Author: saso

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс може да се врати во португалскиот шампионат, објави весникот Рекорд. Според изворот, Бенфика е заинтересирана за 23-годишниот играч. Клубот сака да го позајми Португалецот на една сезона. Феликс играше во Бенфика пред да се пресели во Атлетико, каде беше продаден за рекордни 127 милиони евра. Во втората половина од сезоната 2022/23, напаѓачот играше за Челзи, но сега се врати во Мадрид каде е под договор со Атлетико, но мала е веројатноста да остане на „Ванда Метрополитано“.

Read More

Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ наводно ја прифатил понудата на Ал Хилал за преселба на Блискиот Исток. Србинот беше поврзуван со преселба во Саудиска Арабија во последните денови, а „Ла Република“ денеска објави дека играчот од средниот ред ја дал својата согласност за понудата од Ал Хилал. Нивната понуда од 40 милиони евра има позитивни знаци дека римскиот тим ќе ја прифати, а Јувентус се уште нема евентуална понуда за српскиот репрезентативец, иако најави дека се сериозни во намерите да го доведат во Торино.

Read More

Познатиот српски фудбалер Александар Коларов повеќе не е спортски директор на италијанска Пиза. Веста ја потврди новинарот Џанлука Ди Марцио, кој истакнува дека зад разделбата стојат лични, но и професионални причини. Малкумина го очекуваа ова кога Коларов пристигна на тоа место пред нешто повеќе од еден месец и потпиша двегодишен договор. Се добива впечаток дека именувањето на Алберто Аквилани за нов тренер на тимот беше камен на сопнување меѓу Коларов и управата. Коларов сакаше на ова место да го види Андреа Пирло, но очигледно управата имала други планови.

Read More

Шампионот на Саудиска Арабија, Ал Итихад, му понудил 100 милиони евра на Пол Погба. Понудата е за период од три години, а Погба преку својот агент се уште не одговорил на понудата. Арапите сега го посакуваат Погба од Јувентус, кој минатата сеозна поради повреда практично и не играше за „Старата Дама“. Погба ја посетил базата на Ал Итихад при посетата на Саудиска Арабија и најавил дека ќе ја разгледа понудата.

Read More

Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, потврди дека останува во клубот и во новата сезона. Тој тоа го изјави пред почетокот на летниот тренинг камп на „волчицата“. „Секако дека сум среќен во Рома. Дали останувам овде? Да, од утре почнуваме со тренинзи“, изјави Аргентинецот. Дибала им се приклучи на римјаните минатото лето како слободен играч од Јувентус. Во неговиот договор има откупна клаузула за италијански тимови вредна 20 милиони евра, а за клубови од странство – 12 милиони евра.

Read More

Пауло Бенто е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. 54-годишниот Португалец потпиша 3-годишен договор со Фудбалската федерација на ОАЕ. Последното работно место на Бенто беше репрезентацијата на Јужна Кореја (2018-2022). Претходно тој ги водеше и Олимпијакос, Крузеиро, португалската репрезентација и Спортинг.

Read More
NBA

Милвоки најави продолжување на договорот со Џеј Краудер. Новиот договор на 33-годишниот Американец со клубот ќе биде до крајот на сезоната 2023/24. Минатата сезона Краудер одигра 18 натпревари за Бакс, со просек од 6,9 поени, 3,8 скока и 1,5 асистенции за 19 минути на паркетот.

Read More

Навивачката група Комити се пофали со нов успех од акцијата за спас на Вардар. Според најновата информација достигната е границата од еден милион денари собрани преку продажба на сезонски билети за наредната сезона. Најголемите приврзаници на Вардар минатата седмица на прес-конференција ја презентираа идејата за спас на клубот кој тоне во огромни долгови, најавувајќи дека посакуваат да биде достигната границата од 500.000 евра. „Силата на Вардаровите навивачи! За помалце од една недела, заедно успеавме да стигнеме до првиот милион. Целта е се уште далеку, но само заедно, сплотени, како до сега, ќе стигнеме до неа!  Акцијата продолжува, со уште посилно…

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, петтипат по ред успеа да дојде до пол-позицијата на едно од годинешните трки во Формула 1. Тој поопладнево беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Британија. За него ова беше седми „пол“ оваа сезона и 27-ми во кариерата. Верстапен со ова постигнување го престигна двократниот светски шампион Мика Хакинен во вкупниот број на обезбедени пол-позиции. 1. Макс Верстапен (Ред Бул) – 1.26.720 2. Ландо Норис (Мекларен) +0,241 3. Оскар Пјастри (Мекларен) +0,372 4. Шарл Леклер (Ферари) +0,416 5. Карлос Саинц (Ферари) +0,428 6. Џорџ Расел (Мерцедес) +0,435

Read More

Давид де Хеа потврди дека си заминува од Манчестер Јунајтед, откако не успеа да ги договори условите за новиот договор. Претходниот договор на голманот истече ова лето и му беше понудена шанса повторно да потпише со значително намалена плата, но Де Хеа сега потврди дека наместо тоа ќе си замине од „Олд Трафорд“. „Би сакал да ја изразам мојата непоколеблива благодарност и благодарност за љубовта од последните 12 години. Постигнавме многу откако мојот драг Сер Алекс Фергусон ме донесе во овој клуб. Бев неверојатно горд секогаш кога ќе го облечев овој дрес. Чест ми беше да ја претставувам оваа институција,…

Read More