Штипска Брегалница ја заврши соработката со четворица досегашни фудбалери. Со завршувањето на договорните обврски кон клубот, од Штип заминуваат офанзивецот Милан Ѓокиќ, дефанзивците Александар Борха Кордоба, Адис Хадановиќ и Даниел Мојсов. За разлика од нив, еден од најдобрите фудбалери на Брегалница од минатата сезона, Горан Силјановски ја продолжи соработката со „сините“ и за следната прволигашка сезона. Силјановски денеска потпиша нов договор со Брегалница во желбата за нови успешни настапи во синиот дрес во елитното друштво.
Author: saso
Денеска стига и информација дека тренер на младинска ракометна екипа од Македонија физички нападнал малолетен ракометар, а родителот на тепаниот го пријавил случајот во полиција. Mинистерството за внатрешни работи во својот дневен билтен објави за случајот кој дава негативно светло за ракометот. „Вчера во 18.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 02.06.2023 околу 15.00 часот во Унгарија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговиот тренер по ракомет, В.К“, соопшти МВР. Единствена екипа од Македонија што во овој период гостуваше во Унгарија е пионерската екипа на Алкалоид.
Завршувањето на финалната серија од плеј-офот на домашното кошаркарско првенство и одбраната на титулата од страна на МЗТ Скопје А., со себе донесе и неколку интересни факти, кои ќе влезат во историјата. Актуелниот предводник, во улога на капитен на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски го освои осмиот шампионски пехар во својата кариера, со што се израмни на шестото место на листата на најтрофејни кошаркари во историјата на македонското првенство заедно со Тони Симиќ. Војдан Стојановски, пак, го освои третиот шампионски трофеј, но мора да се земе в предвид дека долги години не играше во домашниот шампионат. Ова е втора МВП…
Ливерпул, по се изгледа, ги заврши сите формалности околу потписот на аргентинскиот репрезентативец Алексис Мек Алистер. Според инсајдерот Фабрицио Романо, но и според медиумите блиски до клубот, во текот на утрешниот ден Мек Алистер ќе дојде во медицинскиот центар на Ливерпул за да ги мине лекарските прегледи. Според информациите, досегашниот фудбалер на Брајтон ќе потпише 5-годишен договор со „црвените“ кој ќе го задржи на „Енфилд“ до 2028 година. Ливерпул ќе плати нешто помалку од бараните 60 милиони фунти за трансферот, а прогнозата вели дека тоа ќе биде сума меѓу 45 и 55 милиони која треба да се дефинира во следните…
Американецот Џим Хајнс, првиот атлетичар кој официјално истрча 100 метри под десет секунди, почина на 77-годишна возраст. Хајнс беше олимписки шампион на 100 метри во 1968 година, кога и стана првиот човек кој официјално истрча под границата од десет секунди. Хајнс го заврши финалето на 100 метри на Олимписките игри во Мексико во 1968 година со време – 9,95 секунди, победувајќи ги Ленокс Милер од Јамајка и сонародникот Чарлс Грин. Овој негов резултат беше светски рекорд во следните 15 години, додека Калвин Смит не го собори во 1983 година во Колорадо Спрингс трчајќи 100 метри за 9,93 секунди.
Новиот македонски фудбалски прволигаш, екипата на Гостивар потврди дека и во новата сезона во прволигашката конкуренција екипата ќа ја предводи истиот стручен штаб на чело со турскиот тренер Мурат Дабан. Од Гостивар истакнаа дека со задоволство објавуваат дека му ја даваат довербата на Мурат Дабан, кој е во екипата уште од времето на претходниот тренер Октај Дерелиоглу.
Интер е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос, објавија медиуми блиски до „нероаѕурите“. Според истите, раководството на италијанскиот тим смета дека Шпанецот ќе биде сериозно засилување за тимот и сака да го ангажира како слободен играч. Пред неколку недели беше објавено дека играчот од средниот ред планира да го продолжи договорот со мадридскиот клуб, но засега нема никаков договор на хартија. Актуелниот договор на шпанскиот репрезентативец со Реал Мадрид истекува во јуни оваа година. Себаљос е дел од Реал од летото 2017 година. 26-годишниот играч од средниот ред оваа сезона одигра 46 меча за Реал…
Францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека Пари Сен Жермен ја доби битката за потписот на играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте. Уругвајскиот играч за врска беше блиску до потпис со Челзи, но на крајот тој го избра ПСЖ како следен клуб во кариерата. Доцна синоќа стана јасно дека „сините“ од Лондон се повлекуваат од преговорите, иако не беше наведена причина. 22-годишниот Угарте се очекува да потпише за ПСЖ уште денеска, а францускиот клуб ќе плати околу 60 милиони евра за неговите права.
Напаѓачот на француски Монпелје, Ели Ваи ова лето би можел да се пресели во Серија А. Според информација на италијанските медиуми, два од најголемите италијански состави Јувентус и Милан во моментов се во голема битка за потписот на 20-годишниот фудбалер. Минатава сезона, Ваи на 33 натпревари за Монпелје постигна 19 гола и стана најдобар стрелец во екипата. Според информациите, Јуве е во предност во преговорите. „Старата Дама“ сака да го донесе Ваи како замена за Душан Влаховиќ, кој би можел да го смени клубот ова лето.
Пингпонгарите на Младост 96 ја освоија шампионската титула во пингпонгарскиот шампионат на Македонија. Во финалните натпревари кои изминатиот викенд се одржаа во Прилеп, ППК Младост 96 со 4:1 сдлавеше на првиот дуел со Телеком Нец 2, додека вториот натпревар од финалето во плеј- офот го добија со тесни 4:3, со што со вкупен резултат 2:0 ја обезбедија шампионската титула. Ова е втора титула за Младост 96 во последните три години. Тимот во текот а целата сезона имаше само еден пораз и покажа дека во моментов е најдобра екипа во државата.
