Слободниот агент Џастин Холидеј е нов кошаркар на Денвер Нагетс, потврди Адријан Војнаровски.
Станува збор за НБА шампионот од 2015 година со Голден Стејт Вориорс, кој минатата сезона ја мина во Атланта и Далас. Холидеј со Нагетс потпишал едногодишен договор.
Тимот на Мајк Мелоун не доби ѕвезда, но тоа и не им треба, туку длабочина во ростерот, искуство и добар дефанзивец.