Author: saso

Ливерпул и Њукасл нема да можат да го купат крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Киеза се додека не продадат дел од постоечкиот играчки кадар. Јувентус и официјално потврди дека се подготвени да ги разгледаат понудите за Киеза, но само ако се повисоки од 50 милиони евра. Ливерпул и Њукасл се подготвени да направат обид да го купат Киеза, доколку продадат дел од своите фудбалери. Ливерпул е подготвен да понуди 40 милиони евра за Киеза, но тоа нема да биде доволно.

Read More

„Романтичарите“ од Дебар Маало вчера се засилија со македонскиот репрезентативец Томче Гроздановски, а нов едногодишен договор потпиша и капитенот Крсте Велкоски. Велкоски кој с еврати минатата сезона во Работнички и официјално парафираше договор со Работнички до јуни 2024 година. „Најубаво е дома. Со Работнички се разбираме со поглед и драго ми е што во пресрет на новата сезона хоризонтот пред нас е сѐ поширок. Верувам дека заедно со момците можеме многу во новиот шампионат, а Работнички секако во себе има шампионски гени“, изјави капитенот Крсте Велкоски.

Read More

Македонскиот првак струга ТЛ одигра нерешено без голови на гостувањето кај Жалгирис во првиот меч од квалификациите во Лигата на шампионите. Тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро истакна задоволство од прикажаното на првиот натпревар. „Првата средба на нашиот тим во Лигата на шампионите беше позитивна, како резултатски, така и со прикажата игра. Презадоволен сум од екипата. На ваквите натпревари, каде што се играат два меча, се ќе заврши дури по 180 минути. Дефинитивно денеска морам да му честитам на тимот и на одиграниот натпревар. На крајот одигравме нерешено, иако имавме неколку можности да го добиеме мечот. Важно е што играчите…

Read More

Трабзонспор на официјалниот сајт објави предвремен раскин на договорот со дефанзивецот Марк Бартра. Договорот на фудбалерот беше до 2025 година, но истиот вчера е раскинат со меѓусебен договор на страните. 32-годишниот Шпанец, кој е дете мна Барселона, стана слободен играч. Бартра за турскиот клуб одигра 40 натпревари во сите натпреварувања.

Read More

Британскиот боксер Тајсон Фјури, шампион на ВБЦ во тешка категорија, ја потврди борбата против ММА ѕвездата Френсис Нгану. Борбата е закажана за 28 октомври во Саудиска Арабија. Истата нема да биде егзибициска, најавија од тимот на Фјури, туку натпреварување „според официјалните правила на професионалниот бокс со тројца судии“. Титулата на Фјури во ВБЦ, сепак, нема да биде ставена во прашање на овој дуел.

Read More

Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ одигра без голови (0:0) на првиот мечод 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите против екипата на Жалгирис. На теренот на литванскиот првак, стружани одиграа добар натпревар во кој успеаја да ја сочуваат мрежата и да си обезбедат добар стартен резултат пред реваншот на домашен терен следната недела. Жалгирис имаше неколку добри шанси и во првото и во второто полувреме, но благодарение на одличните одбрани на Ќосевски, Струга остана непоразена. Нашиот првак имаше еден зицер преку Шабани во првото полувреме и неколку добри прилики во вториот дел. Реваншот ќе се одигра за седум дена на…

Read More

ЕХФ ги потврди учесниците во Европската лига, оние кои ќр играат во квалификациите за пласман во Европската лига и оние кои директно ќе играат во групи. Директно место ќе има Алкалоид, кој го освои второто место во Супер-лигата. Вардар 1961 па пауза од една година се враќа на европската сцена и ќе игра квалифиакции за пласман во групната фаза на Европската лига. Можни противници на Вардар ќе бидат екипите на Рајн Некар Левен (Германија), АБЦ Брага (Португалија), Гранолерс (Шпанија), Винтетур (Швајцарија) и Иштад (Шведска). Ждрепката за квалификаците е закажана за 18 јули во Виена.

Read More

Фудбалерите на Македонија ЃП се подготвуваат за првиот меч со летонска РФС во првото елиминациско коло од УЕФА Конференциската лига. Пред четврточниот дуел на теренот на ФФМ, тренерот на ѓорчепетровци, Горан Симов оптимистички гледа на дуелот со Летонците. „На хартија РФС е мал фаворит, но секако ние на секој меч одиме да дадеме максимум и да победиме. Искрено се надевам дека на првиот меч на домашен терен ќе дојдеме макар до минимална победа за да гиз адржиме шансите на реваншот да се бориме за место во следното коло. Тимот е подготвен, сите играчи од ростерот се здрави и конкурираат за…

Read More

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победата над Романецот Дан Томеску (24 години, 692 место на АТП) од 2-0 во сетови (76(9) 76(5)) успеа да избори пласман на главниот турнир на Челинџерот 100 што се игра во романскиот град Јаши. Ова за Ивановски со вчерашната победа над Брендон Волкин од Австралија се првите две победи на турнири од рангот на Челинџер. Во денешниот исцрпувачки меч нашиот тенисер победи по 2 часа и 50 минути игра. Кој ќе биде противникот на Ивановски ќе се знае подоцна откако ќе завршат сите мечеви од второто финално коло од квалификациите.

Read More

Трагична вест ја потресе македонската ракометна јавност. Почина Андреј Петрески, млад ракометар на РК Аеродром. Според информациите, 19-годишниот Андреј Петрески починал во својот дом. Петрески уште од најмлада возраст беше член на РК Аеродром, играше на позицијата лево крило, а се наоѓаше и на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство. Последниот поздрав со Андреј Петрески е денеска во 12:30 часот во капелата на гробиштата во Бутел, погребот ќе биде на гробиштата во Камник.

Read More