Author: saso

Фудбалерите на Шкендија изборија минимална победа од 1:0 на првиот меч со велшки Хаверфордвест во рамките на елиминациите од Конференциската лига. Во Скопје, тетовци се намачија да дојдат до победата. По нерешените 0:0 во првиоот дел, по само две минути игра во второто полувреме со голот на Шала, Шкендија успеа да поведе. До крајот избраниците на Нухиу направија уште неколку шанси, но беа далеку од втор гол. Овој резултат го остава комплетно отворен реваншот во Велс следната недела.

Read More

Екс-шампионот Шкупи со висока победа од 5:0 се враќа од гостувањето во литванија кај Хегелман и веќе може да мисли на следниот ривал во УЕФА Конференциската лига. Вечерва во 1. коло, чаирчани го декласираа тимот на Хегелман на гостински терен, а четири гола постигна фантастичниот Реналдо Цефас. Јамајканецот погоди во 11, 45, 56 и 62. минута, додека петтиот гол беше дело на Кувен во 23. минута. По реваншот кој следната недела во Скопје ќе биде чиста формалност, Шкупи веќе може да размислува за следниот ривал, а тоа е бугарски Левски.

Read More

Македонија Ѓорче Петров со пораз ја започна својата европска сезона. Во првиот меч од првото коло од квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, „лавовите“ беа поразени во Скопје од летонска РФС Рига со 1-0. Единствениот гол беше постигнат во првото полувреме. Во 34. минута, по додавањето на Куадио, најдобриот стрелец на гостите Андреј Илиќ се најде на вистинското место и погоди за предност на својата екипа. Во вториот дел ѓорчепетровци имаа шанси за израмнување, но без вистинска реализација. Во судиското надополнување Куадио ја погоди пречката од голот на Стевковски, па Македонија ЃП на крајот можеше да биде поразена и поубедливо.…

Read More

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на Фјучрс турнирот во Рим, откако денеска во мечот од второто коло ја совлада Жибек Куламбајева од Казахстан со 2-1 во сетови (46, 62, 63) за 2 часа и 7 минути. Во решавачкиот сет Куламбајева тргна со предност (1:0), но македонската тенисерка не дозволи противничката да се „одлепи“ и по 3:3 направи серија од три гема и го доби сетот со 6:3 и со тоа и мечот со 2:1 во сетови. Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот Далила Спитери (Италија) и Сеоне Мендез (Австралија).

Read More

РК Прилеп денеска и официјално го потврди Божидар Мојсов како нов тренер на тимот. Поранешен помошен тренер на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер следната сезона ќе биде на клупата на прилепчани. Мојсов богата кариера ја започна како помошен тренер уште со формирањето на “Еурофарм Работник” и ја продолжува со спојувањето на “Пелистер” и нивните бројни успешни пласмани во македонската суперлига. Своето искуство го надополнува и со бројни настапи во европската лига и СЕХА лигата.

Read More

23-кратниот освојувач на Грен Слем трофеи, Новак Ѓоковиќ, изјави дека се смета себеси за фаворит на Вимблдон. „Не сакам да звучам арогантно, но секако се сметам себеси за фаворит. Судејќи според моите резултати овде во текот на мојата кариера, претходните четири Вимблдони што ги освоив и другите полуфиналиња, да, се сметам за фаворит“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечот во четвртфиналето. Србинот во четвртфиналето на Вимблдон го совлада Русинот Андреј Рубљев со резултат 4:6, 6:1, 6:4, 6:3. За пласман во финалето, 36-годишниот Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Италијанецот Јаник Синер.

Read More

Серхио Родригез го продолжи договорот со Реал (М) до 30 јуни 2024 година. Реал (М) денеска објави дека кошаркарот кој со Реал освои 14 трофеи ќе го носи дресот и следната сезона. Искусниот Родригез со шпанската репрезентација има одиграно 154 меча и има освоено 7 медали: 2 златни (Светски куп 2006 и Европски 2015), 2 сребрени (Олимписки игри 2012 и Европски 2007) и 3 бронзени (Европски од 2013 и 2017 година и Олимписки игри од 2016 година). Родригез ќе ја одигра својата осма сезона во дресот на „кралевите“.

Read More

Капитенот на Македонија ЃП, Филип Мишевски е оптимистички расположен пред утрешниот прв натпревар во 1. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига против РФС Рига од Летонија. „Со нетрпение го очекуваме натпреварот. Јасно ни е дека мора да одиграме максимално и 90 минути да бидеме агресивни ако сакаме успех. Мора да бидеме организирани и да дадеме се од себе на целиот меч, иако е јасно дека има и втор натпревар. Знаеме дека РФС нема пораз сезонава, па можеби е време ете во Скопје да го доживеат првиот“, истакна Мишевски на денешната прес-конференција. Натпреварот меѓу Македонија ЃП и РФС Рига од првото…

Read More

Екипата на Македонија ЃП утре од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на комплексот на ФФМ во Скопје ја очекува првиот натпревар од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против РФС од Рига, Летонија. На денешната прес-конференција, шефот на стручниот штаб на „лавовите“, Горан Симов вели дека екипата е комплетно подготвена за европскиот предизвик. „Добро го анализиравме нашиот противник и свесни сме за неговите квалитети. Имаат и добри, но и лоши страни кои ќе се обидеме да ги искористиме за поволен резултат. Нивната дисциплина на игра е навистина на високо ниво, а индивидуално исто така се добри. Свесни…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Рафиња би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Според новинарот Ашраф Бен Ајад, Каталонците добиле понуда за 26-годишниот Бразилец. Рафиња е во Барселона од минатото лето. Актуелниот договор на играчот е до 2027 година. Според информациите Барса за него ќе бара најмалку 60 милиони евра. Засега не се споменува ниту клубот од С. Арабија кој е заинтересиран за Рафиња, ниту висината на понудата која стигнала во канцеларијата на Каталонците.

Read More