Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски остана со 131 поен на новата АТП листа, но регистрира пад од четири места и се наоѓа на 366-та позиција на новата ранг-листа објавена денеска. Скок од 40 места има Гораз Србљак, кој сега е рангиран на 1117 место. Овој напредок кај Србљак се должи што неколку недели во континуитет има пласман во второто коло на фјучрс турнирите. Пласман од нашите тенисери има уште Обрад Марковски, кој е на 1213 место во пад од 59 места.
Author: saso
Претседателот Стево Пендаровски денеска на посебна свеченост одликува пет истакнати спортисти, великани и легенди „со медалот за заслуги за Република Маедонија“ кои оставиле голем придонес за афирамција на македонскиот спорт и држава. Со медал за заслуги се одликуваа Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски Буштур (постхумно), Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски.
Како што објавија босанските медиуми утрово, Фарук Хаџибегиќ дефинитивно повеќе не е селектор на БиХ. По очајните резултати во квалификациите за ЕП, а особено поразот од Луксембург со 0-2 во Зеница, Хаџибегиќ ја загуби довербата на првиот човек на тамошната Федерација, но и на целата спортска јавност. Сосема извесно беше дека отказот не му бега. Денеска пристигна и официјалната потврда за неговата смена. Босанците веќе се во потрага по негов наследник.
Светската кошаркарска федерација ги утврди деталите поврзани со претстојните претквалификациски турнири кои водат кон учество на Олимпијадата во Париз во 2024 година. Македонија ќе игра во Талин, а според најавата првиот меч ќе го имаме на 12 август. Противник ни е селекцијата на Израел, а таа средба во „Тондираба Ајс“ Арената е закажана за 19 часот. Еден ден подоцна, на 13 август, во исто време, од 19 часот, нашите најдобри кошаркари ќе играат против селекцијата-домаќин, Естонија. По еден ден пауза, поточно на 15 август, од 16 часот, следува и дуелот против репрезентацијата на Чешка. Првопласираните две репрезентации од собирот во…
РБ Лајпциг денеска и официјално го објави потписот на Криштоф Баумгартнер од Хофенхајм. 23-годишниот австриски репрезентативец потпиша петгодишен договор со „биковите“, заклучно до 2028 година. Баумгартнер сега е вториот најскап играч што Лајпциг некогаш го купил за околу 27 милиони евра. Потписот на Баумгартнер е четврти за Лајпциг ова лето. Пред крајот на сезоната, Лајпциг веќе ги договори зделките за Бенџамин Шешко и Николас Зејвалд од Салцбург. На крајот на сезоната го најавија потпишувањето на Леополд Зингерле од Падерборн како резервен голман, а следната недела на позајмица ќе го добијат и Карваљо од Ливерпул.
Офанзивниот играч за врска на Ливерпул, младиот Фабио Карваљо, ова лето ќе го напушти тимот на „црвените“. Според информациите потврдени од повеќе медиуми, Ливерпул ќе го испрати својот млад играч на позајмица во германски РБ Лајпциг. По долги преговори, „црвените“ се согласиле да му дозволат на својот играч да стекне искуство во странство. Се очекува трансферот да биде објавен следната недела.
Баерн и официјално го објави потписот со вториот нов играч ова лето. Португалскиот интернационалец Рафаел Гереиро потпиша тригодишен договор со Баварците. 29-годишниот лев бек пристигнува со слободен трансфер од Борусија Дортмунд. „Го направив мојот избор брзо штом ме повика Баерн. За мене е чест да играм во толку голем клуб и го ценам Томас Тухел од нашето време заедно во Дортмунд“, изјави Гереиро за официјалниот сајт на Баерн.
Деклан Рајс сè уште претпочита преселба во Арсенал пред Манчестер Сити, и покрај тоа што шампионот влезе во трка за неговиот потпис. Според весникот „Сан“, Сити сериозно влезе во борба за Рајс, но фудбалерот го гледа Арсенал како вистински избор за себе. Капитенот на „чеканите“ сака да остане во Лондон и е отворен за преселба во „топчиите“ откако стана свесен за интересот на клубот од северен Лондон. Тој е многу приврзан за своето семејство и ќе направи се за да остане со нив.
Сан Антонио Спарс сосема очекувано го избраа Виктор Вембањама како прв пик на драфтот 2023. 223 сантиметри високиот Французин е најочекуваниот прв пик на драфтот во НБА лигата по Леброн Џејмс, и стана првиот играч што Спарс го избраа како прв пик од 1997 година и изборот на Тим Данкан со кој освоија пет шампионски титули. Шарлот Хорнетс го избра крилото Брендон Милер од Универзитетот во Алабама како втор пик, а Скут Хендерсон, за кој многумина велат дека би бил прв пик на повеќето драфтови, падна на третото место отиде во рацете на Портланд Трејл Блејзерс, кои се уште не…
Македонскиот каратист Емил Павлов со два порази и само една победа ги заврши настапите на Европските Игри во Краков, Полска. Тој во рамките на својата категорија во првата борба беше поразен од Милош Сабиецки од Полска со 8:4. Во вториот меч од групата А, Павлов со убедливи 6:0 славеше над Бурак Ујгур од Турција, но во третата решавачка борба за пласман во следната фаза, не успеа да слави против Стефан Команеску од Романија. Иако одлично се држеше цела борба, на крајот Романецот дојде до победа од 6:4. Со овој пораз Павлов го заврши настапот на ЕИ 2023.
