Веста за смртта на американската атлетичарка Тори Боуви, поранешна олимписка и светска шампионка, длабоко го потресе светот на атлетиката. Иако првите информации не открија ништо кога станува збор за оваа трагедија, неколку часа по истрагата се појавија првите детали во јавноста.
32-годишната Тори со денови не била видена во јавноста, пa полицијата ја нашла мртва во нејзината куќа, без видливи траги на насилство. Се наведува дека Тори со месеци имала психички проблеми, па сега со детална токсиколошка анализа ќе се бара одговор на шпекулациите дека се работи за самоубиство.
Американката на ЛОИ во Рио 2016 година освои злато со штафетата 4х100 метри, сребро во спринт на 100 метри и бронза во трката на 200 метри.