Британскиот боксер Тајсон Фјури, шампион на ВБЦ во тешка категорија, ја потврди борбата против ММА ѕвездата Френсис Нгану.
Борбата е закажана за 28 октомври во Саудиска Арабија.
Истата нема да биде егзибициска, најавија од тимот на Фјури, туку натпреварување „според официјалните правила на професионалниот бокс со тројца судии“.
Титулата на Фјури во ВБЦ, сепак, нема да биде ставена во прашање на овој дуел.