Американецот Џим Хајнс, првиот атлетичар кој официјално истрча 100 метри под десет секунди, почина на 77-годишна возраст.
Хајнс беше олимписки шампион на 100 метри во 1968 година, кога и стана првиот човек кој официјално истрча под границата од десет секунди. Хајнс го заврши финалето на 100 метри на Олимписките игри во Мексико во 1968 година со време – 9,95 секунди, победувајќи ги Ленокс Милер од Јамајка и сонародникот Чарлс Грин.
Овој негов резултат беше светски рекорд во следните 15 години, додека Калвин Смит не го собори во 1983 година во Колорадо Спрингс трчајќи 100 метри за 9,93 секунди.