Author: saso

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вчера направи голем успех совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон. По мечот на социјалните мрежи Шпанецот ја коментираше неговата победа. „Ми се исполни животниот сон! Секогаш треба да верувате! Имам само 20 години, се се случува пребрзо, но многу сум горд на начинот на кој работиме секој ден. Ви благодарам на сите за поддршката, од се срце“, напиша Алкараз. 20-годишниот Алкараз стана првиот шампион на Вимблдон кој не е од големата четворка во последните 20 години. Тој е исто така најмладиот играч во Опен ерата кој ги освоил УС Опен и Вимблдон.

Read More

Играчот од средниот ред на АЗ Алкмар, Тијани Рејндерс наскоро ќе му се приклучи на Милан, објави новинарот Фабрицио Романо. Според изворот, 24-годишниот Холанѓанец денеска ќе слета во Милано. Тој за вторник има закажан лекарски преглед, веднаш потоа ќе потпише договор со „росонерите“. Рејндерс е во АЗ од 2017 година. Тој минатата сезона забележа 54 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 7 гола и 12 асистенции. Сумата на трансферот ќе биде 20 милиони евра, плус бонуси.

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер најавил дека сака да го напушти клубот откако му беше одземена капитенската лента . Според информациите, 30-годишниот Англичанец бил лут, шокиран и вознемирен кога главниот тренер на „ѓаволите“, Ерик тен Хаг, го известил за својата одлука. Мегваер сега има јасна слика дека неговиот престој на „Олд Трафорд“ е при крај. Дефанзивецот е подготвен да ги разгледа понудите од Вест Хем, Тотенхем и Челзи, кои покажаа интерес за него.

Read More

Фудбалерите на Вардар, предводени од стручниот штаб, денеска пристигнаа на Златибор во Србија, каде што по првичните подготовки во Скопје, ќе го реализираат главниот дел на летните подготовки пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Заедно со тимот на летните подготовки отпатува и Владица Брдаровски, актуелниот репрезентативец на Македонија, кој повторно го носи дресот на „црвено-црните“, Ласо Фигураедо Педрињо, второто засилување на клубот, кој доаѓа од бугарскиот тим Мињор Перник, како и Лука Трајковски, фудбалер кој претходно настапуваше за екипата на Победа Прилеп. Покрај нив во ростерот на екипата се вратија и фудбалерите Мартин Блажевски, кој минатата…

Read More

ФК Работнички утре заминува на подготовки во Терме Чатеж, Словенија. Таму ќе одигра четири пријателски натпревари. Двата последни теста се против најзвучни ривали, турскиот прволигаш Трабзонспор и саудискиот клуб Ал Етифак, чиј тренер е Стивен Џерард. Првиот тест во Словенија, Работнички ќе го има против Аждод (Израел) на 19 јули. Три дена подоцна тимот ќе одигра пријателски меч против словенечкиот второлигаш Бриње. На 25 јули, противник на Работнички ќе биде турскиот прволигаш Трабзонспор, чиј член е македонскиот репрезентативец Енис Барди. Генералната проверка на Работнички пред почетокот на новата сезона ќе биде против саудискиот клуб Ал Етифак, на чија клупа наодамна…

Read More

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа во полуфиналето на ИТФ Фјучрсот во Рим. Во дуел со Кипранката Ралука Сербан, Ѓорческа загуби во три сета со 1:2 (7:5, 4:6, 4:6). Лина успеа да го добие првиот сет по тешка борба која траеше еден час, а потоа Кипранката која има и подобар ВТА ранкинг од нашата тенисерка направи пресврт. ИТФ Фјучрсот во Рим се игра за награден фонд од 60.000 долари

Read More

Чешката тенисерка Маркета Вондроушова е новата шампионка на Вимблдон. Таа ја победи Онс Жабер во финалето на Вимблдон во женска конкуренција. Во мечот кој траеше релативно кратко, само час и 20 минути, чешката тенисерка славеше со идентички 6;4 во двата сета. 42. тенисерка на ВТА листата никогаш досега нема триумф на Грен Слем турнир и за неа ова е првиот голем трофеј во кариерата. Жабер втора година по ред не успева да го освои Вимблдон. Тунижанката минатото лето исто така загуби во финалето. Тогаш подобра од неа беше Елена Рибакина.

Read More

Играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Каиседо би можел да му се приклучи на Ливерпул, објави радиото „TalkSport“. „Црвените“ се подготвени да влезат во битка за 21-годишниот Еквадорец доколку тимот го напуштат Џордан Хендерсон и Фабињо, кои би можеле да ја продолжат кариерата во клубовите во Саудиска Арабија. Челзи веќе понуди 80 милиони евра за Каиседо, но Брајтон ја одби понудата.

Read More

16-годишната тенисерка на ТК Југ, Теона Андова е новата шампионка на Македонија, откако денеска во финалето ја победи Ива Данева со 2-1 во сетови (46 64 75). Најголема пречка за двете тенисерки беше топлото време. До шампионската титула Андова стигна откако во полуфиналето и финалето ги победи македонските репрезентативки Александра Симева и Ива Данева и тоа двете на идентичен начин со пресврт, откако го загуби првиот сет. За Ива Данева ова беше трето финале во серија (2021, 2022 и 2023) и остана со шампионскта титула од 2021 година.

Read More

Македонското едрење, по пауза од 12 години, повторно се враќа на европската и светската едриличарска сцена. Македонската едриличарска репрезентација составена од вкупно 12 едриличари ќе биде дел од Европското првенство за класата Оптимист кое ќе се одржува од денеска до 21 јули во Солун, Грција, како и Светското првенство за класата Ласер – Илка 4, кое од 23 до 31 јули ќе се одржува во Волос, Грција. На Европското првенство за класата Оптимист кое денеска стартува во Солун, Македонија ќе ја претставуваат седумте најдобри едриличари според ранг-листата во последните три години, членови на „Акватика Јахтинг“ од Охрид, Мила Булатовиќ, Гала…

Read More