Author: saso

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи „до 18“ години вечерва го стартува настапот на ЕП од дивизијата Б во Матошинос, со дуелот против репрезентацијата на Велика Британија. Нашиот репрезентативец Андреј Шошкиќ во пресрет на првиот натпревар смета дека и оваа генерација на кошаркари може да го повтори успехот на младинците, кои пред неколку дена успеаја да обезбедат пласман во елитата. „Зошто да не, мислам дека можеме да го повториме успехот кој го направивме со младинската селекција. Имаме хемија која треба да нè донесе до добар резултат на првенството во Португалија. Навистина добро се познаваме, добро функционираме како тим, што е исклучително…

Read More

Ракометниот клуб Бутел Скопје го продолжи договорот со еден од столбовите во одбраната, Кристијан Василевски. Во тимот остануваат и трите пивоти од минатата сезона, а нови договори беа потпишани со Дејан Михајловиќ и Владимир Јевтиќ. Во текот на преодниот рок, Бутел Скопје го ангажираше новиот тренер на тимот, Горан Кузмановски, а нови засилувања за ростерот ќе бидат бековите Лука Иваниќ и Марко Стојанов, десното крило Дамјан Георгиев, како и голманот Александар Стојаноски.

Read More

РК Вардар денеска го промовираше Марко Срдановиќ како ново засилување. 25-годишниот ракометар стави потпис на двегодишен договор со клубот и ќе биде замена за Дејан Манасков. Срдановиќ кој веќе е дел од подготовките на Вардар, денеска и официјално е промовиран за нов играч на црвено-црните. „Левото крило, Марко Срдановиќ (25) потпиша двегодишен договор со Вардар, со можност за уште една сезона доколку клубот е задоволен од неговите игри. Тој доаѓа од тимот на Металопластика од Шабац со кој оваа сезона го освои Купот на Србија“, стои во соопштението на РК Вардар.

Read More

Ребрендираниот македонски прволигаш Брера Струмица денеска промовираше уште едно ново засилување. СТанува збор за Бразилецот Ленорадо Антонио, кој е е играч за врска. Станува збор за искусен фудбалер, 26-годишен досегашен фудбалер на украински Лвов. Ленорадо одигра една полусезона во украинскиот шампионат, откако претходно три сезони го носеше дрсот на литвански Џиугас.

Read More

Според пишувањата на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, тренерот на шпанска Осасуна, Хагоба Арасате лично побарал од раководството на тимот да ја разгледа можноста да го донесат во своите редови македонскиот репрезентативец Енис Барди. Весникот пишува дека тренерот на Осасуна го насочил својот поглед кон Барди, за кого смета дека брзо ќе се снајде во неговиот тим, затоа што има одлично искуство во Ла Лига по настапот за екипата на Леванте. Осасума има нов одбор на директори кои не престануваат во напорите да доведат квалитетни засилување ова лето. За Барди во Шпанија интерес има и од Валенсија и од Жирона.

Read More

Екипата на Алкалоид се најде во групата „Ф“ заедно со дански Бјерингбро Силкеборг, шпанска ла Риоха и српска Војводина во новата сезона од ЕХФ Европската лига. На денешната ждрепка, Алкалоид ги чекаше противниците од вториот шешир и доби три квалитетни ривали против кои ќе мора да се потриди за да извојува добри резултати. Вториот македонски претставник во ова натпреварување, Вардар 1961, за влез во групната фаза ќе мора најпрво да го мине германскиот ривал Рајн Некар Левен. Ако тоа се случи, „црвено-црните“ одат во групата „А“ каде ги очекуваат екипите на Нант (Фра), Кристијанстад (Шве) и Бенфика (Пор).

Read More

Францускиот шампион Пари Сен Жермен на секој начин се обидува да го задржи Килијан Мбапе во тимот, па во обид да го натера да ја продолжи верноста кон клубот сега излезе со понуда за нов долгорочен договор, пишува „Марка“. Според изворот, ПСЖ сака да склучи договор со Мбапе на 10 години. За време на својот престој во Париз, француската ѕвезда ќе заработи една милијарда евра. Одговорот на напаѓачот и неговиот агент на овој предлог не е објавена.

Read More

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона и јапонски Висел Кобе, Андрес Иниеста би можел да се пресели во Интер Мајами, објави „Марка“. Според изданието, 39-годишниот Шпанец има прелиминарен договор со клубот од МЛС лигата. Претходно, играчи на Интер Мајами станаа Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба, сите поранешни играчи на Барселона. ЕСПН најави дека и Луис Суарез бил заинтересиран за преселба во клубот од Флорида, но засега нема договор со неговиот актуелен клуб Гремио.

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи кој минатата недела беше практично избркан од екипата на Јувентус, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер или Лацио. Како што пишуваат италијанските медиуми, овие два италијански клуба во моментов се најзаинтересирани за 36-годишниот Италијанец. Маурицио Сари, кој соработуваше со дефанзивецот во Јувентус, сака да го доведе како искусно засилување на одбраната на Лацио, а и Интер има интерес за него, но засега не се знае дали ги отворил преговорите со ветеранот на италијанскиот фудбал.

Read More

Брера Струмица денеска го претстави Салваторе Рибаудо како ново засилување за македонскиот прволигаш за следната сезона. Станува збор за млад и надежен фудбалер кој игра во нападот и веќе се приклучи на сениорскиот состав на струмичани во Банско, Бугарија. 19-годишниот Салваторе е дете на италијанскиот клуб Парма каде ги помина сите младински категории, а во Брера Струмица дојде од шпанскиот тим Реал Авила, која се натпреварува во пониските шпански лиги, каде беше од јануари.

Read More