Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница дискутираше во однос на работата и постигнатите резултати на македонската А репрезентација во квалификациите за ЕП 2024 под водство на селекторот, Благоја Милевски. Управниот одбор на ФФМ го почитува начелото „на стара слава не се живее“. Незадоволство од постигнатите резултати е впечатокот кои го делат и членовите кои одлучуваат за избор на селектор на националниот тим. Меѓутоа, имајќи ги в предвид околностите во групата во која се наоѓа македонската А репрезентација во квалификациите за ЕП 2024, распоредот на натпревари кои следува и релативно краткото време до завршување на договорот со…
Author: saso
Македонската одбојкарска репрезентација доби ден за одмор по пријателските натпревари во Кавадарци. Победа над Израел со пресврт и два пораза од Јапонија во пет сета и од Израелците во втората контрола се билансот пред враќањето во Скопје и планираниот настап на Меморијалниот турнир „Чајка“ од петок до недела. За избраниците на селекторот Миленкоски ќе има уште три сериозни контролни дуели со селекциите на Египет, Грција и Јапонија кои ќе бидат учесници на турнирот.
Бразилската ѕвезда од екипата на ПСЖ, Нејмар пристигна во Ријад на лекарски прегледи, а потоа на потпис на договор со Ал Хилал. Светските медиуми пренесуваат дека бразилскиот фудбалер ќе потпише двегодишен договор со Ал Хилал без опција за продолжување на соработката. Најдоцна во следните 48 часа тој треба да биде претставен како ново засилување на клубот од Ријад. Некои британски и бразилски медиуми наведоа дека Нејмар ќе добие 320 милиони евра за двегодишен договор, а ПСЖ ќе добие отштета од 100 милиони евра. Сепак, оваа информација не е официјално потврдена.
Реал Мадрид и официјално го објави потписот на голманот Кепа Аризабалага кој доаѓа на „Бернабеу“ на позајмица од Челзи. 28-годишниот шпански голман ќе биде замената за сериозно повредениот Куртоа до крајот на сезоната, без опција за трајно купување. Реал Мадрид можеше многу брзо да реагира по веста за тешката повреда на Куртоа и веднаш се засили со нов голман. Кепа беше во Челзи од 2018 година, но во последните две сезони се мачеше да обезбеди стандардно место на голот на „сините“. Кепа има и 13 настапи за селекцијата на Шпанија.
Виктор Осимен е многу блиску до продолжување на договорот со Наполи. Според „Скај Спорт Италија“, според новиот договор, кој ќе важи до летото 2026 година, Осимен ќе добива повеќе од 10 милиони евра по сезона. Клаузулата за ослободување ќе биде 150 милиони евра и ќе биде активирана за клубови од странство по 2024 година. За италијанските клубови, ослободувачката клаузула може да биде активирана по 2025 година. Со оваа информација паѓа во вода најавата за негова преселба во екипата на Ал Хилал.
Челзи постигна договор со Брајтон за трансфер на играчот од средниот ред Мојсес Каиседо. Сите детали се веќе договорени, а самиот договор ќе биде нов рекорд за британскиот фудбал. „Сините“ ќе ја платат сумата од 115 милиони фунти (146 милиони евра) од кои нето сума ќе бидат 100 милиони фунти, а останатите 15 ќе бидат во форма на разни бонуси. 21-годишниот репрезентативец на Еквадор ќе ги помине медицинските прегледи денеска пред да потпише осумгодишен договор до 2031 година, со опција за продолжување на уште 12 месеци. Така, Челзи ја доби битката со Ливерпул за потписот на Каиседо.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, призна дека видел добри работи од неговиот тим на вчерашното дерби со Челзи на стартот на новата сезона во Премиер лигата, но имало и некои кои не му се допаднале. „Задоволен сум од ремито. Добро го започнавме натпреварот и тоа ми се допадна. Сè што трениравме функционираше. Но, во еден момент ја отворивме вратата за Челзи, ја загубивме топката во неколку ситуации каде што не требаше. Челзи постепено ја подобруваше својата игра и моравме многу да се бориме за да останеме во игра. Видов многу работи што ми се допаднаа, но и некои што не…
Роберто Манчини кој вчера изненадувачки најави дека го напушта кормилото на италијанската фудбалска репрезентација, најверојатно тренерската кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Манчини најави заминување од италијанската репрезентација10 месеци пред почетокот на Евро 2024 година. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, 58-годишниот специјалист има голема понуда од Саудиска Арабија вредна околу 18 милиони евра годишно и најверојатно ќе ја прифати. Манчини се уште не се согласил на новата работа, но саудиската репрезентација активно го убедува. Претходно стана јасно дека Антонио Конте, Лучијано Спалети, Фабио Канаваро и Даниеле де Роси се на листата на кандидати за негов наследник на селекторската функција…
Шпанскиот шампион Барселона на стартот на новата сезона во Ла Лига одигра само 0:0 на гостувањето кај Хетафе и продолжи со неверојатната црна серија на гостувањата на овој стадион. Имено, Хетафе четири сезони по ред ја спречува Барселона да постигне гол на овие гостувања. Каталонците веќе 4 години не можат да постигнат гол на стадионот Алфонсо Перез. На претходните два меча исто така беше 0:0, а во сезоната 2020/21 победи Хетафе со резултат 1:0. Последен пат во седумдесетите години на минатиот век се случио Барса да не успеа да постигне гол против ист противник на гости 4 години по ред…
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, синоќа ја изненади јавноста со објава на социјалните мрежи со која најави привремено повлекување од нашата фудбалска репрезентација. Во објавата тој вели дека се повлекува поради нарушен однос со селекторот Благоја Милевски, но и поради одредени работи кои не функционираат во репрезентацијата. Десниот бек на Динамо Загреб во својата подолга објава на социјалните мрежи не дава детални објаснувања за својата одлука, но нагласува дека ја донел истата поради фактот што функционирањето на националниот тим оди во погрешен правец. Оваа одлука на капитенот секако е голем удар за македонскиот национален тим, а доаѓа во…
