Двократниот светски шампион Макс Верстапен синоќа триумфираше на трката за Големата награда на Мајами, петта трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
На улиците на Мајами, возачот на Ред Бул ја забележа третата победа сезонава, а вкупно 38-ма во кариерата. Веднаш зад него финишираше неговиот тимски колега Серхио Перез, додека Фернандо Алонсо од Астон Мартин се најде на третото место.
Верстапен сигурно ја извозе најдобрата трка сезонава, откако на стартот загуби една позиција и падна на 10. Место, но пото аимаше брилијантно возење кое го донесе до новата победа.
Џорџ Расел со Мерцедес заврши четврти, додека Саинц и тимскиот колега Луис Хамилтон финишираа као петти и шести.
Со оваа победа, Верстапен ја зголеми предноста во генералниот поредок и сега има 119 бодови, 14 повеќе од Перез, додека Алонсо е трет со 75.