Author: saso

Светската кошаркарска федерација ФИБА ги одреди термините и распоредот на натпреварите на претквалификациските турнири за место на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз. На турнирот во Талин каде ќе настапи и нашата машка сениорска репрезентација, ќе има три натпреварувачки и еден слободен ден. На 12. август, Естонија ќе игра против селекцијата на Чешка, а веднаш потоа нашите најдобри кошаркари ги чека дуелот со Израел. Ден подоцна, на 13. август, во арената „Тондираба“, Македонија ќе се сретне со домашната репрезентација на Естонија, а завршниот трет меч со Чешка е на 15 август. Првопласираните две репрезентации по трите натпреварувачки дена во групата…

Read More

СЕХА лигата и официјално го направи изборот на „Најдобрите 7“ во четвртфиналната серија од годинешната сезона. Во изборот на најдобрите ракометари се најдоа тројца ракометари од македонските преставнции Вардар и Е. Пелистер. Лево крило – Јан Чувара (ВАРДАР) Лев бек – Себастијан Хенеберг (Е. ПЕЛИСТЕР) Среден бек – Вељко Поповиќ (ПАРТИЗАН) Десен бек – Никола Ивановиќ (Т. ПРЕШОВ) Десно крило – Ненад Костески (Е. ПЕЛИСТЕР) Пикер – Виашеслав Касаткин (Т. ПРЕШОВ) Голман – Андреј Трнавац (ПАРТИЗАН)

Read More

Веста за смртта на американската атлетичарка Тори Боуви, поранешна олимписка и светска шампионка, длабоко го потресе светот на атлетиката. Иако првите информации не открија ништо кога станува збор за оваа трагедија, неколку часа по истрагата се појавија првите детали во јавноста. 32-годишната Тори со денови не била видена во јавноста, пa полицијата ја нашла мртва во нејзината куќа, без видливи траги на насилство. Се наведува дека Тори со месеци имала психички проблеми, па сега со детална токсиколошка анализа ќе се бара одговор на шпекулациите дека се работи за самоубиство. Американката на ЛОИ во Рио 2016 година освои злато со штафетата…

Read More

Англиски „Телегаф“ пишува дека Лионел Меси наводно е во преговори за преселба во Саудиска Арабија за неверојатни 320 милиони фунти годишно. 35-годишниот фудбалер треба да го напушти Пари Сен Жермен на крајот на сезоната кога ќе му истече договорот по две години во клубот. Аргентинскиот репрезентативец веќе отворил разговори за неговиот иден потег со Саудијците, каде беше на мини-одмор и изминатиот викенд. Според „Дејли Телеграф“, Меси е во преговори со саудиската влада за договор кој ќе биде нов светски рекорд во фудбалот. Евентуалниот „дил“ на Меси ќе биде поголем и од мега-договорот на Кристијано Роналдо потпишан со Ал Наср вреден…

Read More

Во пресрет на настапите на македонските сениорски одбојкарски репрезентации во ЦЕВ Европската лига, Одбојкарската федерација на Македонија денеска најави прес-конференција на којашто ќе се разговара за амбициите и за плановите во претстојниот период, а ќе биде претставен и новиот стручен штаб на машкиот национален состав. Според потврдата на федерацијата, Македонија ова лето на Европската златна лига и Европското првенство ќе биде предводена од повратникот на кормилото, нашиот стручњак Јошко Миленкоски.

Read More

Арсенал „се искачи во многу силна позиција за да го заврши договорот“ за Деклан Рајс од Вест Хем, пишуваат англиските медиуми. „Топчиите“ се „блиску“ до англискиот репрезентативец, кој ќе биде главна трансфер цел ова лето. Рајс веќе подолго време се поврзува со заминување од Вест Хем, а се смета дека Челзи е конкурент на Арсенал во битката за неговиот потпис. „Фудбал Инсајдер“ тврди дека Арсенал „се приближува“ кон трансферот на Рајс за сума од 100 милиони фунти. 24-годишниот играч исто така ќе биде поттикнат од Артета кој има „јасен план“ за него.

Read More

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд синоќа постави рекорд за најмногу постигнати голови во една сезона во Премиер лигата. Напаѓачот Манчестер Сити погоди во 70. минута на синоќешниот меч со Вест Хем и стигна до 35 гола во Премиер лигата. 22-годишниот Норвежанец ги надмина Енди Кол (1993/94) и Алан Ширер (1994/95), кои досега беа рекордери со по 34 голови во лигата. Последниот играч кој постигнал повеќе голови во една сезона во првата лига на Англија е Рон Дејвис, постигнувајќи 37 голови во 1966/67 година, но од повеќе од 42 меча во една сезона.

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола признава дека неговите замени го спречиле Ерлинг Халанд да постигне повеќе голови. На натпреварот со Вест Хем (3:0), напаѓачот на Манчестер Сити го собори рекордот во Премиер лигата постигнувајќи го 35. гол сезонава во лигата. „Неверојатно. Има само 22 години и има уште пет натпревари до крајот. Колку пати сум го сменил по хет-трик во 60-тата минута. Можеби Халанд ќе постигнеше и повеќе голови, ако не беа овие замени. Или можеби ќе се повредеше, кој знае. Тој е посебен, честитки за него. Очекувавме да постигне гол, но да го собори рекордот на Кол и…

Read More

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска објави дека на негова иницијатива и иницијатива на претседателот на Советот на општината, ФК Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром, каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. „ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот. Денеска, во мојот кабинет остварив средба со претставници на навивачката група Комити, која од неодамна е сопственик на клубот. На состанокот разговаравме за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ „Јане…

Read More

Завршницата на ракометниот Куп на Македонија оваа година ќе се одржи во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, во периодот од 11 до 13 мај. РФМ ждрепката ја закажа за утре со почеток во 12 часот. Во машка конкуренција пласман меѓу четирите најдобри екипи изборија бранителот, Вардар 1961, Пелистер, Алкалоид и Пролет. Полуфиналето е закажано за 11 мај. Во женска конкуренција во ждрепката ќе бидат Вардар, Металург, Куманово и Ѓорче Петров. Дамите полуфиналните средби ќе ги одиграат на 12. мај, додека за следниот ден се предвидени двете финалиња.

Read More