Кошаркарите на Феникс на домашен терен го победија тимот на Денвер со 129:124 и со тоа изедначија на 2:2 во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција. Ниту одличната партија на Никола Јокиќ, кој постигна 53 поени, не беше доволно за Нагетс да обезбедат трета победа во плеј-од серијата.
Девин Букер и Кевин Дурент ги предводеа Санс до победата со по 36 поени, додека Лендри Шамет додаде 19 поени, вклучувајќи четири важни тројки во последната четвртина.
Синоќа Филаделфија израмни на 2:2 во полуфиналето на Источната конференција откако по продолжение го совлада Бостон со 116:115. Најдобар учинок во домашниот тим имаше Харден со 42 поени.