Author: saso

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за настапот на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска). Денеска селекторот Александар Јончевски, и неговите соработници од стручниот штаб, во 18 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го имаат првиот собир на репрезентативците и ќе започнат со предвидените активности се до заминувањето на претквалификациските турнир. По Бојан Крстевски за овој циклус откажа и Андреј Јакимовски, кој поради обврски во САД не може да одговори за овој собир.

Read More

Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски се спушти 4 позиции на најновата АТП ранг листа објавена денеска. Само една недела откако го забележа најдобриот ранкинг на АТП листата, Ивановски денеска се најде на 335 место во најновиот ранкинг, откако минатата недела беше на 331-та позиција. Кај дамите, Лина Ѓорческа се најде на 252 место во голем пад за 28 позиции за разлика од минатонеделното рангирање.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Баерн (М), Марсел Сабицер се сели во Борусија Дортмунд. Веста е потврдена од повеќе извори и се чека само официјалното преставување од страна на „милионерите“. Трансферот ќе го чини Дортмунд 19 милиони евра со бонуси. 29-годишниот Австриец ќе потпише договор оваа недела доколку успешно помине на лекарските прегледи. Сабицер минатата сезона играше за Манчестер Јунајтед како позајмен од Баерн.

Read More

Првиот натпревар на Лионел Меси за Интер Мајами постави рекорд на гледаност на американската телевизија. Натпреварот меѓу Интер Мајами и Круз Азул го следеле околу 12,5 милиони гледачи, што е највисока бројка во историјата на гледаноста на еден фудбалски меч. На овој натпревар 36-годишниот Аргентинец во 94 минута реализираше гол од слободен удар, по што со семејството на трибините го прослави голот. Меси дојде во Интер Мајами на 15 јули, приклучувајќи се со слободен трансфер од ПСЖ.

Read More

На последниот атлетски митинг од „Дијамантската лига“ пред овогодинешното Светско првенство во атлетика, кој вчера се одржа во Лондон, беа поставени два европски рекорди и три најдобри резултати во светот годинава. Двата европски рекорди ги поставија холандски атлетичари. Првиот е дело на Фемке Бол на 400 метри со пречки, а вториот на Сифан Хасан на 5.000 метри. Бол убедливо победи на 400 метри со пречки со време од 51,45 секунди, што е дури 85 стотинки побрзо од претходниот најдобар резултат сезонава во светот, кој исто така беше во нејзина сопственост. Исто така, со овој резултат Бол го подобри за 58…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри деновиве во неколку изјави зборуваше за целите на „Старата Дама“ во новата сезона. „Треба да се стремиме да се вратиме во Лигата на шампионите – тоа е нашата цел. Играњето во Европа е многу важно за нас и за приходите на клубот. Имаме многу млади играчи кои се покажаа добро минатата сезона, но можеме да очекуваме тие да направат уште еден чекор. Сега треба да останеме фокусирани на најдобар почеток во Серија А“, вели Алегри. Минатата сезона, Јуве заврши на седмото место на табелата во Серија А.

Read More

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојбјерг најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. Атлетико (М) е сериозно заинтересиран за 27-годишниот Данец, а според некои информации преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза. Засега е непознато колкава сума понуди Атлетико за да го добие Хојбјерг, но извесно е дека и Данецот изразил желба за преселба на „Ванда Метрополитано“.

Read More

Одбојкарската репрезентација на Полска која ќе биде еден од противниците на Македонија на престојното Европско првенство во Скопје за првпат ја освои Лигата на нации. Синоќа во големото финале на завршниот турнир во Гдањск, во фантастична атмосфера, тимот предводен од српскиот стратег Никола Грбиќ во мечот за титулата ја совлада селекцијата на САД со 3:1 (25:23, 24:26, 25:18, 25:18). Ова е четврти медал за Полска во Лигата на нации и прво злато по едно сребро и две бронзи кои ги имаа досега. Од друга страна, САД сега имаат три сребрени и еден бронзен медал. Бронзата ја освои Јапонија откако во…

Read More

ФК Вардар денеска го прославува својот 76. роденден. Од клубот излегоа со официјално соопштение во денот на одбележување на годишнината на клубот во кое се вели: „За разлика од порано, денес нема да зборуваме за минатото, за славното минато исполнето со многу титули, победи и шампионски славја. Денес, секоја наша цел, секоја мисла, секое неизгаснато парче жар го посветуваме на иднината, на славната иднина која сите заедно ќе ја изградиме! ФК Вардар испишува нова страница од својата историја. По години на континуирана криза, не само финансиска туку и визионерска, клубот полека успева да го најде вистинскиот пат. По годините преполни…

Read More

Женската фудбалска репрезентација на САД со триумф од 3-0 против Виетнам го започна настапот на Светското првенство. Селекцијата која е фаворит за златото е под водство на македонскиот стратег, Влатко Андоновски, кој има голем притисок за да го освои Мундијалот. Американките славеа со головите на Смит (2) и Хоран. Во вториот меч во групата САД ќе се сретне со Холандија, а потоа и со Португалија.

Read More