Author: saso

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси со нов гол му помогна на својот тим Интер Мајами да обезбеди финале во Лига Купот на Северна и Централна Америка, откако синоќа во полуфиналниот меч со Филаделфија, Интер Мајами славеше со 4:1. Меси ја продолжи серијата голови за Интер Мајами на сите 6 одиграни натпревари. Синоќа во 20. минута, Аргентинецот ја прими топката недалеку од центарот, тргна напред и прецизно шутираше со левата нога од триесетина метри во голот на Филаделфија. Така тој постигна гол на секој од 6-те натпревари на кои настапи за Интер Мајами во Лига купот. Тимот од Мајами, пак, успеа…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Фулам, Жоао Палиња може да се пресели во екипата на Ливерпул, објави весникот „Дејли Меил“. Според изворот, 28-годишниот Португалец е сериозна мета на Ливерпул. „црвените“ во очај бараат засилување за средниот ред по заминувањето на Фабињо, а досега веќе имаа неколку неуспешни обиди на трансфер пазарот. Палиња минатата сезона забележа 40 настапи и постигна 4 гола за Фулам.

Read More

Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе е во Швајцарија. Викендов автомобилскиот шампион го очекува нов предизвик во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), на патеката Сент Урсан во Швајцарија. Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов продолжува со својот поход. Во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки, која годинава има 10 трки, ќе се вози осмата трка. Бренд амбасадорот на Видоелотарија Касинос Австрија, Иџе ќе вози на патеката Сент Урсан во Швајцарија. Оваа патека за него не е нова. „И викендов очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на сите кои во…

Read More

Видно изменениот и подмладен состав на Македонија не успеа да обезбеди пласман во следната фаза од претквалификациите за Олимписките игри во Париз. На турнирот во Талин нашите најдобри кошаркари забележаа три порази во дуелите Израел, Чешка и домаќинот Естонија. „Направивме низа на грешки, и тоа во серија, што нè чинеше,Чесите да се одлепат резултатски. Повторно се вративме  но не целосно, за да успееме и да изненадиме. Сепак се работи за селекција во која имаат играчи од НБА и од Евролигата, за кои, во одредени делови од натпреварот и немавме адекватен одговор. Таков всушност беше и целиот турнир. Додека сите други…

Read More

Напаѓачот на Болоња, Марко Арнаутовиќ наскоро ќе му се приклучи на Интер, тврди новинарот Николо Шира. Според изворот, 34-годишниот Австриец денеска ќе биде подложен на лекарски преглед пред да го комплетира трансферот во Интер. Претходно беше објавено дека Болоња за трансферот ќе добие 10 милиони евра. Арнаутовиќ играше за Интер во сезоната 2009/10 на позајмица. Потоа одигра 3 натпревари за клубот и ја освои тројната круна како дел од миланезите.

Read More

Со убедлив пораз од 34:23 од екипата на Ал Ахли, македонскиот ракометен првак Еурофарм пелистер ги започна настапите на силниот ракометен турнир во Добој (БиХ). Синоќа во дуелот против египетскиот тим, битолчани беа комплетно надиграни во сите 60 минути. Шанса за поправен нашиот шампион ќе има попладнево кога ќе го одигра и вториот натпревар на турнирот. Противник на битолчани од 15.30 часот ќе им биде екипата на Слога Добој. РАКОМЕТ, ТВ ТУРНИР НА ШАМПИОНИ, ДОБОЈ 15.30 Слога – Е. Пелистер 17.20 Барселона – Загреб 19.10 Војводина – Целје 21.00 Монпелје – Ал Ахли.

Read More

Ал Хилал денеска го објави потписот на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар. Саудискиот клуб на својата страница на Твитер објави видео презентација на Бразилецот. Претходно беше објавено дека 31-годишниот фудбалер ќе потпише двегодишен договор со клубот. Ал Хилал ќе му плати на Нејмар околу 160 милиони евра за две сезони. Отштетата за ПСЖ ќе биде околу 100 милиони евра. Претходно, Нејмар играше за Сантос (2009-2013), Барселона (2013-2017) и ПСЖ (2017-2023). За последниот клуб одигра 173 натпревари, постигна 118 голови и даде 77 асистенции.

Read More

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски уште во првото коло доживеа елиминација на Челинџер турнирот во Полска и тоа од квалификант. Во првата рунда подобар од нашиот тенисер беше Романецот, Мариус Цопил со 2-1 по сетови 6-4, 1-6 и 6-4, кој е 350-ти на АТП листата.

Read More

Агенцијата за млади и спорт и Одбојкарската федерација на Македонија денеска го промовираа 47-то издание на традиционалниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски Чајка”. Од петок до недела, во салата “Борис Трајковски” во Скопје ќе гостуваат Египет, Јапонија и Грција, а интерконтиненталниот карактер на турнирот македонските одбојкари ќе го искористат за подготовка за Европското првенство во Скопје од 30-ти август до 6-ти септември. ОФМ на настанот го презентираше и пехарот на 33-от Европски шампионат, а ги претстави и дресовите со коишто македонските одбојкари ќе настапуваат на континенталниот собир. Петок: 17.30 Грција – Египет 20.15 МАКЕДОНИЈА – Јапонија Сабота: 17.30 Јапонија – Грција…

Read More

Со три порази, Македонија ги заврши кошаркарските претквалификации во Талин. Денеска загубивме и во последниот меч во групата од селекцијата на Чешка со 94-82. За разлика од првите два меча на оваа средба одигравме подобро, но не успеавме да се вмешаме во битка за победата. Чесите во третиот период имаа над 20 кошеви предност и јасно ставија до знаење како ќе се одвиваат работите до самиот крај. Шортс со 27 поени беше прв стрелец, по 13 поени имаа Војдан Стојановски и Андреј Андоновски.

Read More