Феникс го победи Денвер со 121:114 и намали во серијата од плеј-офот во НБА лигата на 2:1, а вечерта повторно ја одбележа српскиот центар Никола Јокиќ.
Српскиот кошаркар го заврши натпреварот со трипл-дабл од 30 поени, 17 скокови и 17 асистенции и стана првиот играч во историјата на НБА кој имал 25+ поени, 15+ скокови и 15+ асистенции во еден натпревар од плеј-офот.
Најрасположен во редовите на победничкиот тим беше Букер кој постигна 47 поени, Дурант додаде 39.