Author: saso

Унгарскиот играч за врска, Доминик Собослаи денеска официјално е промовиран како второто ново засилување за Ливерпул во летниот трансфер прозорец. Откако ги договори условите и успешно ги заврши медицинските прегледи, по Алексис Мек Алистер и Собослаи го потврди трансферот во редовите на „црвените“. Унгарецот пристигнува на „Енфилд“ по две и пол години минати во Бундеслигата во дресот на Лајпциг, каде што забележа 91 настап во сите натпреварувања. 22-годишниот играч за врска ќе го носи дресот со број 8 во редовите на Ливерпул.

Read More

Челзи веќе дал понуда од 60 милиони евра до екипата на Јувентус за потписот на Душан Влаховиќ, но преставниците на „Старата Дама“ веднаш ја одбиле оваа понуда, јавуваат италијански извори. Влаховиќ во Јувентус е од јануари минатата година. Договорот на играчот со составот од Торино истекува во летото 2026 година. Во сезоната 2022/23, Србинот одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигна 14 гола и направи 4 асистенции. Според информациите, Јуве за негова слобода бара најмалку 75 милиони евра.

Read More

Претседателот и косопственик на Интер Мајами, Хорхе Мас изјави дека уште двајца европски фудбалери би можело да се појават во дресот на американскиот тим. По Лео Меси и Серхио Бускетс, Интер Мајами се обидува да ги добие и Жорди Алба и Луис Суарез. „Разговаравме со Жорди Алба и Луис Суарез кој има договор и ослободителна клаузула. Не знам дали ова ќе се случи или не. Разговаравме со Ди Марија, но тој планира да потпише договор со друг клуб. Сите огласи за договори ќе бидат објавени до 15 јули“, изјави Мас во интервју за Ел Паис.

Read More

Денеска во Виена со ждрепка беа одреднеи групите за новата сезона во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. Оваа година, по една сезона пауза, Македонија се враќа со свој клуб во елитната конкуренција, а тоа ќе биде новиот шампион Е. Пелистер. Битолчани ќе бидат дел од групата „А“ каде за ривали ги добија силните Кил, ПСЖ и Киелце од првиот шешир, како и екипите на Алборг и ПИК Сегед од вториот шешир. Последните два ривали за битолчани се Колштад и ППД Загреб. Групната фаза на ЛШ почнува на 13/14 септември.

Read More

Најголемата ѕвезда на Реал (М) во моментов, Бразилецот Винисиус Жуниор во блиска иднина ќе го продолжи договорот со клубот. Новиот договор со крилниот напаѓач во текот на оваа недела или на почетокот на следната, објави радиото Кадена Сер. Новиот договор ќе биде на 5 сезони, а во него ќе биде ставена и клаузула за предвремено раскинување на соработката во висина од 1 милијарда евра. Новиот договор ќе донесе и дополнителни бонуси за лојалност. Покрај тоа, Бразилецот со новиот договор ќе може да добие бонус исплата доколку ја освои „Златната топка“.

Read More

Руската фудбалска федерација утрово потврди дека некогашниот српски судискиинтернационалец Милорад Мажиќ следната сезона ќе се грижи за судиите во оваа земја. Поранешниот српски судија во Москва потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година. По две години на Кипар, и една сезона во Кина, Милорад Мажиќ ја прифати поканата од Русија и врз основа на неговите одлични врски со врвот на судиската организација, подготви сет мерки за подобрување на тамошната организација.

Read More

Еден од домаќините на претстојниот Мундобаскет, Јапонија, остана без својата најголема кошаркарска ѕвезда – Руи Хачимура, кој го откажа настапот на шампионатот. Хачимура сака да се посвети на кариерата во НБА, откако ова лето стана ограничен слободен агент. „Тоа беше тешка одлука, но по минатата сезона и долгиот плеј-оф, решив да дадам приоритет на мојата идна кариера во НБА и да се подготвам за првпат како слободен агент. Ќе се фокусирам на тренинзите и ќе го подготвам телото за следната сезона“, изјави Хачимура. Мундобаскетот е закажан од 25 август до 10 септември, а Јапонија е во група со Германија, Финска…

Read More

Медиумите во Италија тврдат дека Адриен Рабио одлучил да го продолжи договорот со Јувентус, подготвен да добие значително помалку пари од тоа што му нуди Манчестер Јунајтед. Французинот ќе биде слободен играч кога ќе му истече актуелниот договор на 30 јуни и за него имаше понуди од неколку клубови, пред се од Јунајтед, кој исто така го посакуваше и минатото лето. Според Скај Спорт Италија, Рабио внимава на деталите кога е во прашање новиот договор, па по се изгледа то ќе биде нов едногодишен договор со истата плата што ја добива во моментов, а таа е значително помала од онаа што…

Read More

Маркус Турам денеска треба да полета за Милано, каде треба да го комплетира трансферот во екипата на Интер. Според инсајдерот Фабрицио Романо, напаѓачот за денеска има закажано лекарски преглед, по што ќе потпише петгодишен договор со „нероаѕурите“. Турам во дресот на Интер ќе добива 6,5 милиони евра годишно. Тој ќе се приклучи на новиот тим на Симоне Инзаги во кој ќе има доста промени од ростерот со кој располагаше сезонава. Инаку, Турам го заврши договорот со Борусија (М) и како слободен играч доаѓа во Милано.

Read More

Денис Закарија би можел да остане во Премиер лигата по позајмица во Челзи. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Вест Хем е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред, кој се уште е во сопственост на Јувентус. Како што објавија италијанските медиуми, клубовите веќе преговараат. Претставниците на тимовите се слушнале неколкупати, но засега нема јасен договор. Во Премиер лигата, Швајцарецот одигра 7 натпревари, но тоа не беше доволно да го убеди Челзи да го задржи и за следната сезона со перманентен договор.

Read More