Играчот од средниот ред на холандски АЗ Алкмар, Тижани Рајндерс е се поблиску до трансфер во Милан. Италијанците веќе постигнале вербален договор со АЗ Алкмар за трансфер на Рајндерс, информира Фабрицио Романо. „Росонерите“ ќе платат 20 милиони евра, плус бонуси за неговиот потпис. Фудбалерот на почетокот на следната недела ќе ги мине медицинските прегледи во Милано. 24-годишниот Холанѓанец минатата сезона одигра 34 натпревари во Ередивизие, постигнувајќи 3 гола и 7 асистенции.
Author: saso
Вицешампионот во Премиер лигата, Арсенал и официјално го претстави најскапото засилување, младиот играч на Вест Хем и англиски репрезентативец Деклан Рајс. „Топчиите“ платија 105 милиони фунти за англискиот репрезентативец, што го прави најскапиот трансфер во историјата на клубот од северен Лондон. Рајс повторно ќе го носи бројот 41 во својот нов клуб, а неговиот договор со Арсенал ќе биде до 2028 година со опција за продолжување. Досега најголемиот трансфер во историјата на Арсенал беше оној на Николас Пепе, кој од Лил се преслеи во Лондон за 72 милиони фунти. 24-годишниот фудбалер станува третото засилување во летниот преоден рок за „топчиите“,…
Од денеска до недела Штип четвртипат ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. На теренот на спортскиот центар „Џексон“ ќе се натпреваруваат 17 двојки од пет држави, девет во женска и осум во машка конкуренција. Македонија ќе има четири двојки, по две во двете конкуренции. Кирил Глаев и Давид Киров, односно Трајче Барбареев и Тоше Ефремов се двојките во ,ашка конкуренција кои ќе ја преставуваат Македонија, додека кај дамите боите на нашата земја ќе ги бранат Мила Вакувска и Добрина Хаџи Тосева (МКД-1), односно Моника Костовска и Стефанија Кипријановска (МКД-2). Програмата на…
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер е блиску до трансфер во Баерн Минхен, тврди новинарот Флоријан Плетенберг. Според изворот, 33-годишниот Англичанец се согласил да се пресели во редовите на германскиот првак. Договорот ќе важи до летото 2025 година со можност за продолжување на уште една сезона. Вокер минатата сезона забележа 39 настапи за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 1 асистенција. За „Граѓаните“ играше од 2017 година.
Португалскиот офанзивен фудбалер и некогашен репрезентативец, Нани потпиша договор со турскиот клуб Адана Демирспор, објави официјалниот сајт на клубот. Договорот со 36-годишниот Португалец е потпишан на една плус една година. Минатата сезона Нани настапуваше за австралискиот Мелбурн Виктори, каде имаше 10 натпревари и две асистенции. Оваа година тој реши да се врати во Европа и доби понуда од Турција која веднаш ја прифати.
Голманот на Интер, Андре Онана деновиве ќе го потпише договорот со екипата на Манчестер Јунајтед. Англискиот гигант го договорил трансферот на 27-годишниот Камерунец за сума од 50 милиони евра. Во сумата како бонус Интер може да добие уште 5 милиони евра, во зависност од настапите и резултатите на Онана. Вчера Камерунецот се појави на стартот на тренинзите на Интер за новата сезона, но очигледно наредниве денови ќе замине за Англија каде ќе треба да ги мине лекарските прегледи пред да го потпише договорот.
Играчот од средниот ред на Интер, Робин Госенс е блиску до трансфер во бунделсигашот Волфсбург. Според последните информации, 29-годишниот Германец се договорил за условите од личниот договор со „Волците“. Договорот ќе важи до летото 2027 година. Претходно беше објавено дека Унион Берлин е исто така заинтересиран за Госенс. Госенс е во Интер од јануари 2022 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна 4 гола на 49 натпревари за тимот во сите натпреварувања.
Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, му понудил на Хари Кејн претседателско место во клубот по завршувањето на неговата кариера во обид да го задржи голгетерот на „Вајт Харт Лејн“. Договорот на Кејн истекува следната година и тој досега одбиваше да потпише нов. Баерн има голем интерес за играчот, а дел од информациите велат дека Баварците веќе ги договориле личните услови од трансферот со Кејн, но двете нивни понуди досега беа категорично одбиени од Леви. Шефот на Спарс му понудил и двојно зголемување на платата на својот фудбалер, со тоа што неговата плата од 200.000 фунти неделно ќе скокне на…
Олимписките комитети на Русија и Белорусија нема да добијат покани од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за Летните игри 2024 година во Париз, објавија од организацијата. „Поканите за 203 национални олимписки комитети (НОК) ќе бидат испратени на 26 јули 2023 година. Од наведените причини, тие нема да ги вклучуваат НОК на Русија и Белорусија, како и НОК на Гватемала, кој останува суспендиран“, се вели во публикацијата. Според соопштението на ИОК, ќе одлучи за учество на спортисти од Русија и Белорусија „во соодветно време, по сопствено наоѓање и без повикување на резултатите од претходните олимписки квалификациски натпревари“.
Јувентус го избрка од тимот Леонардо Бонучи. Како што објавија синоќа италијанските медиуми, новиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли го известил дефанзивецот дека е исклучен од главниот тим. Фудбалерот бил шокиран од веста, но се согласил со оваа одлука. Бонучи ќе тренира одвоено и ќе ја пропушти турнејата на Јувентус во САД. Клубот го стави играчот на продажба, а нов капитен на Јуве ќе биде Данило. Сега иднината на Леонардо зависи од неговиот агент. Големи се шансите тој и да реши да ја заврши кариерата.
