за останатите од групата, но без разлика на се, наше е да играме и да се бориме на секој меч. Не се отповарени со резултатите и тоа ќе биде добро. Јас сакам да видам како ќе се однесуваат…

Read More

На состанокот на АБА лигата и кошаркарската лига на Србија било утврдено дека денеска ќе започне финалната серија во српското првенство, а финалето на регионалното натпреварувањео ќе започне ден подоцна, на 13 јуни, наместо на 12-ти, како што беше планирано. И оваа одлука предизвика незадоволство кај еден од финалистите. Имено, спортскиот директор на КК Партизан истакна дека „црно-белите“ не прифатиле да играат според новиот календар, додека „црвено-белите“ немаат проблеми со новите термини. АБА лигата ќе остане на ставот финалето да тргне на 13 јуни и се надева дека двата српски тима ќе ги почитуваат регулативите на натпреварувањето.

Read More

Баерн (М) денеска и официјално го потврди трансферот на Конрад Лајмер. Како што објавија од клубот, договорот со Лајмер е заклучен и тој ќе биде со важност до 30 јуни 2027 година. 26-годишниот централен играч за врска се сели во Минхен како слободен играч од победникот на Купот на Германија, РБ Лајпциг. „Ова е остварување на сонот за мене. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Ќе дадам сè за клубот и навивачите. Баерн секогаш има највисоки цели – исто како и јас. Едвај чекам да почнеме“, изјавил Лајмер.

Read More

Легендата на Милан, Алесандро Неста е блиску до назначување за главен тренер на Реџана. „Договорот со Реџана е речиси затворен. Сакав да се вратам на работа и сега ми е мило. Чекам клубот официјално да го објави назначувањето“, потврдил Неста. Последната работа на 47-годишниот Италијанец беше клупата на Фросиноне. Претходно ги водеше и Перуџа и Мајами. Минатата сезона Реџана се пласираше во Серија Б.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ и дефинитивно го напушта „Стемфорд Бриџ“ ова лето. Според информациите на инсајдерот Фабрицио Романо, Хрватот заминува од Лондон, но ќе остане во Премиер лигата. Според информациите, тој се договорил со Манчестер Сити и дека клубовите допрва треба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето. Истиот извор наведува дека тоа би требало да се случи по финалниот натпревар од Лигата на шампионите, кој „граѓаните“ го играат против Интер утре во Истанбул. Челзи е подготвен да го продаде искусниот играч за врска, а Ковачиќ е подготвен за нов предизвик во кариерата.

Read More

Од Формула 1 денеска излегоа со став околу ситуацијата со шумските пожари во Квебек. Регионот кој е дом на патеката Жил Вилнев, каде што ќе се вози трката за Големата награда на Канада од 16 до 18 јуни е погоден од големи пожари. Според информациите, од Формула 1 остануваат на ставот дека не е загрозено одржувањето на Ф1 викендот и се треба да оди според планот. Шумскиот пожар за кој многу се зборува низ светските медиуми гори на околу 800 километри од патеката, а квалитетот на воздухот во Монтреал веќе почна да се подобрува. Тимот за управување со инциденти во…

Read More

Хокеарите на Флорида Пантерс останаа во трката за освојување на титулата во НХЛ шампионатот. Во третиот натпревар од финалната серија Пантерите по продолженијата ги победија Вегас Гојден Најтс со 3:2 со голот на Картер Верхеј во петтата минута од судиското продолжение. На првите два меча во Лас Вегас, тимот од Невада оствари две победи (5:2 и 7:2), па „домашните беа под голем притисок да го добијат првиот меч пред своите гледачи.

Read More