Author: saso

Ракометната репрезентација на Македонија славеше со 30:27 во последниот меч против Турција со кој ги затворивме квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година во Германија со пласман на второто место. Во последниот меч на Гоце Георгиевски, нашите ракометари ја оправдаа фаворитската улога, а во финишот блескаа Марко Митев и Мартин Томовски кои не вратија во игра, откако Турците од почетокот на вториот дел, па се до десетина минути пред крајот имаа контитулирана предност и од 3 гола разлика. Пред стартот на натпреварот, РФМ му додели врамен дрес на Гоце Георгиевски кој заминува во репрезентативна пензија. Митев и Пешевски…

Read More

Наполи на лето ќе ги одбие сите клубови заинтересирани за купување на Квича Кварацхелија. Според извори блиски до клубот, италијанскиот клуб нема да прима понуди за 22-годишниот крилен напаѓач, кој е еден од најважните играчи за иднината на клубот. Напаѓачот Виктор Осимен или дефанзивецот Ким Мин, чии договори имаат клаузула за заминување би можеле за соодветна понуда да си заминат.

Read More

Возачот на Априлија, Алеш Еспаргаро, ја освои пол-позицијата пред четвртата трка од сезоната во Мото ГП шампионатот. Викендов се вози Шпанското ГП, а постариот од браќата Еспаргаро стигна до пол-позицијата на патеката „Анхел Нието“ во Херез. Ова е прва пол-позиција на Еспаргаро по минатогодишната трка во „Каталуња“. Најблиску до Шпанецот беше Џек Милер, кој ги брани боите на КТМ, а во првиот ред со нив ќе биде и Хорхе Мартин на Прамак Дукати. Спринт трката започнува денеска во 15 часот, а главната трка во исто време во недела.

Read More

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе биде дел од осумте европски селекции кои ќе играат во Талин или Гливице, на еден од трите предвидени турнири во европската зона на ФИБА. Во Талин, Гливице и Истанбул, вкупно 32. национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници), согласно предвидениот план. Групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија, односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција. Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата…

Read More

Стадионот „Алијанц Арена“ и седиштето на фудбалскиот клуб Баерн синоќа биле претресени од истражители од федералната и регионалната криминалистичка полиција во Минхен, објави „Билд“. Според информациите, претресите биле извршени во рамки на кривична постапка за затајување данок и перење пари. Во материјалот на изданието се споменуваат поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес и рускиот олигарх Алишер Усманов. 

Read More

Според италијансиот венсик La Gazzetta dello Sport, актуелниот шампион во Серија А, Милан разговарал со Рафаел Леао за потпишување нов договор и португалскиот репрезентативец наводно се согласил да го продолжи својот престој во клубот за уште пет години. Потпишувањето на новиот договор беше одложено поради барањата на Спортинг Лисабон кому играчот му должи 16,5 милиони евра како обештетување затоа што ги напуштил во 2018 година и му се приклучил на Лил со слободен трансфер. Но, сега Милан имал позитивни разговори со португалскиот клуб и прашањето се решава на пријателски начин. Со новиот договор со Милан, Леао ќе заработува 7 милиони евра…

Read More

Ален Рустемовски и Аријан Исени се македонските боксери кои ќе не преставуваат на престојното Светското сениорско првенство во бокс, кое од 1 до 15 мај ќе се одржи во Ташкент, Узбекистан. Во присуство на тренерот Јове Петровски и нашиот поранешен боксер и потпретседател на Боксерска федерација Фатон Салиху, двајцата боксери ги презентираа своите очекувања од настапот на најголемото светско натпреварување на приемот во АМС. Ален Рустемовски ќе настапи во категорија до 57 кг, а Исени во категорија до 80 кг

Read More

Шпанскиот прволигаш Хетафе вчера го отпушти Кике Санчез Флорес од местото главен тренер на клубот по долгата серија на разочарувачки резултати. Денеска од клубот соопштија дека на негово местос еднува спортскиот директор Рубен Рејес. 44-годишниот Рејес има тренерско искуство, а претходно беше на чело на Алкобендас и Рајо Мајадахонда, кои беа во пониските лиги во Шпанија. Рејес го презема тимот кој моментално е во зоната за испаѓање во Ла Лига.

Read More

Брајтон се договори за рекордна сума од околу 30 милиони фунти да го купи напаѓачот на Ватфорд, Жоао Педро. Педро формално ќе го заврши трансферот откако ќе се отвори трансфер прозорецот во јуни. Бразилецот има 11 гола и четири асистенции во 35 натпревари во првенството оваа сезона. 21-годишниот играч беше намета на повеќе клубови од Европа меѓу кои Брајтон и Њукасл беа најголеми фаворити за неговиот потпис.

Read More

Според уредникот на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, Санти Нола, Барселона ќе добие зелено светло да игра во Лигата на шампионите следната сезона без оглед на истражната постапка која што ја спроведува Етичката и дисциплинската комисија на УЕФА. Комитетот мора да даде лиценци за играње во Европа пред 15 мај, што ќе и овозможи на Барселона да игра во европските натпреварувања и покрај истрагата за случајот Негреира. Мундо Депортиво известува дека Етичката и дисциплинската комисија нема „информации што би можеле да ја поддржат теоријата за забрана на клубот да се натпреварува“ бидејќи не докажала, во согласност со теоријата на ФЕФ, јасна…

Read More