Барселона постигна договор со Жирона за потписот на играчот од средниот ред Ориол Ромеу. 31-годишниот фудбалер потпиша договор со клубот до 30 јуни 2026 година, со откупна клаузула од 400 милиони евра во договорот. Во блиска иднина клубот ќе ги соопшти деталите на претставувањето на Ромеу како нов играч. Ромеу ја започна својата кариера во академиите на Улдекона и Еспањол, од 2004 до 2011 година беше во Барселона. Потоа играше за Челзи, Валенсија, Штутгарт, Саутемптон. Во сезоната 2022/23, тој забележа 34 настапи за Жирона во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола.
Author: saso
Оклахома Сити Тандер, пак, го објави потпишувањето на долгорочниот договор со српскиот кошаркарски репрезентативец, Василие Мициќ. 29-годишниот Србин во последните пет сезони играше за Анадолу Ефес. Како дел од турскиот тим, двапати ја освои Евролигата (2021, 2022) и стана МВП на Фајнл-форот. Во сезоната 2022/23, Мициќ имаше просек од 16,0 поени, 3,2 скока и 5,4 асистенции по натпревар во Евролигата.
Фудбалскиот шампион на Македонија, Струга ТЛ загуби со 2:1 на домашен терен од екипата на Жалгирис и уште на стартот ги заврши настапите во квалифиакциите за Лигата на шампионите. Стружани поведоа на 15 минути пред крајот на реваншот во Охрид со голот на Ибраими од пенал, но дозволија само две минути подоцна да примат гол за израмнување. Комплетниот пресврт гостите го направија со автоголот на Радиќ за само шест минути откако поведоа. Место меч со Галатасарај, Струга ТЛ сега ја очекува преселба во Конференциската лига и пресметка со Будуќност од Подгорица.
Баерн (Минхен) и официјално го објави потписот на Ким Мин-Јае од Наполи. 26-годишниот Кореец веќе потпиша петгодишен договор со Баерн, а денеска бешепреставен и во јавноста. Баварците на Наполи му ја платија откупната клаузула за Ким во висина од 50 милиони евра. Се очекува фудбалерот следната сезона да го носи дресот со број 3 во тимот на германскиот првак. Во меѓувреме, Кореецот се прости од навивачите на Наполи со срдечна објава на социјалните мрежи. „Благодарение на вас, Скудетото беше возможно 33 години по Марадона. До мојот клуб Наполи, г-динот Спалети, моите соиграчи и пред се на навивачите на Наполи, сакам…
Македонските одбојкари ги одбработуваат првите тренинзи од подготовките за настапот на Европското првенство кон крајот на август и на почетокот на септември во Скопје. На списокот на селекторот Јошко Миленкоски се 19 репрезентативци, кои ќе бидат во овој состав до првите контролни натпревари против Романија во Скопје. Тогаш Миленкоски ќе го скрати списокот на 16 одбојкари кои ќе останат во селекцијата до ЕП. Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Давид Стојанов Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стефан Алексов Примачи: Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Ангел Бошковски, Тоше Ефремов Либера: Дарко Ангеловски, Костадин Ричлиев, Васе Михаилов Средни блокери: Филип Маџунков, Филип…
Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски направи голем скок за 39 позиции на АТП листата оваа недела, постигнувајќи го својот најдобар ранкинг во кариерата. На новата АТП листа објавена утрово, Ивановски се најде на 331. место што е најдобар негов пласман во досегашната кариера. Голем скок на ВТА ранг листата имаше и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа. Таа успеа да скокне 25 места на ВТА листата и сега да се најде на 224. место.
Манчестер Јунајтед постигнал договор со напаѓачот Маркус Рашфорд за продолжување на неговиот актуелен договор. Новиот договор на 25-годишниот Англичанец ќе биде со важност до летото 2028 година. Рашфорд е во Манчестер Јунајтед од јануари 2016 година. Неговиот актуелен договор беше до 30 јуни 2024 година. Во сезоната 2022/23 Рашфорд одигра 55 натпревари на кои постигна 30 голови и 6 асистенции.
Младински репрезентативец на Македонија, Иван Николов од денеска и официјално го облече дресот на данскиот второлигаш Сондерјиске. 21-годишниот Николов во Сондерјиске доаѓа од Брегалница Штип, каде што беше капитен. Николов потпишал договор со данскиот клуб до летото 2026 година.
Фудбалската репрезентација на Мексико ја совлада Панама со 1-0 во финалето на Голд купот. Стрелец на единствениот гол во 88. минута беше Сантијаго Хименез. Интересно, во 33. минута Мексиканците успеаја да постигнат гол, но голот беше поништен од ВАР поради офсајд. За Мексико ова е 12-та титула од Голд купот, што само по себе преставува турнирски рекорд. Панама по третпат стана вицешампион.
Женската одбојкарска репрезентација на Турција, за првпат во својата историја ја освои силата Светска лига на нации. Во големото финале одиграно доцна синоќа, турските одбојкарки ја победија селекцијата на Кина со 3-1 (25:22, 22:25, 25:19, 25:16). Завршницата на годинешното издание на Лигата на нации се одржа во Арлингтон (Тексас, САД). Бронзените медали на турнирот ги освои селекцијата на Полска која во мечот за третото место ја совлада репрезентацијата на САД со 3-2 (25:15, 16:25, 25:19, 18:5, 17:15).
