Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби во првиот меч од Европската Златна лига на гостувањето во Лоѓ од селекцијата на Украина. Фаворитот славеше со 3-0 (25-21, 25-22, 25-11) во меч во кој нашите одбојкари никако не успеваа да фатат приклучок. Во првите два сета одигравме солидно, се држевме до самиот крај, но Украина беше сигурна и не дозволи изненадување. Во третиот сет комплетно паднавме во играта и домашните тоа го искористија за голема предност. Репрезентацијата на Македонија можност за поправен ќе има веќе в среда кога во Скопје ќе гостува селекцијата на Белгија. Натпреварот ќе се одигра во СЦ Борис Трајковски…
Author: saso
Битола денеска е обоена во „зелено“. Ракометарите на Еурофарм Пелистер на денешната пресметка со Тиквеш и официјално ја започнаа големата прослава по повод освојувањето на шампионската титула. Ракометарите на Тиквеш се потрудија во духот на фер-плејот со шампионски шпалир да ги пречекаат противничките ракометари на почетокот на мечот, чиј резултатски епилог е сосема неважен.
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Монако, шеста трка од овогодинешниот шампионат. Возачот на Ред Бул ја освои пол-позицијата во последните моменти од квалификациите, победувајќи го Фернандо Алонсо од Астон Мартин за 84 илјадитинки. На овој начин Холанѓанецот стигна до третата пол-позиција сезонава, а 22-ра во кариерата. Квалификациите ги одбележа и грешката на тимскиот колега на Верстапен, Серхи Перес, кој го уништи болидот удирајќи во ѕидот во првиот свиок во првиот дел. Од третото место утре ќе стартува Шарл Леклер, од четвртото Окон, додека екс-шампионот Хамилтон ќе почне од…
Денеска со ждрепка беа одредени двојките за баражите за пласман во Втора македонска фудбалска лига. Битка за место во ВМФЛ ќе водат: Тетекс – Осогово Башкими – Влазрими Вардар (Н) – Новаци Мечевите се играат во недела 28 мај (17 ч.). Местата на одигрување ќе бидат дополнително одредени.
Португалските медиуми пишуваат дека ПСЖ за 60 милиони евра ќе го доведе Мануел Угарте (22) од Спортинг Лисабон. Станува збор за уругвајски играч за врска кој според бројките треба да чини околу 25 милиони евра, но во договорот со Спортинг има излезна клаузула од 60 милиони евра. Францускиот шампион е подготвен да ја активира клаузулата и да го донесе во својот тим еден од најталентираните играчи за врска во Европа. Угарте пристигна во Португалија од уругвајски Феникс во 2016 година.
Милан Илиевски ќе го предводи Работнички и следната сезона. Според информацијата која ја објавија од клубот со Илиевски е постигната согласност за обновување на соработката и за наредниот период. „Раководството на клубот ја анализираше изминатата сезона и иако нема многу причини за задоволство од конечниот пласман на табелата, сепак, задоволни сме од професионалноста и начинот на работа на шефот на стручниот штаб Милан Илиевски. Со него постигнавме договор за продолжување на соработката и во наредниот период. Откако ја доби довербата, Илиевски ја стабилизираше екипата, оствари позитивни резултати, а истовремено и промовираше голем број млади фудбалери во тимот, кои се стекнаа…
Со убедлива победа од 8:0 против Данска, македонските куглари го освоија третото место во „Б“ групата на Светското првенство во Вараждин 2023, што не е доволно за продолжување во наредната фаза. Во првите две кола нашите куглари беа поразени од фаворитите Чешка и Србија, кои патем, ги освоија првите две места во групата. Во првото коло Чешка беше подобра од Македонија со 6:2, додека во дуелот со Србија одигравме подобро и бевме минимално поразени со 5:3. Младен Донковски имаше извонреден поединечен настап на последните два меча со Србија и Данска. Во дуелот со Србија, нашиот најдобар куглар собори 694 дрва,…
Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони потврди дека наскоро е можно продолжување на договорот со тимот. „Се чувствувам многу добро овде во Интер, на иста бранова должина сум со клубот. Мислам дека ќе продолжиме заедно, новиот договор е многу блиску “, вели Бастони. 24-годишниот дефанзивец треба да потпише нов договор до 2028 година. Актуелниот договор на дефанзивецот со „нероаѕурите“ е до крајот на следната сезона. Бастони е во Интер од 2017 година.
Актуелниот тренер на холандски Феенорд, Арне Слот, уште еднаш изјави дека својата иднина ја гледа на клупата на клубот од Ротердам. „Слушнав многу за интересот за мене од други клубови. Благодарен сум за интересот, но мојата желба е да останам во Феенорд и да продолжам да се надградувам врз основата на она што го поставивме во изминатите две сезони. Со нетрпение ја очекувам новата сезона на клупата на Феенорд“, изјавил Слот. Претходно беше објавено дека холандскиот стручњак е еден од фаворитите за местото тренер на Тотенхем.
Андрес Иниеста по пет години го напушта јапонски Висел Кобе, но се уште нема да ја заврши кариерата. Иниеста неодамна наполни 39 години, а наскоро ќе се впушти во својата следна авантура. Висел Кобе штотуку го објави своето збогување со Иниеста по пет години соработка. Шпанецот дојде во јапонскиот клуб од Барселона во 2018 година и оттогаш одигра 133 натпревари и постигна 26 гола. Според новинската агенција АП, Иниеста најавил дека очекува да ја продолжи кариерата, но се уште не може да каже каде. Во минатото имаше информации дека Иниеста сака да замине во САД или на Блискиот Исток.
