Author: saso

Рафаел Гереиро најдоцна утре ќе ги потпише документите за трансфер во Баерн (М). Фудбалерот кој си замина од Борусија Дортмунд како слободен играч ќе оди на лекарски прегледи во текот на денешниот ден, по што треба да го потпише договор со германскиот шампион до 2026 година. Португалскиот дефанзивец забележа 27 настапи во Бундеслигата минатата сезона и имаше 12 асистенции.

Read More

Младите македонски тенисерки Ива Данева и Ана Митевска со победата во игра на двојки ги потврдија максималните 3:0 за Македонија против Азербејџан во дуелот од второто коло од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје. Данева и Митевска ги совладаа Лала Еивазова и Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (60 60) за 31 минута. Претходно во сингл мечевите Александра Симева ја победи Сулејманова со 2-0 во сетови (61 61), додека Магдалена Стоилковска беше убедлива против Еивазова со 2-0 во сетови (60 60). Утре во дуелот од третото коло Македонија ќе игра против првиот носител…

Read More

Покрај шампионот Струга ТЛ попладнево своите први противници во Конференциската лига на Европа ги добија и преостанатите македонски евро-преставници. Екипата на Шкендија во првото коло во Конференциската лига на УЕФА најпрво на домашен терен ќе го пречека велшки Хаверфордвест, а реваншот ќе го одигра на гостински терен. Екипата на Македонија ЃП во премиерната рунда од истото натпреварување ќе се сретне со РФС од Рига, Летонија. Ѓорчепетровци исто така на првиот меч ќе бидат домаќини. Само екипата на Шкупи во 1. коло ќе почне на гости. Чаирчани за противник ја добија екипата Хегелман од Литванија. Мечевите од оваа фаза се закажани за…

Read More

Македонскиот шампион Струга Трим Лум во првото квалификацико коло од новата сезона на Лигата на шампионите ќе игра против екипата на Жалгирис од Литванија. Денешната ждрепка во Нион, новиот македонски првак ја дочека од групата на неносители каде за можни ривали ги имаше и Ференцварош, Шемрок Роверс, Лудогорец и велшки ТНС. Мечевите ќе се играат на 11/12 и 18/19 јули, прво во Литванија, а потоа во Охрид, каде Струга ТЛ ќе биде домаќин.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер и гостува на Англија во рамки на 4. коло од група „Ц“ во квалификациите за пласман на Евро 2024. Ова за нашата селекција ќе биде трет меч во групата, откако на првите два на домашен терен славевеме над Малта и загубивме од Украина. Избраниците на селекторот Благоја Милевски на вчерашниот прес најавија дека ќе се обидат да ја запрат Англија, која во првите три меча во групата оствари исто толку победи. За Македонија ова е трето гостување во Англија, второ на овој ист стадион. Во 2006 година…

Read More

Според англиските медиуми, селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт, вечерва за дуелот со Македонија во првите единаесет ќе ги врати репрезентативците од Манчестер Сити кои не се најдоа во тимот за дуелот со Малта. Џон Стоунс најверојатно ќе се врати заедно со Хари Мегваер во одбраната, додека Фил Фоден и Џек Грилиш треба да одиграат одреден дел или како стартери, или како резервисти. Букајо Сака тренираше пред натпреварот, а Саутгејт потврди дека крилниот напаѓач на Арсенал е подготвен за настап и покрај повредата на глуждот. Англија вечерва веројатно ќе почне во формација 4-3-3: Пикфорд; Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо; Филипс, Рајс,…

Read More

Францускиот играч за врска Адриен Рабио би можел да се пресели во Барселона. Новинарот Жерар Ромеро објави дека играчот на Јувентус им бил понуден на Каталонците како слободен играч, а Барселона веќе најавила преговори со неговата мајка, која воедно е и негов застапник. Италијанците и натаму се обидуваат да го продолжат договорот со него, но претставниците на играчот велат дека во моментов разгледуваат многу други опции. Рабио одигра 32 настапи во Серија А минатава сезона и постигна 8 гола.

Read More

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски од денеска го има најдобриот ранг и се наоѓа на 362. место во сингл на АТП листата. Нашиот тенисер има скок од 50 места со вкупно 131 поени или 24 повеќе во однос на претходната недела. Тоа се должи на 25-те поени со триумфот на фјучрсот во Скопје каде освои 25 поени. Втор македонски играч на ранг листата е Обрад Марковски, кој е на 1154. место со пад за две места.

Read More

Серхио Бускетс е многу блиску до трансфер во Интер Мајами, каде повторно ќе заигра со неговиот некогашен соиграч од Барселона, Лео Меси. Играчот од средниот ред, кој како слободен играч си заминува од Барселона, во наредните денови и официјално ќе ја прифати понудата на американскиот клуб. Раководството на тимот вчера ја подобрило понудата до агентот на Бускетс, која била прифатена и од фудбалерот. Бускетс ќе потпише договор со Интер Мајами до 2025 година.

Read More
NBA

Вашингтон се согласил да го замени трикратниот Ол-стар учесник Бредли Бил во Феникс, објави инсајдерот, Адријан Војнаровски. За возврат, Визардс ќе го добијат Крис Пол, но исто така и Лендри Шамет и неколку драфт пикови во втората рунда на годинешниот Драфт. Феникс нема избор од првиот круг што може да го вклучи во трејдот. Според информациите, најверојатно ќе бидат потребни неколку дена за да се затвори договорот. Минатото лето, 29-годишниот Бил потпиша нов петгодишен договор со Визардс вреден 251 милион долари. Тој е единствениот актуелен НБА играч кој има право на вето во договорот, па размена во друга екипа е…

Read More