Author: saso

Познат е конечниот состав на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави на претстојното Светско првенство што ќе се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија. Џош Харт ја прифати поканата да биде дел од тимот, со што се познати сите 12 играчи кои ќе ги бранат боите на американската репрезентација на Мундобаскетот. Комплетираниот ростер го сочинуваат: Тајрис Халибартон, Џејлен Брaнсон, Остин Ривс, Ентони Едвардс, Џош Харт, Микел Бриџис, Кам Џонсон, Брендон Инграм, Паоло Банкеро, Џарен Џексон Јуниор, Боби Портис и Вокер Кеслер. САД ќе играат во групата Ц заедно со Јордан, Грција и Нов Зеланд.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Љупчо Дориев потпиша за узбекистанскиот тим Согдиана. Трансферот беше најавен и договорен уште во периодот на активностите на македонската репрезентација, откако претходно Дориев замина од Шкендија по истекот на договорот. Според информациите, Дориев ќе заработува 300.000 евра годишно во дресот на узбекистанскиот клуб.

Read More

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон е блиску до пензионирање откако неодамна ги одби понудите од клубовите од Саудиска Арабија. Според извештајот на „Кориере дела Сера“, Буфон сака да остане блиску до своето семејство и изразил незаинтересираност за понудите од Саудиска Арабија кои наводно изнесуваат и до 30 милиони евра годишно. 45-годишниот голман во моментов размислува за својата иднина и ќе ги земе предвид факторите како кондиција, ментална енергија и притисок пред да донесе конечна одлука дали да продолжи или да се пензионира.

Read More

Македонскиот второлигаш Пелистер денеска го потврди трансферот на Стефан Костов кој игра на стоперската позиција. Фудбалерот кој претходно има настапувано за Тиквеш, Академија Пандев, Ренова и за Брегалница доаѓа во Битола. “Веќе подолг период сум во преговори со Пелситер кои конечно се реализираа. Имаме заедничка цел, а тоа е да го вратиме Пелистер во ПМФЛ и среќен сум што ќе можам да дадам придонес и да помогнам во тоа”, изјави Стефан Костов. Пелистер претходно го доведе и Симеон Христов.

Read More

Мејсон Маунт денеска треба да допатува во манчестер и да ги помине лекарските прегледи. Според информациите, тој веќе се договорил со Манчестер Јунајтед за долгорочна соработка која ќе го остави на „Олд Трафорд“ најмалку пет сезони. Според инсајдерот Фабрицио Романо, 24-годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2028 година со можност за продолжување на една година. Манчестер Јунајтед ќе му плати на Челзи 55 милиони фунти, плус 5 милиони фунти како бонуси. Трансферот официјално ќе биде објавен оваа недела.

Read More
NBA

Слободниот агент Џастин Холидеј е нов кошаркар на Денвер Нагетс, потврди Адријан Војнаровски. Станува збор за НБА шампионот од 2015 година со Голден Стејт Вориорс, кој минатата сезона ја мина во Атланта и Далас. Холидеј со Нагетс потпишал едногодишен договор. Тимот на Мајк Мелоун не доби ѕвезда, но тоа и не им треба, туку длабочина во ростерот, искуство и добар дефанзивец.

Read More

Лацио е многу блиску до постигнување на договор со бразилски Сантос за првото поголемо летно засилување на „римските орли“. Според информациите на италијанските медиуми, „бјанкочелестите“ се на чекор од потпишување на договор со напаѓачот Маркос Леонардо. „Газета дело Спорт“ објави дека понудата од 12 милиони евра која Лацио ја доставил до Сантос била позитивно примена од бразилскиот тим, па сега останува да се направи уште финалниот договор. Бразилскиот клуб првичното бараше 20 милиони евра за Леандро, но се чини и 12 милиони ќе ги задоволат нивните апетити.

Read More

Ник Кирјос нема да игра на Вимблдон оваа година. Австралиецот, кој минатата сезона загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето, реши да се повлече од настап на третиот Грен Слем. Австралиецот во последните месеци имаше проблеми со повреда на скочниот зглоб. Тој беше опериран во јануари, но оттогаш се појави само на турнирот во Штутгарт. Во меѓувреме се откажа од некои подготвителни турнири, за да си даде време да се опорави, но очигледно не беше доволно. Кирјос требаше да игра против Белгиецот Давид Гофан во стартното коло.

Read More

Патрик Виеира е именуван за нов тренер на францускиот прволигаш на Стразбур, објави официјалниот сајт на тимот. 47-годишниот стратег потпишал тригодишен договор со клубот. Последната тренерска позиција на Виеира беше во Кристал Палас, каде работеше како менаџер од летото 2021 година до неговото заминување во март 2023 година. Виера како тренер работеше и во Ница, Њујорк Сити и во младинските тимови на Манчестер Сити

Read More

Нов пад од четири места за најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на АТП листата. На најновата објавена денеска, Калин се најде на 370-тата позиција со 131 поен, колку што имаше и претходната недела. Кај тенисерките, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со 295 поени, колку што имаше и претходната недела има две места послаб ранг и сега се наоѓа на 249. место на ВТА листата. Таа оваа недела ќе настапува на турнир во Летонија во Лиепаја за награден фонд од 60.000 долари и е рангирана како 11-та носителка.

Read More