Хокеарите на Вегас Голден Најтс синоќа на домашен терен ја победија Флорида со 5-2 во првиот натпревар од финалето на НХЛ Стенли купот и поведоа со 1-0 во серијата од четири натпревари.
Натпреварот беше изедначен до 2-2, но влегувајќи во третиот период Вегас успеа да дојде до значајна предност за победа.
Вториот меч од серијата се игра во понеделник навечер во Лас Вегас.