Author: saso

Ракометарите на Вардар трета година по ред се освојувачи на куп-трофејот. Во денешното финале на завршниот турнир во Охрид, Вардар во драматична завршница го совлада Е. Пелистер со 26-25. Иако беше без еден од најдобрите играчи Дејан Манасков, бранителот на титулата во текот на целиот меч беше во водство и на крајот сосема заслужено дојде до 16. трофеј во ова натпреварвање. Куни Моралес и Дутра постигнаа по 7 гола за Вардар, додека Филип Талески имаше шест. Кај Еурофарм Пелистер, Усама Хосни и Мохамед Суси имаа по пет гола.

Read More

Ракометарките на Куманово триумфираа во финалето од Купот на Македонија откако со 32:31 го совлада ЖРК Вардар на Ф4 турнирот во Охрид. Во салата „Билјанини извори“ по првото полувреме ЖРК Куманово имаше позитива од „плус три“ (15:12), а Вардар во вториот дел не успеа да се врати за пресврт. Ова е трета куп титула за Куманово во својата клупска историја, откако претходно го освои трофејот во 2019 и 2021 година.

Read More

Вардар не му дозволи ново изненадување во пресметките со Алкалоид и со висока победа од 31:22 обезбеди место во финалниот меч од Купот на Македонија. Во второто полуфинале вечерва во Охрид, Вардар славеше со 31:22 и закажа нова пресметка со Е. Пелистер, овој пат во битка за куп-трофејот. Брилијантен на голот на Вардар вечерва беше Мартин Томовски кој запиша 17 одбрани, од кои девет во првото полувреме. Манасков со 12 гола беше најефикасен кај Вардар, а кај Алкалоид Серафимов постигна шест гола. Финалето меѓу Вардар и Пелистер е закажано за во сабота.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се прв финалист во Купот на Македонија. Во денешното прво полуфинале на завршниот турнир од Купот, битолчани ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 28-21 над екипата на Пролет. Кузманоски со седум гола беше прв стрелец кај победникот, пет имаше Костески, а четири запиша Павле Атанасијевиќ. На другата страна Палевски имаше шест гола. Второто полуфинале меѓу Алкалоид и Вардар 1961 е закажно со почеток во 20 часот.

Read More

Шпанскиот возач во МОТО ГП, Марк Маркез, доби лекарска дозвола да учествува на следната трка од шампионатот за Големата награда на Франција, што ќе се одржи на патеката Ле Ман во недела. Маркез заработи скршеница на раката во несреќата на првата трка сезонава за Големата награда на Португалија. – Многу сум среќен што се враќам. Му благодарам на мојот медицински тим за нивната професионалност и совети во изминатите неколку недели. Како возач сакате да се вратите што е можно поскоро, но со ваков тип на повреда треба да му дадете време да заздрави – изјави Маркез. Маркез моментално е 19-ти…

Read More

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија со ждрепка беа одредени официјалните лица за натпреварите од завршниот турнир во Купот на Македонија. Финалето во машка конкуренција што ќе се одигра в сабота од 18:00 часот, ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски. Полуфиналната средба меѓу Еурофарм Пелистер и Пролет ќе ја судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека средбата меѓу Алкалоид и Вардар ќе биде за Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Кај дамите, финалето што ќе се одигра в сабота од 15 часот, ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Полуфиналната средба меѓу Металург и Куманово ќе…

Read More

Јулијан Нагелсман е се поблиску до преземање на Тотенхем, пренесува германски „Скај Спортс“. Претседателот на „мамузите“ Даниел Леви е дециден дека Германецот е вистинско решение за тимот и наскоро треба да има финални преговори. Германскиот новинар Флоријан Плетенберг тврди дека Нагелсман го преферира Тотенхем пред останатите понуди, затоа што го смета за голем клуб со голем потенцијал. Единствено што го загрижува е колку ќе биде вклучен во трансферите и формирањето на клупската политика. Германскиот гигант Баерн Минхен прилично ја изненади фудбалската јавност кога на крајот на март го отпушти 35-годишниот Јулијан Нагелсман и го замени со Томас Тухел.

Read More

Барнли на поранешниот играч на Манчестер Сити, Винсент Компани, го обезбеди првото место во Чемпионшип и следната сезона ќе игра во англиската фудбалска елита. Тоа беше и причина плус за раководството на тимот да ја продолжи соработката со белгискиот стратег. Челниците на клубот сакаа да го наградат Компани со продолжување на договорот. Како што официјално е потврдено, тој викендов потпиша нов договор, кој ќе биде со важност до 30 јуни 2028 година. Барнли собра вкупно 98 бодови во досегашниот тек од сезоната, со 28 победи, 14 нерешени и 3 порази.

Read More

Жан-Мишел Ола повеќе не е претседател на француски Лион. Тој го напушта претседателството по 36 години на чело на францускиот клуб и ќе биде заменет од американскиот бизнисмен Џон Текстор. Одлуката била донесена на 5 мај за време на состанокот на бордот на директори на клубот, чиј главен акционер е Текстор – сегашен мнозински акционер. „Господинот Жан-Мишел Ола ќе биде именуван за почесен претседател“, се наведува во соопштението на тимот од Лион. За време на неговото долго претседателство, Лион освои 50 трофеи со машкиот и со женскиот тим. Под водство на Ола, Лион доживеа низа на успеси како оној што…

Read More

Екипата на Зенит го освои руското фудбалско првенство петтипат по ред. Клубот од Санкт Петербург на домашен терен го победи Спартак (3:2) во 26. коло од Премиер лигата на Русија и предвреме ја обезбеди титулата. Зенит стигна до 64 бода и стана недостижен за конкурентите на четири кола пред крајот на првенството. ЦСКА има 51 бод, Ростов 50, а Спартак 49. Зенит го освои петтиот наслов по ред (2018/19, 2019/20, 2020/21, 2021/22, 2022/23), сите под водство на тренерот Сергеј Семак. Само Спартак (М) имаше подолга серија од шест последователни титули во низа во периодот од 1996 до 2001 година.

Read More