Жарко Пешевски е новиот капитен на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер. Како што потврдија од клубот, кој вчера ги почна подготовките на Маврово, нашиот репрепрезентативец, ќе ја носи капитенската лента следната сезона. Негови заменици се Ненад Костески и Марио Танкоски. Во новата сезона битолчани ќе ја бранат титулата во Суперлигата, а ќе настапуваат и во групната фаза во Лигата на Шампионите.
Author: saso
Фудбалерите на Шкендија доживеаја елиминација уште во 1. коло од новата сеозна на третото по ранг европско клупско натпреварување, Конференциската лига. Синоќа на гостувањето во Кардиф против екипата на Хаверфордвест, тетовци беа поразени со 1:0 во регуларниот дел од мечот, исто како што победија на првиот дуел во Скопје. По 120 минути игра немаше победник, па пеналите одлучуваа кој ќе оди понатаму. Подобри пеналџии излегоа домашните кои славеа со 3:2 и обезбедија историски пласман во 2. коло. Вториот македонски преставник Шкупи, вчера одигра 0:0 на домашен терен против литвански Хегелман, па поради убедливата победа од 5:0 на првиот меч го…
Екипата на Македонија Ѓорче Петров ги заврши европските настапи уште во 1. коло од Конференциската лига на УЕФА. На реванш натпреварот против РФС Рига, „лавовите“ беа поразени со убедливи 4:1, иако на мечот имаа одлични шанси дуелот да заврши и многу поинаку. „Лавовите“ не ги искористија своите убави прилики за да го анулираат голот кој го примија во Скопје, но за да биде уште полошо, пред крајот на првиот дел примија гол. Успеаја да се вратат во 50. минута со голот на Кристијан Стојковски за 1:1, но потоа следуваа нови три гола за домашните. Набрзо по голот за 1:1, Стојковски…
Македонскиот одбојкарски шампион Струмица на денешната ждрепка во Ликсембург се најде во друштво на бугарскиот првак Нефтохимик Бургас, црногорскиот шампион Будва, како и екипата на Фино Капошвар од Унгарија во групата „1“ за новата сезона од одбојкарската Лига на шампиони на ЦЕВ. Струмица за пласман во следната фаза ќе мора да го освои првото или второто место во групата, кои единствено водат во следниот круг. Според променетиот формат на ЦЕВ, оваа година ќе се играат две рунди во прелиминарната групна фаза на најсилното европско натпреварување.
Дејан Манасков следната сезона нема да биде во составот на Вардар 1961. Ова на денешната прес-конференција го потврди новиот извршен директор, Борко Ристовски. „Дејан Манасков нема да биде во тимот за следната сезона. На негово место е доведен Марко Срдановиќ“, потврди Ристовски. Од поискусните македонските ракометари остануваат Мартин Томовски, Гоце Георгиевски и Томислав Јагурноски.
Сопственикот на Интер Мајами пред медиумите го потврди претстојниот потпис на дефанзивецот Жорди Алба. „Алба ќе го потпише договорот денеска“, изјави Хорхе Мас за американските медиуми. Алба ја напушти Барселона по раскинувањето на договорот во мај. Тој е веќе трет поранешен играч на Барселона кој доаѓа во МЛС тимот. Пред него за Интер Мајами потпишаа и Меси и Бускетс.
Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец Борко Ристовски ја завршува професионалната кариера и од денеска е нов извршен директор на РК Вардар. На денешната прес-конференција пред стартот на новата сезона, досегашниот претседател Михајло Михајловски најави дека се повлекува од сите функции во клубот и истиот го остава во рацете на нови, проверени имиња. Покрај Ристовски на денешната прес-конференција беше промовиран и Емил Угриновски како нов претседател на неизвршните директори, а во нова позиција ќе биде и Стојанче Стоилов, кој играчката кариера ја заменува со тренерската. Тој во иднина ќе биде асистент на Недановски и кординатор на младинските школи. Ристовски најави дека првична…
Македонската ракометна репрезентативка Елена Ѓоргиевска по две сезони во екипата на Магура Циснадие во Романија прави трансфер во Турција. Ѓоргиевска следната сезона ќе го носи дресот на победникот на ЕХФ Купот, турскиот тим Коњалти Анталија, каде веќе настапуваат уште две македонски репрезентативки, Моника Јанеска и Ивана Гакидова.
Ракометниот шампионот на Македонија, Е. Пелистер попладнево од 18 часот со работен состанок и прв тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе ги започне своите активности за сезоната 2023/24. Од четврток (20 јули) екипата се сели на базични подготовки во Маврово, каде ќе остане до први август.
Саудиски Ал Ахли испратил понуда за крилниот напаѓач на Њукасл, Алан Сен Максимин, објави весникот Л’Екип. Според изворот, саудискиот клуб понудил 25 милиони евра за 26-годишниот Французин. Самиот играч според новиот договор може да заработува 12 милиони евра годишно. Договорот на Сен Максимин со „страчките“ е со важност до летото 2026 година. Тој му се приклучи на Њукасл од Ница во 2019 година за 18 милиони евра.
