Градоначалничката на Париз, Ан Идалго побара од Пари Сен Жермен да го задржи напаѓачот Килијан Мбапе во тимот. „Не разбирам какви натпревари игра ПСЖ. Мбапе е најдобриот играч на светот. Признавам дека не разбирам ништо за ситуацијата, но Килијан е извонреден играч, тој треба да остане во Париз. Мислам дека тоа е и негова желба. Прашањето е во постапките на ПСЖ“, изјавила Идалго. ПСЖ и натаму го притиска Мбапе да потпише нов договор, додека желба на играчот е да си го одработи договорот до крајот на следната сезона и да замине како слободен играч во Реал (М).
Author: saso
Македонскиот возач Ристо Вуков ги освои првите бодови во Порше Суперкупот на трката возена на патеката Хунгароринг. Проблематичниот старт на сезоната во кој најпрво се откажа трката во Имола, проследен со излетувањето во Монако и дефектот на моторот во Австрија, конечно донесе позитивни вибрации на трката во Унгарија. „Сите спортисти се соочуваат со разни проблеми во своите кариери, така и во мојот случај искушението беше големо. Благодарение на тестирањата што претходно ги имав на оваа патека, бев во можност тука да го дадам најдоброто од себе. Знам дека можев уште подобро бидејќи се соочивме со проблем во квалификациите кога поради…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане е уште еден чекор поблиску до трансфер во Ал-Наср, откако се појавија информации дека неговиот агент заминал за Јапонија. Агентот на 31-годишниот Сенегалец ќе се сретне со преставници на саудискиот клуб оваа недела во Токио за да разговара за условите од трансферот. Се зборува дека Ал-Наср е подготвен да плати 32 милиони евра плус бонуси за слободата на Мане.
Лионел Меси синоќа првпат беше стартер во дресот на Интер Мајами и успеа да постигне два гола за неговата нова екипа во рамките на Лига купот на САД. Интер Мајами славеше над Атланта со убедливи 4:0, а Меси ги воодушеви фановите со два гола за само 22 минути. Аргентинецот реализираше уште во 8. минута по одличната асистенција на Серхио Бускетс, за во 22. минута да донесе предност и од 2:0. За впечатокот да биде целосен, Меси имаше и асистенција за четвртиот гол на неговата екипа. Интересно, екипата на Интер Мајами стигна до првата победа со четири гола разлика без примен…
ФК Вардар денеска официјално ја обезбеди неопходната документација, односно завршната сметка и ревизијата, кои беа потребни за учество во Првата македонска фудбалска лига. Од клубот со соопштение ја информираа јавноста, во која меѓу другото се вели: „Причината поради која се доцнеше со прибирањето на потребната документација, беше долгот кој поранешниот директор на клубот Слободан Крстевски, го направил кон сметководителите. Поради тоа, бевме приморани да повлечеме средства од досегашната сума собрана од акцијата за продажба на членски карти, во вредност од 315.000 денари и да го исплатиме заостанатиот долг, бидејќи тоа беше единственото можно решение во дадената ситуација“.
Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19) денеска е исто така официјализиран како ново засилување за РК Вардар. Тој потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“. Мело игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Претходно Вардар потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер кој може да игра на три позиции (лево крило, лев бек и среден бек) Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар.
Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез е блиску до трансфер во Фулам, тврди Фабрицио Романо. Според изворот, 32-годишниот Мексиканец веќе поминал лекарски преглед и наскоро треба да потпише договор со лондончани. Трансферот ќе го чини Фулам 5,5 милиони фунти.
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев следната сезона ќе ја мине во дресот на турскиот суперлигаш Бурса ББСК. Како што потврдија од клубот, тие денеска потпишаа договор со нашиот техничар, кој ќе биде едно од трите странски засилувања за Бурса во новата сезона. Ѓоргиев минатата сезона го носеше дресот на Камбраи Волеј во Франција, но во вториот дел од сезоната беше дел од турскиот шампионат каде настапуваше за екипата на Хатај Беледиеспор. Бурса минатата сезона во турската елита заврши на 6. место.
Денеска во Нион се одржа ждрепката за 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Струга Трим Лум ако ја мине пречката наречена Будуќност во второто квалификациско коло, во третата рунда за ривал ќе го има победникот од двомечот меѓу ТНС (Велс) и Свифт Хеспер (Луксембург). Шкупи, пак, ако го мине Левски Софија во втората квалификациска рунда, тогаш во третата за ривал ќе го има победникот од двомечот меѓу Хапоел Бер – Шева (Израел) и Паневезис (Литванија). Евентуални мечеви за двете наши екипи во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции се закажани за 10 и 17 август.
Младиот српски бек Матија Николиќ успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша двегодишен договор со РК Вардар, со можност за продолжување на уште една година. Тој веќе работи со екипата во Скопје и ќе продолжи на подготовките за новата сезона. Вардар сезонава ќе има подмладен тим особено на бековската позиција. Николиќ е третото засилување за „црвено-црните, по левото крило Марко Срдановиќ кој исто така потпиша двегодишен договор со скопјани и Стефан Петриќ. Николиќ има 22 години и во последните три сезони настапуваше во словенечкиот шампионат каде го носеше дресот на Шкофја Лока.
