Силниот и пороен дожд во Италија предизвикаа проблеми за одржување на претстојната трка во Формула 1 која е закажана викендов на патеката Имола. Според информациите, обилните дождови предизвикале излевање на реката и големи поплави во тој регион.
Екипите се подготвуваат за следниот викенд во Емилија Ромања, но поради лошото време евакуирани се сите лица од објектот на патеката и самото одржување на трката може да се доведе во прашање. Засега нема официјални информации од организаторите.

