Марко Ројс се откажа од капитенската функција во Борусија Дортмунд. 34-годишниот играч од средниот ред ја носеше лентата 5 сезони (од 2018 година). За тимот како капитен одигра 178 натпревари во сите натпреварувања. Вкупно има 387 меча и 161 гол со Борусија со која два пати го освојуваше Купот на Германија. „Имав време да размислувам за тоа додека бев на одмор и решив да се откажам од капитенството. Пет години со гордост бев капитен. Тоа беше голема чест за мене“, изјави Ројс.
Author: saso
Искусниот холандски дефанзивец Дејли Блинд би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија, тврди новинарот Фабрицио Романо. Според изворот, 33-годишниот Холанѓанец е блиску до трансфер во Жирона како слободен играч. Играчот наскоро ќе биде подложен на лекарски прегледи. Блинд ја започна минатата сезона во Ајакс пред да се пресели во Баерн во зима.
Играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт од денеска и официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ и официјално го објавија трансферот на 24-годишниот играч за врска, кој потпиша договор на 5 години со можност за продолжување на уште една година. Претходно беше објавено дека трансферот на Маунт ќе го чини Манчестер Јунајтед 55+5 милиони фунти. Платата на Англичанец ќе биде од 250 до 300 илјади фунти неделно бонуси.
По денеска потврдениот трансфер на Роберто Фирмино, саудискиот клуб Ал Ахли сака да доведе уште еден фудбалер од шампионската генерација на Ливерпул. Садио Мане е следната трансфер цел на Ал Ахли. Клубот од Саудиска Арабија бара да го купи сенегалскиот крилен напаѓач по трансферот на неговиот поранешен соиграч од Ливерпул. Потпишувањето на Мане е една од приоритетните цели на саудискиот клуб ова лето. Интерес за фудбалерот на Баерн покажуваат и Ал-Итифак и Ал-Наср.
Францускиот шампион Пари Сен Жермен утринава најави заминување на Криштоф Галтие, а главниот тренер го напушти главниот град по една сезона на чело на тимот. Судбината на поранешниот тренер на Сент Етјен и Лил беше целосно потврдена само неколку дена по последниот натпревар од сезоната, но долготрајните разговори за неговиот раскин на договорот го оставија клубот во менаџерска неизвесност. Наводно, разговорите продолжиле изминатиов понеделник, а вчера бил постигнат договор за пакетите за отштета што Галтие и неговиот помошник Тиери Олексјак ќе ги добијат. Галтие сега ќе биде заменет со Луис Енрике, а Шпанецот ќе биде претставен попладнево на прес-конференција во…
Според германски „Билд“, тренерот на Баерн (М) Томас Тухел требал лично да го посети капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн за да го убеди да се пресели во Баварија. Баерн Минхен не се откажува од Кејн, па сега во трката по неговиот потпис се вклучува и екс-менаџерот на Челзи. Кристијан Фалк, кој многу внимателно го следи Баерн Минхен, на својот Твитер пишува дека Томас Тухел го посетил домот на Хари Кејн за да го убеди на преселба во Германија. Тотенхем бара 100 милиони фунти за Хари Кејн, кои Баерн Минхен во основа не сака да ги плати. Наместо тоа, прагот…
Ињиго Мартинез од денеска е ново засилување на Барселона. 32-годишниот дефанзивец беше поврзуван со каталонскиот клуб од поодамна, но денеска трансферот е официјализиран и тој ќе биде фудбалер на Барса до јуни 2025 година. Неговата клаузула за предвремено заминување ќе биде 400 милиони евра. Мартинез пристигнува во Барселона како слободен играќ бидејќи оваа сезона ги заврши настапите за Атлетик (Б).
Ал Ахли доцна синоќа го објави трансферот на Роберто Фирмино. Бразилецот кој летово си замина од Ливерпул, е уште еден во низата играчи од големите европски клубови кои кариерата ја продолжува на Блискиот Исток. 31-годишниот Бразилец потпишал договор со Ал Ахли до 2026 година. Во тимот од Џеда, Фирмино доаѓа како второ големо летно засилување по голманот на Челзи, Едуард Менди кој беше купен за 16 милиони фунти. Со оглед на тоа што летово и нашиот Алиоски се врати во Ал Ахли по завршувањето на позајмицата во Фенербахче, тој сега за соиграч ќе го има бразилскиот ас.
Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, сепак, може да потпише нов договор со клубот, соопшти „Скај Спорт Италија“. За српскиот интернационалец не е пристигната конкретна понуда, што им дава надеж на „римските орли“ дека евентуалниот предлог за нов договор ќе биде прифатен. Милинковиќ-Савиќ во моментов има договор со клубот до 2024 година. Лацио му стави цена од 40 милиони евра, но оваа сума изгледа висока на сите заинтересирани.
Тренерот на Флуминенсе, Фернандо Диниз е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, соопшти локалната фудбалска конференција. Договорот на специјалистот е на една година и ќе стапи на сила од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во септември. Диниз (49) ќе ја продолжи својата работа во Флуминенсе, каде е тренер од 2022 година. Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригез исто така потврди дека Карло Анчелоти ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил по Копа Америка во 2024 година.
