Дејан Георгиевски успешно ја мина првата пречка на Европските Игри во Краков. Нашиот олимпиец, денеска во првото коло во категоријата над 87 килограми обезбеди убедлива победа над Италијанецот Матиа Молин со 2:0 (14:1, 7:3) и закажа четврфинале со Андриј Харбар од Украина. Денеска уште во својата прва борба во категоријата до 73 килограми беше поразена Анамарија Георгиевска. Таа во првото коло се сретна со Ника Клепац од Хрватска и загуби убедливо со 2:0.
Author: saso
Машката јуниорска кошаркарска селекција на Македонија овој викенд го „затвори“ првиот дел од подготовките пред ЕП во Б-дивизијата кое ова лето ќе се одржи од 21 до 30 јули во Португалија. Денеска нашата селекција се сели во Гевгелија, каде ќе почне со спроведување и на вториот дел од подготовките, со учество и на меѓународниот турнир „Бобан Петковски“. На турнирот ќе настапат четири репрезентации, покрај Македонија и селекциите на Израел, Црна Гора и Грција.
ФК Работнички в среда (28 јуни), со почеток во 17 часот, ќе ги стартува подготовките за новата сезона 2023/24. Шефот на стручниот штаб Милан Илиевски во клупската база ќе го има првиот собир со фудбалерите, а потоа тимот ќе стартува и со реализација на планираната програма. Првиот дел од подготовките Работнички ќе го реализира во Скопје, а од 16 јули ќе замине во Словенија, каде ќе одигра четири пријателски натпревари. Фудбалерите во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ги минат задолжителните лекарски прегледи.
Барселона и официјално го објави потписот со германскиот репрезентативец од Манчестер Сити, Илкај Гундоан. Минатата среда беше потпишан договорот со играчот, а директорот на Барселона, Матеу Алемани одлета во Минхен за да ги потпише документите. Гундоан ќе му се приклучи на клубот откако ќе му истече договорот со Манчестер Сити на крајот на месецот. Германецот стави крај на седумгодишниот престој во премиерлигашот и ќе се пресели во Барселона како слободен фдубалер. Договорот е на 2+1 година. Активирањето на опцијата за продолжување ќе зависи од бројот на натпревари кои Гундоан ќе ги одигра во втора сезона во дресот на Барса.
Во Манчестер Јунајтед засилено почнаа да го подготвуваат ростерот за следната сезона. На „Олд Трафорд“ се очекуваат големи засилувања, но ништо не може да се направи додека клубот не продаде неколку првотимци, а наводно Ерик тен Хаг ставил дури 13 фудбалери на трансфер листата и дал зелено светло за нивна продажба. Англиските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ мора да инкасираат околу 150 милиони евра од продажбата на играчи ова лето за да имаат можност да доведат нови засилувања. Дони ван де Бек, Фред, Ентони Еланга, Ханибал Мејбри, Алекс Телес, Ерик Бејли, Брендон Вилијамс и Зидан Игбал веќе се на трансфер…
По купувањето на 90% од акциите на ФК„ Академија Пандев“ АД од страна на „Брера Холдинг ПЛЦ“, денеска од струмичкиот прволигаш информираа дека клубот се ребрендира како ФК „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА“ АД. Преименувањето е во согласност со позитивната законска регулатива во земајва, откако во Собранието на клубот влегоа новите акционери, при што е избран нов Одбор на директори, а за претседател е назначен Горан Пандев. Согласно веќе донесените акти, новата сопственичка структура одлучи новото име да биде спој на досегашното со името на новите инвеститори како и на градот Струмица како локација и место од кое произлегоа плејада на…
Новак Ѓоковиќ го загуби првото место на АТП листата, каде од денеска на врвот се наоѓа младиот Шпанец, Карлос Алкараз, кој има 80 повеќе од српскиот тенисер. Сепак, Ѓоковиќ може брзо да се врати на врвот, веќе во Лондон, секако ако успее да постигне добар резултат на Вимблдон. Дури и да не ја освои 24-тата Грен Слем титула, по Вимблдон тој може да се врати на тронот. Карлос Алкарас по освојувањето на титулата на турнирот во Квинс ја презеде лидерската позиција и ќе биде прв носител на третиот Грен слем во сезоната.
Првиот пик на годинешниот НБА драфт, Виктор Вембањама, ќе го пропушти претстојниот Мундобаскет, бидејќи сака да се подготви за својата дебитантска сезона во НБА. Францускиот репрезентативец во интервју за „Л’Екип“ вели дека тешко ја донел оваа одлука, но дека во моментов тоа е разумна одлука. Тој пред неколку дена изјави дека намерата му била да игра во Летната лига за да се подготви за Мундобаскетот, но очигледно е дека после тоа се предомислил. Светското првенство се игра од 25 август до 10 септември, а Франција е во група со Канада, Летонија и Либан. Вембањама беше драфтуван од Сан Антонио Спарс.
Напаѓачот на Рома, Андреа Белоти го продолжи договорот со клубот. Новиот договор на италијанскиот интернационалец е до 2025 година. „Чувството е неверојатно. Импресиониран сум од градот и страста на навивачите. Почувствував колку голем клуб е Рома штом пристигнав тука. Мојот нов договор е логично продолжение на патувањето кое започна минатата година“, изјави Белоти. Белоти во дебитантската сезона со тимот на „волчицата“ одигра вкупно 47 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 4 гола, но ниту еден во Серија А.
Барселона денеска треба да го објави потписот со германскиот репрезентативец од Манчестер Сити, Илкај Гундоан. Според „Мундо Депортиво“, клубот денеска има намера да се огласи за трансферот на капитенот на Манчестер Сити. Минатата среда беше потпишан договорот со играчот, а директорот на Барселона, Матеу Алемани, одлета во Минхен за да ги потпише документите. Договорот е на 2+1 година. Активирањето на опцијата за продолжување ќе зависи од бројот на натпревари кои Гундоан ќе ги одигра во втора сезона во дресот на Барса.
