Денеска во Талин стартува еден од неколкуте турнири во европската зона на ФИБА во рамките на олимписките претквалификации на кои учестува и кошаркарската репрезентација на Македонија. Во премиерниот меч во Естонија, попладнево од 18 часот избраниците на селекторот Јончевски за прва пречка ќе ја имаат селекцијата на Израел. Македонија за овој циклус останува без нашиот најдобар кошаркар, Димитријевиќ кој е повреден. Со неколку помлади кошаркари, ќе се обидеме да направиме изненадување. Покрај дуелот Македонија – Израел, денеска на турнирот во Талин играат и домаќинот Естонија и селекцијата на Чешка.
Author: saso
Барселона и Пари Сен Жермен постигнаа договор за трансфер на Усман Дембеле за 50,4 милиони евра. Парижаните го најавија потписот на крилниот напаѓач кој во француската престолнина ќе игра до летото 2028 година. Усман Дембеле пристигна во Барса во летото 2017 година од Борусија Дортмунд, каде беше еден од најперспективните млади напаѓачи во Бундеслигата. Дембеле го напушта клубот по 185 настапи и 62 гола, со три шампионски титули, два купа и два шпански Суперкупа.
Хари Кејн, сега и официјално е нов играч на Баерн Минхен! Германскиот хегемон се пофали со своето рекордно засилување, откако 30-годишниот напаѓач на „Алијанц Арена“ пристигна од Тотенхем, каде играше од 2009 година. Кејн потпиша договор со Баварците до летото 2027 година и во својот нов тим ќе го носи бројот 9. „Добредојде во Минхен, Хари Кејн! Ние сме многу среќни поради нашето ново врвно засилување. За реализација на овој трансфер беше потребна упорност и храброст, им честитам на сите вклучени, предводени од нашиот извршен директор Јан-Кристијан Дрисен“, коментираше претседателот на Баерн, Херберт Хајнер. „Многу сум среќен што станав дел…
Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија денеска информираше дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубовите за учество во ПМФЛ во натпреварувачката сезона 2023/24, а по преглед на доставената документација согласно правилниците за издавање на дозволи на клубови за учество во натпреварувања во организација на ФФМ, ги донесе следните одлуки: Се издава лиценца за учество во ПРВА МФЛ за натпреварвачката сезона 2023/24 на клубовите: 1. ФК АП Брера АД – Струмица 2. ФК Брегалница 2008 АД – Штип 3. ФК Вардар АД – Скопје 4. ФК Воска спорт АД – Охрид 5. ФК Гостивар АД – Гостивар 6. ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје 7. ФК Работнички АД – Скопје…
Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за настап во претквалификациите за ЛОИ во париз. Во Скопје во националниот тим е и повратникот во репрезентацијата, Љубомир Младеновски, кој за она што не очекува во Талин вели: „Најпрво сакам да им се заблагодарам на луѓето од федерацијата, и на стручниот штаб кој ме повика на репрезентативен собир по пауза од една година условена поради тоа што имав тешка повреда на рачниот зглоб. Извесно е дека летово ќе имаме и ѓаволски тешка задача. Да бидеме на едно од првите две места на турнирот во Талин во кој освен Македонија, и домаќинот Естонија, ќе…
Германски „Билд“ денеска пишува дека Баерн Минхен наскоро ќе почне преговори со поранешниот голман на Манчестер Ј., Давид де Хеа. Според весникот, по гласините за можното заминување на Јан Зомер и повредата на Мануел Нојер, Томас Тухел бара нов голман и Де хеа е едно од трите имиња на списокот на потенцијални засилувања. Покрај Де Хеа, Баерн (М) разговара и со голманот на Брентфорд, Давид Раја како и со Санчез од Брајтон.
По елиминацијата во 1. Коло од Лигата на шампионите, македонскиот првак Струга Трим Лум попладнево во Охрид ќе го одигра првиот меч од 2. Коло од квалификациите во Конференциската лига. Стружани го пречекуваат црногорскиот првак Будуќност со надеж дека ќе успеат со победа на отпатуваат на реваншот во Подгорица. „Деновиве се обидовме да дојдеме до информации преку видеата од нивните последни натпревари кои ги одиграа. Максимална почит за Будуќност, бидејќи тоа е екипа со традиција во Црна Гора, екипа која има историја и има одиграно стотици меѓународни натпревари, нашата почит кон Будуќност е максимална. Мило ми е што Струга Трим…
Италијански Милан денеска треба да го комплетира трансферот на досегашниот фудбалер на Виљареал, Чуквуезе. Според најавите, Чукувезе во текот на денешниот ден ќе слета во Милано, по што треба да ги комплетира прегледите и во текот на денот официјално да биде преставен како ново име во „црвено-црниот“ дрес. Условите за трансферот се договорени уште во понеделникот. Милан на Виљареал ќе му плати 20 милиони евра, плус 8 милиони во форма на бонуси.
ЕХФ денеска и официјално ги потврди термините и саатниците за натпреварите на макеоднскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите. Македонскиот првак ќе дебитира во најсилното клупско натпреварување во среда на 13 септември во Битола од 18:45 часот против Колштад, а вториот домашен натпревар ќе го одигра во четврток на 28 септември во вечерниот термин 20:45 часот против Кил. Група А: 13 септември (18:45 часот) – Еурофарм Пелистер – Колштад 20 септември (20:45 часот) – Алборг – Еурофарм Пелистер 28 септември (20:45 часот) – Еурофарм Пелистер – Кил 12 октомври (20:45 часот) – ПСЖ – Еурофарм Пелистер
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, верува дека неговиот тим може да го освои Скудетото следната сезона. Инзаги, кој се подготвува со тимот во Јапонија, вели дека е свесен колку тешко ќе биде да се стигне до целта и следната сезона. „Сакаме да се наметнеме во Европа, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе се обидеме. Потоа, тука е големата цел, освојување на Скудетото, тоа е нашата желба. Добро се подготвуваме во Јапонија и се надевам дека добро ќе ја отвориме сезоната“, вели Инзаги. Интер минатата сезона ја заврши играјќи во финалето на Лигата на шампионите, а во Серија А заврши…
