Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа го победи Финецот Роберт Хелениус во борбата што се одржа во О2 арената во Лондон синоќа со нокаут во седмата рунда.
Хелениус влезе во борбата како замена за Дилијан Вајт, откако британскиот боксер падна на допинг тест една недела пред борбата. На мечот против Џошуа издржа подолго од очекуваното, но на крајот сепак беше поразен поранешниот европски првак.