Македонската кошаркарска репрезентација претрпе уште еден убедлив пораз на претквалификацискиот турнир во Талин за пласман на ЛОИ во Париз 2024 година. По вчерашниот пораз од Израел, избраниците на селекторот Јончевски денеска претрпеа нов пораз, исто така убедлив од домашната селекција Естонија со 83:59. Домаќинот на турнирот доминираше уште од првата минута на паркетот и со фуриозен настап во првите 10 минути, стави точка на неизвесноста на дуелот. Ние до крајот не успеавме да се вратиме во игра, додека Естонците рутински успеаја да го приведат мечот до убедлив триумф. Најдобар поентер кај нас денеска беше Војдан Стојановски со 12 поени, додека…
Author: saso
Денеска се одиграа пет меча од 2. коло во првата македонска фудбалска лига. Дербито во Скопје меѓу Вардар и Шкупи го реши бразислкиот напаѓач Нилтињо, кој во 79. минута ги доведе гостите во водство од 0:1, што на крајот беше и конечен резултат на мечот. Сигурна победа за Силекс против Работнички од 2:0, а уште поубедлив беше Тиквеш на гости кај Гостивар совладувајќи го со 3:0. Втора сезонска победа обезбеди и Брера Струмица. ПМФЛ – 2.КОЛО ВАРДАР – ШКУПИ 0-1 СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-0 МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 1-0 ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 0-3 БРЕРА СТРУМИЦА – ВОСКА СПОРТ 2-0 ШКЕНДИЈА…
Најдобарата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа е поразена во финалето на ИТФ Фјучрсот во Осијек, Хрватска. Таа иако беше прв носител на турнирот, во финалето во два сета со 6:4, 6:3 загуби од Романката Анца Алексиа Тодони.
Јувентус се обидува да го обезбеди потписот на Доменико Берарди, јавуваат италијански извори. Тренерот на „Старата Дама“, Макс Алегри јавно изјавил дека е среќен со својот тим, но Берарди останува фасцинантен и би можел да се вклучи во тимот. Берарди сака да го напушти Сасуоло, но проблем за реализација е тоа што Сасуоло ќе бара висока сума за негова отштета. Прогнозите велат дека Сасуоло за слободата на Берарди бара 30 милиони евра.
Ѕвездата на француската репрезентација и на шампионот ПСЖ, Килијан Мбапе, кој беше исфрлен од тимот поради спор околу договорот, е вратен во првиот тим, објави парискиот клуб. „По многу конструктивни и позитивни разговори меѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе пред натпреварот ПСЖ – Лориен, оваа сабота, играчот утрово е вратен во првиот тим“, објави ПСЖ преку соопштение. Француските медиуми шпекулираат дека Мбапе ќе потпише нов договор со парижаните, а во договорот би требало да има и клаузула според која може да си замине следното лето.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа го победи Финецот Роберт Хелениус во борбата што се одржа во О2 арената во Лондон синоќа со нокаут во седмата рунда. Хелениус влезе во борбата како замена за Дилијан Вајт, откако британскиот боксер падна на допинг тест една недела пред борбата. На мечот против Џошуа издржа подолго од очекуваното, но на крајот сепак беше поразен поранешниот европски првак.
Многу неочекувана вест стигна од фудбалската репрезентација на Италија. Роберто Манчини без никакви индикации, денеска ја напуштил селекторската позиција. Селекторот кој ја предводеше својата земја до европската титула во 2021 година, но не успеа да се квалификува на Светското првенство во Катар во 2022 година, изненадувачки пред септемврискиот циклус квалификации за ЕП 2024 решил да си замине од позицијата. Тоа значи дека Италија на мечот со Македонија во Скопје доаѓа со ново селекторско име.
Баерн Минхен ја одби првата понуда на Манчестер Јунајтед за дефанзивецот Бенџамин Павард. Се шпекулира дека Французинот ќе биде замена за Хари Мегваер, кој најверојатно ќе потпише за Вест Хем, откако двата клуба се договорија за договор од 30 милиони фунти. И покрај тоа што првичната понуда на „црвените ѓаволи“ беше одбиена, Баерн и Јунајтед ги продолжуваат разговорите, со надеж дека ќе постигнат договор.
Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, кој моментално е суспендиран од првиот тим, со интересна порака го пречека Усман Дембеле, кој денеска и официјално беше промовиран како ново засилување за францускиот првак. Двајцата се соиграчи во француската репрезентација. “Добредојде дома брат мој, среќен сум што те видов овде. Авантурата започнува”, напиша Килијан на Инстаграм. Мбапе е во немилост во ПСЖ поради неговата желба следното лето да го напушти клубот како слободен играч.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на ИТФ Фјучерсот во осијек, Хрватска, откако денеска во првиот полуфинален меч во два сета успеа да слави над Романката Амариеи со 7:5, 6:4. Ѓорческа сега ќе треба да го почека второто полуфинале меѓу Лукас од Хрватска и Тодони од Романија за да го дознае својот утрешен ривал во големото финале.
