Author: saso

Интер го официјализира новиот договор на Стефан де Врај, кој ќе биде со важност до летото 2025 година. Во основа, претходниот договор со дефанзивецот беше до крајот на сезоната, но веќе на 20 јуни неговиот агент најави дека ќе има нов. Тогаш беше откриено дека тој ја одбил и понудата од Саудиска Арабија. Според новинарот Николо Шира платата на дефанзивецот сега ќе биде 3,8 милиони евра.

Read More

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ го продолжи договорот со руски Уникс Казан и покрај бројните најави дека ќе се пресели во белградски Партизан. Димитријевиќ потпиша нов двегодишен договор со Уникс и ќе остане да игра во ВТБ лигата. Македонскиот кошаркар во Уникс дојде пред почетокот на сезоната 2022/23 и стана шампион на ВТБ лигата, а беше прогласен за МВП на плеј-офот.

Read More

Килијан Мбапе, конечно, излезе во јавноста со коментар за својата иднина. Тој навести дека ова ќе биде негова последна сезона во француската лига, бидејќи има намера да го одработи договорот со ПСЖ до 2024 година, а потоа да си земине како слободен играч. Сепак, парижани остануваат на ставот дека доколку Мбапе не потпише нов договор, ќе биде продаден ова лето. „Кои се причините да верувам дека ова е мојата последна сезона во Лига 1? Едноставно е, јас сум конкурентен и кога играм тоа е за победа. Не е важно каде играм и со кој тим. Никогаш не се смирувам. Сакам…

Read More

Дефанзивецот на Лидс Јунајтед, Диего Љоренте повторно е во составот на Рома. „Волчицата“ успеала да направи нов договор за една година закуп до крајот на сезоната 2023/2024. 29-годишниот фудбалер се пресели на „Олимпико“ на позајмица во јануари и имаше 12 настапи Рома. Жозе Мурињо очигледно има доверба во него и затоа инсистираше тој да остане и за следната сезона.

Read More

Тотенхем ќе донесе ново засилување во централниот дел од одбраната, па зато апред затворањето на летниот преоден рок лондончани се надеваат дека ќе успеат да договорат барем едно ново име. Во моментов Тотенхем е во преговори со двајца играчи од Бундеслигата. Станува збор за Мики ван де Вен од Волфсбург и Едмонд Тапсоба од Баер Леверкузен. Во моментов се водат преговори со двата клуба во исто време.

Read More

Манчестер Јунајтед е подготвен ова лето да го купи фудбалерот на Аталанта, Расмус Хојлунд. Ерик тен Хаг е очаен да ангажира напаѓач и верува дека Хојлунд е најприфатливата опција во моментов. Разговорите за почетната сума се одржани и сега се бара решение за да се затвори договорот. Јунајтед очекува Хојлунд да се приклучи заедно со уште еден фудбалер од Серија А во името на голманот на Интер, Андре Онана.

Read More

Младата португалска ѕвезда Жоао Феликс ова лето најверојатно ќе се пресели во ПСЖ. Атлетико (М) сака да се ослободи од Португалецот, а и Феликс сака да го напушти клубот, но кочницата за неговото заминување е преголемото обештетување кое го наметнува самиот факт што Атлетико и плати на Бенфика за него 126 милиони евра. Шпанска „Марка“ пишува дека и покрај сето тоа Пари Сен Жермен го сака Португалецот, нема намера да фрла огромни суми за негов трансфер. Атлетико сака да заработи најмалку 100 милиони евра, но сумата засега е преголема и за францускиот шампион. Французите бараат идеално решение и за двете…

Read More

Англискиот фудбалски клуб Фулам и бразилскиот играч за врска Вилијан се блиску до потпишување на нов договор со кој играчот ќе остане уште една сезона на Крејвен Котиџ, пренесува „Атлетик“. Според информациите, Вилијан ја одбил првата понуда на Фулам, која била со идентична плата од минатата сезона – околу 50 илјади фунти неделно. Сепак, втората е речиси двојно зголемена и Бразилецот најверојатно ќе остане во лондонскиот клуб. 34-годишниот Вилијан минатата сезона имаше 30 настапи за Фулам и забележа пет гола и шест асистенции.

Read More

Нашата млада кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години, вечерва почнува со настап на Европското првенство од Б-дивизијата во Скопје. Нашите младинци вечерва против Чешка од 18.30 часот во СРЦ „Кале“ ќе го одиграат првиот меч од групната фаза. Целите на репрезентацијата се јасни. Прво да се помине групата, а потоа, со помош и на публиката, да се „влезе“ во првата „тројка“ на првенството. Еден од кошаркарите кој ќе бидат во фокусот на шампионатот, Андреј Митревски, ќе ја има и капитенската лента и ќе го предводи нашиот национален младински тим на овој шампионат. „Ова е Европско првенство, тука нема слаби…

Read More

Американската спринтерка Ша’Кари Ричардсон го истрча најдоброто време оваа сезона на 100 метри на американските квалификации за Светското првенство. На трките во Јуџин, Ричардсот оствари време од 10,71 секунди. Светското првенство ќе се одржи во Будимпешта од 19 до 27 август. Американката го подобри најдоброто време (10,75 секунди), поставено од Мари-Жозе Та Лу од Брегот на Слоновата Коска во Осло на 15 јуни. Ричардсон го пропушти Светското првенство во 2022 година што се одржа во Јуџин и Олимпијадата во 2021 година затоа што беше суспендирана откако беше позитивна на тест за канабис.

Read More