Оклахома Сити Тандер, пак, го објави потпишувањето на долгорочниот договор со српскиот кошаркарски репрезентативец, Василие Мициќ.
29-годишниот Србин во последните пет сезони играше за Анадолу Ефес. Како дел од турскиот тим, двапати ја освои Евролигата (2021, 2022) и стана МВП на Фајнл-форот.
Во сезоната 2022/23, Мициќ имаше просек од 16,0 поени, 3,2 скока и 5,4 асистенции по натпревар во Евролигата.

