Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Бостон ја доби „мајсторката“ со Филаделфија и обезбеди финале на Истокот
    NBA

    Бостон ја доби „мајсторката“ со Филаделфија и обезбеди финале на Истокот

    sasoBy saso15/05/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарите на Бостон синоќа се пласираа во финалето на плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, откако во седмиот решавачки натпревар од полуфиналето ја совладаа Филаделфија со 112:88.

    Џејсон Тејтум имаше неверојатна вечер и ги предводеше Селтикси со 51 поен, 13 скока, пет асистенции и две украдени топки. Тој е единствениот играч во историјата на лигата кој постигнал повеќе од 50 поени во седмиот плеј-оф натпревар.

    Во победата свој придонес имаа и Џејлен Браун со 25 поени и шест скока, а Малколм Брогдон постигна 12 поени. Во тимот на Филаделфија најефикасен беше Тобијас Харис со 19 поени и пет скока, Тајрис Макси додаде 17 поени, а носителот на признанието МВП на сезоната, Жоел Ембид натпреварот го заврши со 15 поени и осум скока.

    Бостон во финалето на Источната конференција ќе игра против Мајами кој го елиминира Њујорк со 4:2. Во финалето на Западот ќе играат Денвер и ЛА Лејкерс.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Бостон го преживеа четвртиот меч

    24/05/2023

    По елиминацијата од Денвер: Леброн размислува за пензија

    23/05/2023

    Јокиќ со нов трипл-дабл го однесе Денвер во големото НБА финале

    23/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.