Женската репрезентација на Македонија забележа победа и во дуелот од 4. коло против Исланд. Вториот поен го донесе нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која во вториот сингл меч ја совлада Софија Солеј Јонасдотир со 2-0 во сетови (62 60) за 54 минути игра. По водство од 2:0 за Македонија мечот во двојки нема да има влијание на победникот во дуелот. Во првиот меч Магдалена Стоилковска ја победи Ана Софија Гронхолм со 2-0 во сетови (61 60). Во мечот во двојки за Македонија ќе настапат Александра Симева и Ива Данева.
Author: saso
Ракометниот суперлигаш Тиквеш следната сезона ќе биде наш претставник на меѓународна сцена, денеска донесе уште едно засилување. Станува збор за Обина Ани, интернационалец и репрезентативец на Нигерија. Управата на кавадарчани периодов засилено работи на комплетирање на ростерот за следната сезона, како со обновување на договорите на актуелните играчи, така и со доведување на адекватни засилувања кои ќе го кренат квалитетот на екипата на едно сосема друго ниво.
Кошаркарот на Вашингтон, Кристапс Порзингис, кариерата ќе ја продолжи во Бостон, додека играчот на Селтик, Маркус Смарт ќе се пресели во Мемфис. Договорот во кој се опфатени три клуба вклучува ангажман на Смарт во Бостон од Мемфис во замена за неколку избори во првата рунда на драфтовите во НБА во 2023 и 2024 година. Во овој трејд, Вашингтон ќе го добие Тајс Џонс од Мемфис и играчите на Бостон Мајк Мускала и Данило Галинари, заедно со овогодинешниот пик од вториот круг на драфтот.
Един Џеко и официјално се сели во Турција. Фенербахче денеска со клупско соопштение потврди дека исклусниот голгетер во новата сезона ќе го облече дресот на славниот турски состав од Истанбул. По две сезони, напаѓачот како слободен играч се збогува со Интер и е подготвен да започне нова авантура. „Един Џеко ќе дојде во Истанбул да ги помине здравствените контроли и да го комплетира трансферот. Потоа ќе го преставиме пред навивачите и јавноста“, се вели во соопштението кое го објави турскиот клуб.
Претставникот на УЕФА, Џозеф Климент, верува дека руските клубови наскоро ќе се вратат во европските натпреварувања. „Мило ми е што сум повторно со вас, на вашата конференција во Москва. Би сакал да ви ги пренесам најубавите желби од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и од целата асоцијација. УЕФА обединува 55 асоцијации, нашата мисија е еднаков развој. Го развиваме фудбалот, но мора и да го заштитиме. Пандемијата стана пример дека ако се обединиме ќе ги надминеме сите пречки. Сега сме пред уште еден предизвик, многу сериозен. Веруваме дека УЕФА ќе ги надмине и овие тешкотии. Дека наскоро ќе се сретнат не…
Македонскиот репрезентативец Енис Барди е се поизвесно дека летово го напушта тимот на Трабзонспор, но се уште е неизвесно која ќе биде неговата следна дестинација. Турските медиуми утрово лиферуваа информација дека Трабзонспор веќе има понуда на маса за Барди која наводно доаѓа од една од екипите во американската МЛС лига. Барди има договор со Трабзонспор на уште 2 години, но Турците се решени да го продадат. Неколку тимови од МЛС внимателно ја следат состојбата на играчот и се претпоставува дека веќе има една понуда, која не е во висина од 4,5 милиони евра колку што бараат Турците.
Ливерпул повеќе не е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела, пишува Liverpool Echo. Клубот смета дека сумата која Интер ја бара за него е нерална. Ливерпул се уште нема дадено официјална понуда за Барела. Сепак, Њукасл е активно заинтересиран за него. „Страчките“ понудија 60 милиони евра, но веднаш беа одбиени. 26-годишниот Италијанец минатата сезона во дресот на „нероаѕурите“ постигна 6 гола и имаше 6 асистенции.
Македонскиот каратист Емил Павлов денеска ќе го има својот прв настап на Европските Игри во Краков, Полска. Тој во рамките на својата категорија ј аочекува првата борба со Милош Сабиецки од Полска во воведниот меч на карате турнирот. Павлов е дел од Групата А каде го очекуваат уште две пресметки, со Бурак Ујгур од Турција и Стефан Команеску од Романија.
Од 23 до 28 јуни во Струга ќе се одржи силен Интернационален џудо натпревар и камп „Струга опен 2023“, во организација на ЏК Дрим од Струга и „Порака Нова“ – Струга. Манифестацијата ќе привлече голем број натпреварувачи од регионот и континентот. „Во рамките на натпреварот ревијално ќе се натпреваруваат и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот Judo4All. На настанот очекуваме повеќе од 600 гости, џудисти, тренери од повеќе држави од регионот и Европа“, информираат организаторите. Натпреварот ќе се одржи во Спортскиот центар „Тими“ в сабота, на 24 јуни, со почеток во 10:00 часот.
Сандро Тонали се сели во Премиер лигата и следната сезона ќе игра за екипата на Њукасл. Трансферот на младиот фудбалер на Милан треба да биде завршен наскоро, откако тој ја прифатил понудата на Англичаните за плата од 10 милиони евра годишно, па сега се очекува само клубовите да се договорат меѓусебно. Според инсајдерот Фабрицио Романо, англискиот клуб и играчот од средниот ред се блиску до договор кој ќе има важност до 2029 година. Италијанецот ќе заработува во Англија 8 милиони евра годишно, со можни дополнителни 2 милиони како бонуси. Њукасл продолжува да разговара за трансфер обештетувањето со Милан. Последната понуда на Њукасл…
